Духовност
Прашања до духовникот
Поттик кон истрајност
| Поттик кон истрајност |
|
|
Негувај го тихувањето на зборовите и тихувањето во делата, исто како и во јазикот и постапките, а пак непромислената жестина одбегнувај ја! Имено, на тој начин умот ќе остане крепок и нема да се возмути од твојата јарост, та со тоа да заслабне и да стане кусовид помрачувајќи се себеси. Нити пак, ќе му подлегне на чревоугодието, ниту ќе биде совладан од вдарена срдба, снеможен и од останатите страсти, лежејќи како приготвен плен за нив.
Впрочем, умот востоличен на тивкиот престол во созрецание на Бога, должен е да ги подјарми страстите. Затоа во никој случај не дозволувај да бидеш обземен од раздразливост според наравта, ниту ги натегај зборовите и, не се исполнувај со колебливост во чекорите, за тихувањето да ти се исполни со добра мера, а твојот образ да пројави нешто божествено и свето. Исто така, пази се и од знаци на превознесување, од надмено држење како и од недоличен и извишен чекор. Говорот нека ти биде благ, а поздравите љубезни. Кога зборуваш, гледај сé да ти биде промислено и возврати корисен одговор одмерувајќи го кажаното во полза на слушателите, сосем доволно гласно за да се чуе, така што твојот глас да не се измолкне на присутните поради тивкост, а ниту пак да ја пречекори мерката дигајќи врева. Радосно учи и штедро поучувај и немој никогаш поради страв од завист да си ја криеш мудроста од другите, ниту да го одбегнуваш подучувањето поради страмежливост. o.O.P
The loeb classical library
Изборот: од свештенството на храмот Св.Спас, Драчево( Скопје) 1231 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |