Наука, Култура
Вести
Од Верскиот календар на МПЦ (25.07.2010)
| Од Верскиот календар на МПЦ (25.07.2010) |
|
|
|
Светите маченици Прокл и Илариј Овие маченици беа родум од Калипта во Азија и Прокл му беше чичко на Илариј. Пострадаа во времето на Трајан. „Од кој род си?“, го праша судијата Прокл. Прокл одговори: „Христос ми е род и надеж и Бог“. Кога судијата му се закани со маки, Прокл рече: „Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја за да не паднеме во вечни маки!“ Кога го мачеа Прокл, тогаш Илариј му пристапи на судијата и рече: „И јас сум христијанин“. После многу мачења обајцата беа осудени на смрт, и тоа Прокл го распнаа на крст, а на Илариј му ја отсекоа главата со меч. И отидоа обајцата во радоста на Господ.
Преподобен Михаил Малеин Човек од благороден и богат род. Во младоста ги презре земните богатства и се повлече на гората Малеа, кај Света Гора, кај што се подвизуваше и си го очистуваше срцето со пост и со молитва. Подоцна имаше многубројни ученици, од коишто најпрочуен е Св. Атанасиј Атонски. Се упокои мирно околу 940 година. Светата маченичка Голиндуха Персијанка, најпрво во брак со еден персиски волх, со кого живееше три години. Потоа имаше видение од ангел којшто ѝ го покажа оној свет: маките на грешниците и неверниците и радоста на праведниците. По ова таа го напушти мажот и се крсти. На крштението го доби името Марија. Гонета од мажот ѝ, беше осудена на доживотен затвор. Во затворот помина осумнаесет години и не се поколеба во верата. Потоа беше фрлена во некоја јама, но Бог ја спаси, а ја фрлија и пред некоја страшна змија, но змијата не ја повреди. Кога ѝ испратија некои злосторни момчиња за да ја осквернат, Бог ја направи невидлива за нивните очи. Восхитени од нејзините страдања мнозина Персијанци ја примија верата Христова. Го посети Ерусалим, каде што ја изобличи верата Севирова, којашто учеше дека Божеството во Христа пострадало, заради што читаа: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети бесмртни, Кој Си распнат за нас, помилуј нѐ!“ Најпосле проповедајќи ја вистинската вера мирно се упокои близу градот Нисивија, во 587 година. Света Вероника Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Матеј 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител Господ, Вероника порача и ѝ направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога. Според Преданието оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс. Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови. Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника ѝ остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина. Светите маченици Теодор и Јован Татко и син, по потекло Варјази кои беа крстени, па се доселија да живеат во незнабожниот град Киев. Разјарени незанбожци им ја урнаа куќата врз нив, па обајцата загинаа за Христа. Нивните мошти почиваат во Антониевите пештери. Ним најмногу им се молат бездетните и оние на коишто не им се додржуваат децата.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 39) Рече Господ: „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја загуби, а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува. Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил. Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда. И кој напои еден од овие мали само со чаша студена вода како Мој ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“ И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови. Свети Нил Синајски Знај дека ангелите нè поттикнуваат на молитва и притоа стојат со нас, радувајќи се и молејќи се за нас. Па така, ако станеме небрежни и ако примиме спротивни помисли, крајно ќе ги разгневиме. Зашто тие толку многу се подвизуваат за нас, а ние ни за себе не сакаме да Му се молиме на Бог, туку го пренебрегнуваме служењето Нему и оставајќи Го нашиот Бог и Владика, (преку помислите) стапуваме во разговор со нечистите демони. Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Амин! Фала Му ... |
| 06/09/10 23:44 Повеќе... |
| Од Stole |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Prekrasna vest! Ti blagod... |
| 06/09/10 20:16 Повеќе... |
| Од Cikago |
| Групна крштевка во манастирот на Успение на Пресвета Б... |
| "Од Повардарс... |
| 06/09/10 18:55 Повеќе... |
| Од Preminportal |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| nice :);) |
| 06/09/10 17:02 Повеќе... |
| Од до Весна |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| :zzz Љубов... |
| 06/09/10 16:25 Повеќе... |
| Од (-_-) |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци