логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Припитомена дивина
-    Kон книгата Манастирски води: Осамен волк од Кипријан Слепченски2019-

Пред нас е најновиот том од поетската полилогија Манастирски води на Кипријан Слепченски, со под-наслов Осамен волк (издание на манастирот „Свети Атанасиј Велики“ – Журче, Демир Хисар).
Оваа збирка песни, втемелена врз концептуален тематски и жанровски пристап, е придружена од уводна реч на авторот Кипријан Слепченски. Уводниот оглед на авторот е автоинтерпретативен, автопоетички(оглед). Во него е опеана тезата за „јазик без зборови“ (КС, 2019: 6) кој и’ претходи на песната и следи по песната. Јазикот на песната, впрочем, не е само јазик на зборови, туку во себе го вградува јазикот на звукот и созвучноста, јазикот на тишината, јазикот на интерпункцијата која пак вклучува и недоизреченост, и прашалност, и зачуденост, и згрозеност и крик на изненада и на болка и на протест... Тој, во случајов, е дополнет со визуелни илустрации. Песната е еден тотален јазик на којшто му соодветствува тотална семиотика.
Песните од оваа збирка се гранични песни, пишувани по рабовите меѓу внатрешниот, духовниот, православен манастирски живот и другиот, надворешниот свет. Постоењето, бивствувањето, опстанокот и духовниот подем во таква гранична, меѓна состојба, води кон специфично вдахновение, особена мечта и деликатно психолошко и ментално нијансирање, подвоеност, потрага, конфликтност, не/припадност.
Всушност, поезијата на Кипријан Слепченски е мисловна, со висока доза на созерцателност и самосозерцателност. Таа набљудува, набљудувајќи го надворешниот и внатрешниот свет. Тоа набљудување не е толку интелектуално и рационално, колку што е емотивно. Оттаму во поезијата на Осамен волк е создадена спрега на чувствата и духовноста, на знаењето и поривите, на чувствата и претчуватвата, на светото и профаното, на свесното и несвесното.
Оваа поезија е обележана токму од таа состојба на внатрешен психолошки судир, од силна внатрешна тензичност, од ексклузивна поетска драматичност. Можеби токму поради таа драматика на песните е изведен и насловот на збирката Осамен волк. Овој наслов евоцира слика на изопштеност, на осаменоста (самотноста, самотијата, самувањето) како личен избор, осаменост која се остварува како див крик, како потресен и уникатен волчи виј, како опомена дека светот ни завршува ни се исцрпува во кругот на урбано-руралните опкружувања, туку ја вклучува природата, а таа вклучува дивина, па и она кое се наоѓа отаде дивината.
Тие предели отаде дивината се неимоверни предели обележани од знакот на сакралното. Сакралното не е безлично иако не може да се поистовети со конкретно лице ни личност. Сакралното е припитомена дивина, дива питомост, митска слика на светот, јазик во зачеток, неспознатлива мудрост, Дух на вистината (како што го нарекува поетот Кипријан Слепченски).Драматичноста на поезијата во оваа збирка, како и во целата полилогија, се потпира и врз внатрешниот дијалог меѓу поетот и Духот на Вистината, кој се води во хармонија со православниот логос, а воедно ритмички и обредно.Тие обраќања до Духот на вистината и неговите реплики или искажувања создаваат театрален амбиент и го означуваат мизансценот на поетската книга.
Отуѓувањето од надворешниот свет и од светот на прагматичните вредности се осмислува како портал на слободата, како услов за ослободување од робувањето на стереотипниот поглед на свет и неговите клишеа. Поетот во оваа збирка е во потрага по вистински зборови, со дискретен но неспорен протест против празнословието и злоупотребените зборови изведени како лажнословие, прелага, полувистина, клевета, стапица - замка. Во повеќето песни се насетува и една горчина пред несовршеностите на обичната, надворешна стварност која на мигови поприма критичка интонација, ироничен нагласок, па дури и презир, крик на волкот - самотник.
Поетот нескриено крика за слобода, начело без коешто се обесмислува постоењето на сите рамништа: во творештвото, во изразувањето, во вероисповедта, во мечтањето... Тој ја сфаќа слободата како благодат од Бога, но и од човека. И на тој план се насетува една траума поради драмскиот конфликт меѓу човечката и божјата визија на слободата.
Некогаш, за жал, човек човеку ги оспорува суштествените, иманенти и наследени права, со што му ја ограничува слободата. Божјото и човечкото начело некогаш се судираат, затоа што човекот е постојано изложен на искушенијата на мрачните страсти, на овоземското зло. Насилството му е својствено на човекот кој се одродил од принципот на доброто, а со тоа се отуѓил од злото. Човек на човека – волк, вели древната поговорка во којашто е проектирана народната мудрост. Падната е магла над умот, да го парафразирам стихот од една песна (с. 46), треба да се отстрани, да се истера, да и’ се направи пат на светлината.
Драматичноста на поетската мисла произлегува и од нарушената рамнотежа меѓу небесната и земната татковина, меѓу врховното и профаното начело. Во оваа нерамнотежа се препознава кризната состојба во којашто се наоѓа последниве години македонската држава, а со неа и македонската нација. Поетот не соопштува ништо директно, но се насетува говорот на траумата и кога е замолкнат или преоблечен во рувото на поетската реторика.
Кипријан Слепченски станува се’ посериозен поет, поет кој „во ноќите го видел денот“ („Желба“, с. 126), кој ги опева своите драматични виденија и чувствувања. Тој е свесен дека љубовта постои само таму каде што се согорува („Како да љубам“, 2019:149), каде што човек целосно се предава и се жртвува на Другиот. Таквата љубов е ослободена од суета и егоцентричност.
Во оваа книга тој посветува неколку песни и на деца со церебрална парализа и посебни потреби. Во тие песни е искажана милосрдност својствена на монашкиот дух и на благодатната личност. Милосрдието е пат кон слободата, чин на ослободување, чин на очовечување. А кај што има очовечување, има и доближување до Бога.  
Песните се напишани, претстои нивното читање, драги читатели и почитатели на поезијата.



Катица ЌУЛАВКОВА
Јануари 2019

 

 Друго:

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 394
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »