Русија: Веронаука во средните училишта на Министерството за елементарни непогоди


07 октомври 2016 лето Господово
Во вишите учебни установи на Министерството за елементарни непогоди се планираат предавања на тема „Историја и култура на Православието“. Со указ од Министерството создадена е работа група за реализација на овој проект, во којшто влегуваат претставници на Црквата и на Министерството.
Во август 2010 година, меѓу РПЦ и Министерството беше склучен договор во рамките на кој свештеници и милосрдни сестри ќе полагаат специјални курсеви за работа во вонредни состојби, истовремено свештеници на единиците за специјална заштита ќе им држат предавања за духовните основи на милосрдието и хероизмот.
Црквата активно соработува со спасувачите при укажувањето на помош во разни вонредни состојби. Уште од 2013 година, при појавата на сериозни вонредни ситуации, црковните спасувачи работат заедно со единиците на специјална помош при Министерството, заедно со нив влегуваат во критичните зони и работат во оперативните штабови.
Извор: Седмица
Преземено од: Бигорски манастир










Витавара, која се наоѓа на источниот брег на реката Јордан, на девет километри северно од Мртвото море, се состои од две главни археолошки зони: зоната Тел ел – Харар, позната како место од каде што на небото беше вознесен пророкот Илија, и зоната каде што се наоѓа храмот на Св. Јован Крстител, во близина на Јордан. Според христијанската традиција, во Витавара Господ Исус Христос го примил Крштението од раката на Св. Јован Претеча. 

























