логоFacebookTwitterYouTubeeMail

За душевните и телесните болести

Често ми поставуваат прашање за болестите – за телесните болести и особено, за душевните болести. Каков е ставот на Црквата за ова прашање? Како секој верник поединечно е должен да се однесува кон својата болест и кон болеста на своите најблиски?

Во најголем број случаи, полесно е човек кон својата болест да се однесува со лежерност и мажественост, отколку кон болеста на блискиот кој понекогаш може да страда до неподносливост, приближувајќи се кон својата смрт. Најнапред сакам да кажам нешто за она што е највообичаено – телесната болест.

Болеста, исто како и смртта, од гледна точка на православната вера претставува резултат на отпаѓањето на човекот од Бог. Бог е хармонија, Бог е живот, полнота, и колку повеќе отпаѓаме од Него, толку повеќе ја губиме нашата способност за живот. И празнината, што способноста на живот ја остава зад себе, се надополнува со смртноста и можноста за боледување. Во најголем број случаи, сето ова се однесува на сите нас, но постои уште еден момент. Пред нас може да се постави прашањето: добро, ние сме грешници, боледуваме, тоа е резултат на нашата состојба поради тоа што не сме потполно соединети со Бог, или во секој случај, не сме целосно насочени кон Него. Но што да се каже за светителите? Зошто тие боледуваат? Зошто, пак, тие, озарени од Божјата благодат, можат да боледуваат?         

Светителот го носи врз себе крстот на целата земја. Светител е човек што заедно со Христос ги носи сите последици од човековиот грев. Светителот може да боледува, може да страда, затоа што тој умее да сострадува, да се справи со страдањата и да плаче над страдањето, над огревовеноста, над човечкото отпаѓање од Бог, за сите на земјата.

Кога говориме за болеста, во предвид ги имаме болестите на луѓе што се исти како нас. И што да правиме со овие болести? Луѓе, „благочестиви“, често ми велат: „Зошто да одам на лекар? Можам да отидам и да го замолам свештеникот да се помоли за мене или да испросам од него помазување со свето масло“.Да, можеш. Но зошто да го правиш тоа кога Бог ни дал подостапни, поедноставни средства, кои не ја доведуваат во прашање таа целовитост, таа длабока вера што не бара прибегнување кон Светите Тајни и делувањето на Црквата. Ќе прашате: кој го рекол ова? Свети Серафим Саровски вели: „Лекувај се, затоа што Бог го создал и лекарот и лекарствата, и во Негови раце е твоето оздравување“. И не само тоа, тој повторува дека ова може да се прочита во триесет и осмата глава од Книгата Сирахова. Таму се зборува дека Бог навистина го создал лекарот, ги создал и лекарствата и му дал власт на лекарот да исцелува. Во неа е кажано уште нешто, кое е многу важно: пред да се оди на лекар, во текот на сето време што ќе ти треба за да бидеш излекуван по природен пат, барај покајание, барај духовно очистување. Болеста е поврзана, од една страна, со сеопштата судбина на човекот, со неговото заслабнување, со самото тоа што сме смртни и потпаѓаме под страдањето и болеста, а од друга страна, со таа состојба на душата што владее во нас.Она што е карактеристично во Светото Писмо е описот на човековата судбина по падот: постепено, во човековиот род се населува смртта. Смртта дошла, но луѓето живееле долго. Доколку се погледне родословот на човештвото, должината на животот се намалувала зашто луѓето слабееле, нивната врска со светот станувала подлабока, и смртта сѐ повеќе и повеќе завладувала над нив. Повторно ќе се вратам на ова, но сега сакам да кажам уште нешто.Кога човекот ќе се разболи, на почетокот тој е должен, пред сѐ, да влезе внатре во себе и таму да си го постави прашањето: колку навистина тој е далеку од Бог, каква неправда има во својот однос со ближниот, со самиот себе, колку навистина го осквернува и нагрдува образот Божји што е втиснат во него? Истовремено, тој е должен смирено, без да се надева дека со силата на своето чудесно покајание ќе умее да ја победи телесната болест, да оди кај лекарот и да го трпи неговото лекување.

Покрај ова, може да се постави уште едно посериозно прашање што си го поставуваат луѓето: што се случува со човекот кога ќе заболи од некоја душевна болест? Што е тоа душевна болест? Знаеме дека психичките состојби во значителна мера зависат од тоа што произлегува на физиолошки план, од гледна точка на физиката и хемијата во нашиот мозок и нервен систем. Затоа, секогаш кога некој ќе заболи психички, тоа не би требало да му се припишува на злото, гревот или демонот. Тоа почесто се случува како резултат на некаква повреда во нервниот систем отколку на некаков демонски напад, или како резултат на таков грев што на човекот му ја раскинува секоја врска со Бог. И тука настапува медицината со целокупниот сплет од областа на човечкото право, и како таква, може многу да направи.

Се сеќавам на уште еден случај. Во Париз живеел некој извонреден иконописец, сѐ уште не сосема зрел, кој одненадеж се разболел: почнал да чувствува мирис на засмрдена сурутка. Мајка му и сестра му решиле да не му се спротивставуваат, надевајќи се дека ќе се успокои. Кога им зборувал дека го чувствува тој мирис, тие го затворале носот и говореле дека тое е вистина. Меѓутоа, како што вообичаено и се случува, нему му станувало сѐ полошо. И тогаш, благочестивото семејство ѝ се обратило на Црквата. Се сеќавам колку му читаа разрешителни молитви, го исповедаа, го попрскуваа со света вода тој млад иконописец, го помазуваа со масло, а тој сѐ повеќе и повеќе заболуваше. Јас тогаш бев лекар и ми се обратија со прашањето што да се прави. Со својот одговор ги разлутив до крајност:

–      Оставете го сето тоа. Тој е болен, а не опседнат. Пратете го во болница и нека му направат електрошок (во тоа време тоа беше единственото што можеше да се преземе во таа област). Се сеќавам со колкав смут ми се обратија, како семејството така и свештенството:

–      Како можеш да кажеш такво нешто? На прв поглед се гледа дека е опседнат, што, пак, ти знаеш за тоа?

–      Простете. Но само едно знам, иако вам тоа може да ви се пристори како цинизам: сепак, електричниот шок, доколку се работи за опседнатост, на никаков начин не може да му наштети на демонот. А доколку се работи за најобична болест, тогаш нашиот другар ќе оздрави.

И тој оздраве по една година. Но, за време на неговото боледување се случи нешто исклучително интересно. Тој се разболе како незрел иконописец, а излезе од болеста – како зрел уметник. Неговите икони станаа некако поинакви, позрели, подлабоки. И си го поставивме прашањето: што е, пак, сега ова? Како може ова да се случи? И многу подоцна го најдов одговорот на сиве овие прашања кај свети Јован Кронштатски: има души што се многу кревки и може да се скршат од светот што ги опкружува. И Бог на таквата душа спушта болест или безумие, или некакво делумно отуѓување и недоразбирање, сѐ додека таа душа не созрее. Таа душа може и сосема да не созрее на земјата, но ќе созрева во тишината на т.н. безумие, таа оддалеченост од светот и неговото опкружување, и ќе влезе во вечноста како зрела, созреана. А понекогаш се случува и таа болест да се тргне, како во случајот со иконописецот. И одеднаш се покажува дека од болеста произлегува нешто што му било познато само на Бог и на засегнатиот човек, и во коешто никаква човечка сила не смее да се вмешува.Кога човек заболува психички, треба да се запомни дека тоа може да биде од физиолошка природа, на што лекарот треба да обрне внимание. Од друга страна, истовремено, ние сме должни да се молиме за тој човек, на ист начин на кој се молиме за секој човек што паднал во неволја, да се молиме со сета сила на душата. Можеме да применуваме и одредени црковни дејства: човекот да се помаза со осветено масло, и доколку е способен за тоа, да се причести. Но, треба да знаеме дека овде дејствува двојна сила: Божествената сила преку Таинствата и Божествената сила преку лекарот и лекарствата. 

Митрополит Антониј Сурошки    

Извор: МПЦ-ОА

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 115
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 81
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 209
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

« »