НИКОЛАЕ СВЕТИ ЗАСТАПНИЧЕ
Во вечер мирна
кога глас на месечина истекува
се собравме околу трпеза
думи да споделиме
радоста да навјаса.
Во вечер како посестрима
Во вечер мирна
кога глас на месечина истекува
се собравме околу трпеза
думи да споделиме
радоста да навјаса.
Во вечер како посестрима
Комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици. Во претхристијанскиот храм се зачувани прекрасни подни мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие
„А ние да пребиваме во молитва без било какво воображување, и да просиме смирен дух од Господа, и Господ ќе нѐ љуби и ќе ни даде на земјата сѐ што ни е полезно за душата и телото„
На тебе адот се натакна,
На тебе страстите се распнаа,
На тебе душата се подига,
На тебе умот слободно делува.
Крсту од искона предвиден,
Жезол Аронов умудрен,
Но на јаве
сон не гледав,
магла во ноќ не се подигна
див коњ и ветер глувонем
зајдисонце испратија.
Тогаш, како китки се појавијаластовички кои здив ми следеа,
незапирливо слика исликаа
и со булки поглед ми исполнија.
Очи се исправија во рамнина,
Раце останаа празни покрај тело
Здогледаа мисли во близина,
Допир кој доаѓа од врело.
Солзи на допир одговорија
Вода потребна брашно да се накваси,
Се создаде тесто за душа човечка
Виор од благодат испразни мисли.
Дарко беше дете од кое сите се плашеа, бидејќи со момчињата постојано влегуваше во кавги и тепачки, а девојчињата ги провоцираше и навредуваше. Ниедно од децата не се дружеше со него. Единствено малата Кате се обидуваше да го вразуми немиркото. Де го честеше со слатки, де му даваше по некоја книга да прочита…
Во еден мал град живееше момче по име Лазар, кое секое утро, точно во 7 часот доаѓаше пред црквата. Штом ќе се отвореа црковните врати, Лазар трчаше до олтарот, се прекрстуваше, стоеше така момент или два, па ќе се свртеше и отрчуваше во училиштето.
Еднаш старешината на црквата го праша Лазар како се моли и каква молитва користи. Лазар рече дека тој само вели:
– Добро утро Исусе Христе, дојдов да Те видам.
Ноќ повторно наидува
во утро рано на мои очи,
ученик наместо да се надѕидува
дозволил нешто да го кочи.
Прослава чесна Небесна
за учител се одвива
ликува Небеса, торжествува,
Не остави штурци да шепотат
за слава на бесмртен –
зад неа погледни
повик кон ветување на земен,
ум над магла да подигни
во времето беше испратен.
Збир на средби ли натокми
Патека не ни посла
туку пат отвори,
во плотта наша
Животот да се обнови.
Но во Тебе Пресвета,
Он се смести,
Он на Кого Небесата престол му е,
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него
Цвет не можам да донесам
зошто таква градина немам,
која послана може да биде
од мириси кои срце не ги виде.
Го праша земјата небото
за тебе, о света Евгенијо,
се двоумеше цветот да заспие
а за убавината на душата да не дознае.
Зошто огнот не те согоруваше,
камен, меко тело не дробеше,
зошто душа за вера небесна обручи
а уште лик на светлина пред тебе не се појави ?
Во деновите на цар Ирод, кога во скромна пештера близу Витлеем се роди Спасителот на светот Христос, во источните земји на небото заблеска сјајна и голема, до тогаш невидена ѕвезда. Ѕвездата сјаеше со блескава светлина и полека, но постојано, се движеше во еден правец, таму каде што се наоѓаше Еврејската земја. Ѕвездарите, како што тогаш ги нарекуваа мудреците, веднаш го забележаа новото светило.
Но задачата овде е да се разгледаат можностите и одликите на двата календари - јулијански и григоријански - главно во однос на литургискиот живот на Православната Црква.
Една од основните мерни единици на сите календарски системи е годината. Но, годината како временски период не се одредува еднотипично. Современата астрономија има неколку математички слики на години.