логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје, 27 ноември  2018 лето Господово- храм на св.Јован Кртител, н.Капиштец, молитвено се прослави споменот на:

  • Светиот апостол Филип
  • Свети Григориј Палама, архиепископ Солунски

 

На 27-миноември 2018 година, во дваесишестата  недела по  Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на Светиот апостол Филип, Свети Григориј Палама, архиепископ Солунски, ереј Игор Острески  отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец. Ви го пренесуваме  сижето од толкувањето на житието на апостол Филип.

sv.Jov.Zlatoust.jpg

Тропар на светиот
апостол Филип
14 ноември / 27 ноември

Празнува вселената, ликува Етиопија,
како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,
светло го слави твојот спомен,
богоглаголив Филипе.
Ги научи сите во Христа да веруваат,
и текот на својот живот достојно евангелски го заврши.
Затоа со смелост со оган се подигнува
етиопската рака кон Бога. Него моли го
да ни подари милост голема.

 

 Од житието на СВЕТИОТ АПОСТОЛ ФИЛИП:


Филип учејќи го Светото Писмо, добро ги знаеше сите пророштва за очекуваниот Месија. Во него гореше пламенот на љубовта кон Него, и со голема желба да Му го види лицето, иако тој не знаеше дека Тој веќе е дојден на земјата и Кого многумина  сакаа да го видат, очекувајќи го Неговото доаѓање. Додека Филип проникнуваше со таква љубов кон Месијата, славниот Месија, Христос, дојде во Галилеја и го најде Филипа и му рече: "Дојди по Мене" (Јован 1: 43). - Оваа покана на Господ Филип не само со ушите, туку и со сето свое срце ја прими, и веднаш поверува дека ова е вистинскиот Месија, пратен од Бога преку пророкот и отиде по Него.
Еднаш, Господ, беше со пет илјади мажи на другата страна од Тирското Море. И сакајќи да се нахранат толку многу Негови слушатели (на чудесен начин), Филип му рече: Каде ќе купиме леб за да ги најадеме? И навистина, Филип не ја спомнуваше семоќноста на Бога и не рече: "Ти, Господи, можеш да направиш се; Но, кога Господ ги прекрши петте леба и двете риби, за пет илјади луѓе (. Лука 9, 16), Филип виде дека во раката на Господ има неисцрпна житница, и  даде доволно храна за сите, додека сите луѓе не се заситија.


По слегувањето на Св. Дух врз апостолите Филип го проповедаше Евангелието најпрво во Самарија, каде преку името Божјо изврши многу чуда, во Јудеја крстил големец на етиопската царица Кандакија, а потоа и во Грција. Неговите чуда и доктрини привлекоа многу луѓе кои, оставајќи ги своите идоли, се свртеа кон Бога.
Градот Еропол бил полн со идоли и идолски престолнини. Меѓу другото, имале мала куќа во која се поклонувале на змија. Овие локални жители ја  сметале за божество, биле многу суеверни, и нуделе многу подароци и жртви. Апостолите ја изобличиле лагата и ритамот на тоа обожување, откако со молитви ја усмртиа змијата,  тогаш мноштво незнабожци поверуваа во Господа. Меѓу нив беше и познатиот човек Стахиј, кој беше слеп 40 години. Св. апостоли му го вратиле видот и благодарен, Стахиј поверувал и го прифатил св. Крштение, ги замолил апостолите да живеат во неговата куќа. Овде се собраа сите оние што сакаа да ги слушнат спасителните учења што ги проповедаа. Помрачениот од  гнев Владетел,  нареди веднаш да се казнат проповедниците на Христос. Фатените  Филип, и Вартоломеј ги влечеа по улиците и конечно ги затворија.
Неколку пати, тие ги доведуваа на суд. Се собраа заедно многу луѓе и идолопоклонците, кои ги навредуваа апостолите, и се обидуваа се повеќе и повеќе да ја  усмеруваат  лутината на владетелот против нив.
Тогаш владетелот ги осуди апостолите на смрт. Филип беше распнат со главата надолу, висејќи на крст на високо дрво и луѓето  фрлале камења врз него. Вартоломеј бил распнат на ѕидот на истиот храм. Но одеднаш имаше страшен земјотрес. Возбудените луѓе во голем страв почнаа  да ги спуштаат апостолите од крстот. Вартоломеј сеуште беше жив, исто така му пристапиле и на Филип, но тој веќе му го предал на Бога духот свој. Неговите последни зборови беа молитва за неговите мачители. Вартоломеј, со чест, го закопа неговото тело.

ереј Игор Острески

27-ми ноември 2018 лето Господово

п.п.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 856
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1126
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1071
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »