Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Архива на Вести arrow Вести од овој месец arrow Од Верскиот календар на МПЦ (24. 07.2010)
Од Верскиот календар на МПЦ (24. 07.2010) Испечати Е-пошта

 sv.Efimija.jpg


 sv.Efimija.jpg

Светата великомаченичка Ефимија

Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На овој Собор највидна улога играа цариградскиот патријарх Анатолиј и ерусалимскиот патријарх Јувеналиј. Бидејќи со препирања и докажувања од две спротивни страни не може да се дојде до никакво одредено решение, патријархот Анатолиј предложи и православните и еретиците да го напишат своето исповедање, па да ги положат во ковчегот со моштите на Света Ефимија. Со ова се согласија сите. Двете вероисповедања, значи, беа напишани и ставени на градите на великомаченичката, ковчегот беше затворен и запечатен со царски печат и уште беше поставена војничка стража. Тогаш сите поминаа три дена во пост и во молитва. Четвртиот ден, кога го отворија гробот, го видоа православното исповедање во десната рака на светителката, а еретичкото под нејзините нозе. Така спорот се реши со Божја сила во корист на Православието. Во времето на царот Ираклиј моштите на Света Ефимија беа пренесени од Халкидон во Цариград, во црквата што ѝ е посветена, близу хиподромот. Иконоборниот цар Лав Исавријанин нареди и ги фрлија моштите во морето; но на чудесен начин ковчегот беше пренесен на островот Лимнос и положен во црквата на Светата маченичка Гликерија. Дури во времето на царицата Ирина ковчегот со моштите беше повторно вратен во Цариград на своето старо место. Од овие мошти одвреме навреме течеше крв, којашто им помагаше на болните и на неволните.

Света Елена

Велика руска кнегиња, пред крштението се викаше Олга. Жена на кнезот Игор. Крстена е во Цариград од патријархот Полиевкт. Голема ревнителка на православната вера во Русија. Се упокои во 969 година.

Преподобниот маченик Никодим

Родум од Елбасан. Беше женет и имаше деца. Намамен од Турците го прими исламот и насилно ги преведе своите деца во ислам, освен еден син којшто му побегна на Света Гора и се замонаши. Никодим отиде на Света Гора за да си го врати синот назад, но Света Гора на него изврши таков впечаток, што самиот се покаја, се врати во верата Христова и се замонаши. Три години го оплакуваше своето отстапништво, па најпосле реши да се врати во Албанија, да го окае својот грев таму каде што го изврши. Се врати значи, изјави пред Турците дека е христијанин и беше заклан на 11 јули 1722 година. Неговите чудотворни мошти и денес лежат цели и целебни.

Преподобниот маченик Нектариј

Родум од Вриул во Мала Азија. Во седумнаесеттата година насилно потурчен. Имаше слична судбина како Свети Никодим. Кога како Турчин ѝ се јави на мајка му, таа му свика: „Оди си од мене, не те познавам. Јас те родив како христијанин, а не како Турчин.“ Тој горко се покаја, отиде на Света Гора и се замонаши во скитот на Света Ана. Решен да загине за Христа и да се очисти од својот грев, отиде пак во Вриул, каде што пострада. Заклан од Турците заради Христа во местото на своето раѓање, во дваесет и првата година од неговиот живот, на 11 јули 1820 година.

 Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 63)

Во она време дојде Исус при морето Галилејско, се искачи во гората и седна таму. И дојде при Него многу народ, кој имаше со себе хроми, слепи, неми, фатени и многу други, и ги положија пред нозете на Исуса, и Он ги исцели така што народот се восхитуваше, гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, хроми се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израилев.

Свети Нил Синајски

Кога за време на молитвата ќе помислиш дека не ти е потребно да плачеш за своите гревови, погледни колку си далеку од Бог (а должен си секогаш да пребиваш во Него) и ќе ги пролееш најтоплите солзи.

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (1)
1. Пратено од ***, на 26-07-2010 19:26
:) :)

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!


Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

07/09/2010 - вторник

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј;
Светиот апостол Тит;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички


А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе...

Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4дел)


Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува...
Повеќе...

Старец Ефрем Филотејски - За трезвеноумието


...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето...
Повеќе...

Свети Серафим Саровски- За тагата


...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе...

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев: ПСИХОЛОГИЈА НА РОПСТВОТО


„Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, " ...
Повеќе...

Св. Игнатиј Брјанчанинов -ФАРИСЕЈ


Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, ...
Повеќе...

Арх. Рафаил Карелин - Тајната на спасението (4)


– Како да се зборува за верата
Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:...
Повеќе...

Митрополит Методиј - ПРИРОДНИТЕ СТИХИИ И ПОСЛУШАНИЕТО


Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено балгочестив страв, кој ни се открива низ целата библиска педагогија,... Повеќе...

Митрополит г. Наум: Преданието на исихазмот во неговите догматски и аскетски основи


... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ...
Повеќе...

Александар Шмеман - ХРИСТИЈАНСКА ОБНОВА


...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот...
Повеќе...

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (7)


..."И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ"
— е петтата прозба. ...
Повеќе...

Преподобен Андреј Рубљов


... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни...
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...