логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Скопје, 18-ти ноември  2018 лето Господово- храм на св.Јован Кртител, н.Капиштец, на празникот на

св. мч-ци Галактион и Епистима

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

        

„Учителе, што да направам за да добијам живот вечен“ (Лука 10, 25)
Како што човекот само преку денот осветлен од светлината на сонцето ги гледа сите патишта пред себе и знае по кој пат треба да оди, така и секој од нас духовно просветувајќи се преку Св. Писмо ги гледа и одбира добрите од лошите патишта. Следејќи ги патиштата што ни се покажани во Св. Писмо ние сигурно ќе стасаме до единствената вистинска цел на нашето живеење - спасението. Но сепак како да не се чувствуваме исполнети и задоволни, како да не сме на вистинскиот пат. Еве во денешното прочитано свето Евангелие, Господ Исус Христос сликовито ни го покажува правиот пат во овој свет испреплетен со многу неизвесности и замки.


Светото Евангелие сведочи дека во една прилика, кога некој законик, сакајќи да Го искуша Исуса, Го прашал: „Учителе, која заповед е најголема во Законот? Овај законик не ни мислел на својот живот, туку на Христовиот; односно на него не му ни значело како да го сочува својот живот, туку како да го загрози Христовиот. Тој сакал да најде смртоносна  вина кај Христос против Мојсиевиот закон, за да го обвини, а себе си како снаодлив и вешт законик да се прослави.
 А Исус му одговори: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; ‘тоа е прва и најголема заповед“ (Матеј 22, 37, Лука 10, 27). Најголемата заповед во Стариот и во Новиот завет е љубовта кон Бога. И навистина Го сакаме ли Бога со сето свое срце, душа и разум, тогаш нема да спориме која заповед е најголема. Ако имаме љубов значи Бог е во нас, зашто каде е Бог, таму е и љубовта, а каде е љубовта, таму е и Бог.
Што значи да Го љубиме Бога? Тоа значи да Го сакаме повеќе од се, повеќе од себе си од семејството, од светот или од што и да било во светот. „Со сето свое срце“ значи сите чувства на своето срце да ги пренесеме во едното чувство на љубов кон Бога; „со сета своја душа“ значи својата душа да ја расветлиме и да ја загрееме со љубовта кон Бога, а зборовите „ со сиот свој разум“ порачуваат и сите свои мисли да ги насочиме кон мислата за љубовта кон Бога.
Сакајќи да се оправда сега законикот му поставил уште едно прашање на Исус, прашање кое го открива како вистински искушител: „ А кој е мојот ближен?“ Со ова прашање како да сакал да рече: ја знам зповедтта за љубовта кон Бога и ближниот, но не знам кој е мојот ближен. Ако немаме љубов кон луѓето, тоа е знак дека кај нас замрела љубовта кон Бога, бидејќи љубовта кон човекот се раѓа од љубовта кон Бога. Христос не бара ништо повеќе од нас, туку онолку, колку што се сакаме себеси, толку да го сакаме и својот ближен.
„ А кој е мојот ближен?“. Многу христијани не знаат кој е нивниот ближен. Под ближен се подразбираат сите луѓе, од сите раси, од сите народности, од целиот свет. Сите ние сме ближни едни на други, со еден збор сите меѓусебно сме ближни без оглед дали станува збор за роднини, пријатели, познати, туѓинци или сонародници. Но сепак најблиски меѓу себе се православните христијани кои имаат една и заедничка вера, кои се крстени со заедничко крштевање, кои имаат исти свети книги и заднички со иста молитва Му се обраќаат на Бога.


Да погледаме и да видиме браќа и сестри секој во својот живот, и да видиме дали сме и ние како овај законик? Сме ги слушнале Божјите заповеди, повеќето од нас ги знаат, но дали ги исполнуваме во својот живот? Никој нема да се спаси само со нивното познавање. Познавањето на верата и Божјата волја се само помагала, делата се тие кои што ја отвараат вратата на Царството небесно. Вистински дела со кои ја потврдуваме својата вера се секојдневната молитва, држењето на пост во време кога го пропишала Светата Црква, придржувањето кон Божјите заповеди,  причестувањето со телото и крвта на нашиот Спасител.
Да се вратиме на евангелската приказна каде што Господ Исус Христос му одговара на прашањето на законикот, и каде што дава конкретен пример за тоа кои се наши ближни, кажувајќи ја параболата за Милостивиот Самарјанин (Лука 10, 29-37).
„ Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, си замина. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде. Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: „Припази го; а ако потроши нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.“ Кој , пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците? А тој одговори: Оној што му направи милост. Исус му рече: Оди и ти прави така“ (Лука 10, 29-37).
Одговорот е полн со сликовито значење, и е поврзан за спасението на човештвото од самото постоење на светот. Човекот кој слегува од Ерусалим е Адам и целиот човечки род кој произлегол од Адам, Ерусалим е небесниот град односно небесното престојување на човекот, Ерихон ја означува долината на плачот и смртта. Разбојниците се злите души слуги на сатаната, кои ја соблекуваат Божјата одежда кај луѓето терајќи ги на разни гревови и пороци, а потоа привремено оддалечувајќи се од нивната душа ги оставаат во тешко очајание, оставајќи ги немоќни за понатамошен живот. Тоа всушност ја претставува сликата на голиот и ранлив човек. Свештеникот и левитот го претставуваат Стариот завет односно свештеникот го означува Мојсеовиот закон, а левитот пророците преку кои Бог го устројувал спасението. Самарјанинот го претставува Господ Исус Христос, а целта на сите значења е сликовит приказ на Божјите заповеди за љубовта кон Бога и ближните и неизмерната љубов Божја кон паднатиот човек.


На што всушност сака да ни укаже Господ Исус Христос преку оваа парабола? Он ни објаснува дека не треба да ја ограничуваме нашата помош и грижа само на луѓето што ги познаваме, како што се роднините и пријателите, туку треба да се грижиме за секое човечко битие. Пораката која ни е дадена преку параболата е следна: нашиот ближен е секој кој е во невоља. Кој нас не љуби тој е наш ближен, без оглед на кој народ и на која религија и припаѓа.  
„Зашто Бог толку го возљуби светот , што Го даде Својот Единороден Син“. Зар можеме на ваква љубов да не одговориме со љубов. На љубовта се враќа само со љубов. Нашата љубов кон Бога како наш Отец не води кон втората евангелска заповед за љубовта кон нашите ближни. Ако Бог е Отец на сите луѓе, тогаш сите луѓе меѓу себе се браќа. Евангелието ни порачува да се сакаме еден со друг и ни укажува дека наша должност е да ги полагаме душите свои за браќата свои.
Така и ние благочестиви христијани, гледајќи ги бедните, нажалените, натоварените со безброј зла од овој свет, да им помогнеме сметајќи ги за наши најблиски роднини, да им ги пружиме нашете раце како да се Христовите кон нив, да им ги ублажиме раните како Самарјанинот на ранливиот човек, само така и на таков начин ќе ја исполниме Божјата волја и Божјите заповеди.
Нему нека Му е слава на Отецот и Синот и Св. Дух сега и секогаш и во вечни векови. Амин.      
                                                                          
ереј Игор Острески

 

Преминпортал (к.т.)

Друго:

 Божествена Литургиј во храмот на св. Јован Крстител,н. Капиштец, Скопје (11.11.2018)

ереј Игор Острески: Беседа во дваесет и првата недела по Педесетница ...

Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, н. Капиштец, Скопје (21.10.2018) 

Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, Скопје (24.06.2018)

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец (19.08.2017)

IMG_5513

Недела на Православието (01.03.2015)

 Преминпортал

18.11. 2018 лето Господово

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 477
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »