логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Следствено, ако му бидете послушни на вашиот духовен Отец, ако имате доверба во него, не плашете се дека ќе бидете водени погрешно. Бог секогаш ќе наоѓа начин да ви ја открива вистината. Чекорејќи со послушание, го правите вашето срце почувствително на секое духовно движење во вашиот живот.

„Нека не помине ни еден ден во твојот живот“, ми кажа еднаш еден Светогорец, „во кој ти вечерта пред да заспиеш нема да Му се обратиш на Бога: ’Господи, прости ми ги грешките што ги правам секој ден и што ги направив денес!‘ “ Никогаш не го заборавај тоа. Не заборавај дури ни на еден ден дека ти си грешен, не си совршен, дека си направил многу престапи и ги знаеш, а некои дури и не ги знаеш, за некои потполно си несвесен>

Вистината секогаш да не ја зборуваме директно. Другиот  не може да ја издржи. На пример, мажот се вратил дома, а жената направила некоја грешка. Мажот тогаш ја напаѓа: "Ти згреши. Тое е вистината. Треба да ја зборуваш вистина! ". Тоа не е вистина. Тое е самољубие. Тоа значи, дека  не ја  сакаш своја сопруга, која секој ден ја прегрнуваш,

Ако детето научи да ги понижува луѓето, тогаш кога ќе порасне, во него нема да има ништо достоинствено. Тоа е докажано. Јас сега имам 42 години и имам многу пријатели кои се во брак, кои ги знам уште од детството и ги гледам како живеат во своите семејства. Што гледам во нивните семејства? Јас гледам копија на нивните родители, која и сега се повторува, односно меѓусебно се расправаат и караат. Кога одам кај нив, на ум ми доаѓаат нивната мајка и татко.

Покајание“ – колку убав збор! Измена на мојот ум (грчкиот збор μετὰνοια), го менувам својот поглед на работите, го менувам своето мислење, своето настроение, срцето, односот кон животот, поинаку гледам на светот, на животот, станувам нов човек. Покајанието означува повторно раѓање, обновување на мојата душа, јас буквално се враќам назад во времето и ставам нов почеток, и станувајќи нов човек,

1. Секогаш бидете со Христа.
2. Молете се кога можете, не кога вие сакате.
3. Имајте молитвено правило што дисциплинирано ќе го следите во текот на денот, секој ден.

Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме Каков што Е (1 Јов. 3, 2).

Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот

svestenik.karpa1.jpg

Очигледно е дека со тек на време дошло до длабоко разногласие или противречие меѓу духот и „теоријата“ на Великиот Пост, коишто се обидовме да ги објасниме врз основа на великопосните богослужења и, од друга страна, сеопштото направилно поимање на Постот, коешто понекогаш го поддржува и го шири самото свештенство. Зашто, секогаш е полесно духовниот принцип да се сведе на формален, отколку зад формалните принципи да се бараат

 

Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието. Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв. Истото се случува и кога заради послушание кон духовниот отец се искоренуваат лошите навики.

Сo тeшка и прeтeшка мака и пoжртвуванoст бил истрeбуван какoлoт на eрeситe oд пчeницата на правoславнитe вистини. Eрeтицитe oтсeкoгаш сe служeлe сo ниски срeдства и сo ниски личнoсти вo пoдривањeтo на правoславиeтo. Цариградскиoт архимандрит Eвтихиј и алeксандрискиoт патријарх Диoскoр, кoи гo прeнeсувалe eрeтичкoтo учeњe дeка вo Христа нeмалo двe прирoди: бoжeствeна и чoвeчка, туку eдна; за свoј сoјузник вo царскиoт двoр

Луѓето имаат обичај да кажат: нека биде волјата Божја. Мојот пријател, ако живееш лошо, тоа не е Божја волја! Ниту, пак, може да биде, никогаш. Тоа е твојата волја и кукавичлук, зашто не сакаш да ја сносиш одговорноста. Лошиот  карактер, пороците и гревовите со кои несакаш да се бориш, не се Божја волја, туку волјата  демонска.

„Господ го познава срцето на секој човек, кое ако љуби и ќе простува, ако љуби и ќе се покајува, ако тоа го чини непрестајно ќе ја потврди верата во која живее, а со надежта која му е поткрепа во Воскресението и љубовта која е само Христова особина, а ние нели треба да се уподобиме на Христа, преку молитвите на единствениот човечки пример, Богородица и секогаш Дева Марија, и сите светии кои немале време за формалности,

Што велиме во храмот секоја вечер? „Светлино тивка од бесмртната слава, Светиот, и Блажениот, и Небесниот, Христе!“ Бог е тивка светлина, Он е  светлина која не те заслепува, не те уништува, не прави да се чувствуваш непријатно, туку убаво, комотно, прави да чувствуваш дека постоиш. Он не те брише за да може Он да постои, туку умира за да можеш ти да постоиш и постепено откриваш, дека сопостоиш заедно со Него и дури во Него.

Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден. 

Духовниот живот секогаш бара движење кон Бога, искачување „од сила во сила“ (Псалм. 83, 9), и само на тој начин човечката душа се очистува.

Се очистува од сите пороци и страсти, кои преку гревот влегле во нашиот живот.

Без движење во нови хоризонти, невозможно е духовно да растеме и да се развиваме.

Цариникот од друга причина се чувствувал себе за грешен. Но, станувајќи свесен за својата грешност, не се оправдувал, туку се молел за прошка од Господа и – ја добил. Сите луѓе имаат неисплатлив долг пред Бога. Никакви подвизи не можат да го исплатат неговиот долг, а како што Господ вели па дури и да се исполни сè што ви е наредено (т.е. сите заповеди), или да се сметате себе за непотребен слуга. Значи сите ние, кои секогаш... 

Јуродивите (Лудите) се светители кои се претставуваа како луди од крајно смирение, за да ја избегнат почитта од луѓето. Обично Бог советува некого „случајно“ да открие дека некој си, когошто сиот град го презира и исмева, којшто живее од милостиња, спие среде улица, се качува на црковниот амвон и фрла кршени ореви врз верниците или, пак, јавно јаде месо во Велигденскиот Пост, а реално е еден светител чудотворец кој е многу блиску до ангелите Божји!

Таа подготовка продолжува во текот на петте недели коишто му претходат на постот и секое од неделните евангелски четива им е посветено на основните страни на покајанието. Првата најава на Великиот пост е во неделата во којашто се чита евангелската порака за Закхеј (Лк 19,1-10). Тоа е приказ за човекот којшто бил со премногу мал раст, за да може да Го види Исуса,..

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »