логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје,9-ти септември 2018 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 БЕСЕДА

протоереј Драган Јанковски:

Петнаесетта недела по Педесетница

Aко треба да дадеме најкратка дефиниција и најверодостојна карактеристика за науката на Господ Исус Христос и христијанството воопшто, треба да речеме дека тоа е љубов. Можат да се дадат и други дефиниции за христијанството дека е вера во троединиот Бог, вера во воплотениот Бог, вера во спасението на човековиот род, но сите овие дефиниции претпоставуваат љубов.
Вселената е создадена според законот. Земјата е уредена според строго утврдените норми. Целиот живот на земјината топка, се раководи согласно законот. Ништо не се случува вон законите создадени од Творецот на се, од Бога. Животот на човекот создаден е по образ и подобие Божјо. На создаденото тело, Бог му даде душа, која во себе содржи закон, неменлив и непреоден - вечен. Во тој Божји закон се наоѓа една прва, основна и најголема заповед. Законикот, сакајќи да го искуша Исуса Христа, Го прашува која е најголема заповед во Законот? Христос во моментот, читајќи му ги мислите и намерата на законикот, му одговара: "Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум!"
Заповеда има многу, но најголема е полната, сеодака, бесхрајна љубое кон Бога, Творецот, Промислител, Спасител м Просветител на нашиот живот. Таа е прва, бмдејќм од неа произлегуваат сите други. Најголема е, бмдејќи е насочена кон Оној од Кого доаѓа и кон Кого ое враќа животот на човекот. Заповедта за љубов кон Бога е основна, затоа што самиот Бог е љубов. Таа љубов не може со ништо овоземно да се слореди. Послатка е и од најубава сладост што се раѓа на земјата. Понежна е и од најнежниот цвет што се одгледува во градините. Посилна е и од најголемата сила на земјата.
Во времето пред Господа Исуса Христа, како и денес, луѓето говорат за љубов.
Љубовта кон Бога е љубов кон вистината. Таква љубов не е невозможна, ниту е ретка меѓу луѓето. Таа е најцврстиот мост што ги поврзува односите меѓу луѓето, во семејството и во општеството. Вез мајчинска љубов кон децата и без љубов на децата кон родителите не би можело да опстане семејството. Факт е дека во светот постојат милиони семејства. Истите без семејна љубов не би можеле да опстанат. Општествата, исто така, се темелат на заемна љубов на луѓето што ги сочинуваат. Вистина е дека има непријателства, омрази, па дури и расправии меѓу луѓето, што покажува дека понекогаш престанува љубовта што ги поврзува. Затоа, членовите на Црквата, односно сите што го носат името христијанин, треба да бидат носители на љубовта. Тие треба да го градат мирот. Со зборови и со дела треба да ја проповедаат Христовата заповед: љубов кон Бога и ближниот.
Љубовта кон Бога е сила што го исполнува не само некое катче, туку целото срце. Ја опфаќа целата човекова душа. Со таа сила човекот диши, живее и твори. Таа сила животот ни го прави осмислен, убав, пријатен и блажен.
Како се разгорува - распламтува тој највисок дар на животот - љубов кон Бога? Прво, преку редовно читање на Словото Божјо - Библијата размислувањето за Бога и Неговата пројавена љубов кон луѓето. Второ, преку редовните утрински м вечерни молитви во малата домашна црква. Трето преку учество на богослуженијата во храмовите на светата Литургија и причестувањето со светото Телом
Крвта на Богочовекот, Господ Исус Христос. Огнот се пали со огин. Љубовта се пали и проширува со љубов.
Многу лесно се препознаваат луѓето што Го сакаат Бога. Тие што Го сакаат Бога ги сакаат и своите ближни.
Бога треба да Го сакаме не само затоа што Онј не засакал нас, туку и затоа што ни е духовен Отец. Затоа што не создал и што е наш најголем доброчинител. Ни дарувал: здравје, сила, способност. Ни дава се што ни е потребно за нашето постоење: воздух, вода, светлина, топлина и се друго.
Бога треба да Го сакаме не од принуда или страв, туку со синовска храброст и слободна волја. Во нашата љубов кон Бога нема место за ропско стравување, бидејќи Господ Исус Христос не помирил со Бога. Како резултат на помирувањето го отфрливме духот на ропството, а го примивме духот на посинувањето.
Нашата љубов кон Бога како кон наш Отец претпоставува и да ги сакаме своите блиски како себе си. Тоа е втората заповед. Бидејќи Бог е Отец на сите луѓе, тогаш сите луѓе меѓусебно се браќа. Од нашата љубов кон Бога произлегува и нашата љубов кон сите луѓе како кон наши браќа. Како што љубовта меѓу родени браќа произлегува од тоа што се рожба на еден сит родител, така и нашата љубов кон ближните е п лод од еден Отец небесен.
Љубовта кон себе си е соовма природна. "Зашто никој нмкогаш не го замразил своето тело, туку го храни и го столлува.Нме се сакаме себе си, посакуваме да бидеме среќни. Да ги сакаме ближните како себе си да им посакуваме од Господа се најубаво, да ги почитуваме нмвните лрава, да им помагаме.
Бог не ооздал од љубов и за љубов - да се сакаме еден со друг. Љубовта создава полнота и среќа во животот. Самата љубов е живот и твори живот. Без љубов животот би бил без светлина и без топлина, без радост и неосмислен. Во љубов кон другите, во стремеж да наоѓаме сопствена среќа во среќата кај другите, од христијанската гледна точка, се наоѓа вистинската смисла на животот. "Кога почнав да живеам за другите, дури тогаш сфатив, дека почнав да живеам", вели еден христијански мислител.
Христијанската љубов е универзална кон сите, без оглед на раса, потекнување и надворешна состојба. Не признава дискриминација. Љубовта е врска на совршенството. Активната љубов ни ја отвара вратата на царството Божјо.
Кој не верува во Бога, кој не верува во бесмртност на душата и небесно просветување, тој не може на човештвото да му служи за добро. Каде што нема вера во Бога не може да има вистинска љубов кон ближниот. Потполна еднаквост и среќа кај лугето може да дојде само со Божја волја. Он тоа ќе ш благослови откако луѓето ќе бидат еднакви во духовна просвета и благодарност, кога верата во Бота и љубовта кон ближните ќе биде подеднакво усвоеиа од сите. Христос многупати ја потенцирал најголемата заповед во Законот. Самиот Он ни го дал примеротза исполнување на истата, па дури и душата ја положии за доброто и спасението на човекот.
Таквиот завет го оставил и на Своите следбеници. Сакај го својот ближен како себе си. И уште: "Нова заповед ви давам, да се сакате еден со друг." Навистина, љубовта кон ближниот е чудотвориа сила. Моќ која може да им пружи задоволство насит Ако се внесе во срцето на сиромавиот ќе се збогати. Само чиста и религиозна љубов е способна да ја отстрани: зависта, гордоста, злобата и пакоста од човековото срце. Значи, таа е способна да донесе преродување и среќа на човекот.
Треба да сфатиме дека братската љубов, искрената љубов кон ближниот е обнова на срцето и раѓа најголемо богатство за сите.
Да се присилиме себе си и да го прифатиме законот на љубовта како раководно начело во нашиот живот. Да се обидеме да го ислолниме заветот на
нашиот Господ за заемна љубов. "Верата ја зајакнува љубовта кон ближниот", вели алостол Павле. Затоа, сесрдно да се молиме Господ да ни ја зголеми нашата
вера, та да ги засакаме нашите ближни како себе си. Само заемната љубов ќе ни донесе благосостојба и вечно спасение. Да зајакнеме со големите добродетели, та да се удостоиме да ги чуеме радосните зборови: "Дојдете, благословени од Мојот Отец. Примете го царството на љубовта и вечното спасение."

АМИН

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1185
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1732
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1149
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »