Архива на Вести
Вести од овој месец
ОСВЕТУВАЊЕ ЦРКВА ВО ПРИСОВЈАНИ (22.07.2010)
| ОСВЕТУВАЊЕ ЦРКВА ВО ПРИСОВЈАНИ (22.07.2010) |
|
|
|
На 18 јули 2010 г., во село Присовјани, Струшко, се изврши осветување на нова црква посветена на „Рождество на Пресвета Богородица“. Чинот осветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј Митре Попоски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. После осветувањето на храмот се отслужи света Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит г. Тимотеј. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост Ви го пренесуваме. По завршувањето на Литургијата се изврши благословување и прекршување на празничните лебови. Во дворот од црквата беше приготвена трпеза на која беа поканети сите верници.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Секој жив организам на оваа земја има потреба за храна, вода и воздух. Патувајќи преку безводни краишта патникот копнее за вода и би сакал барем една капка за да го накваси своето исушено грло и на некој начин да ја згасне жедта. Исто така знаеме дека човекот е психофизичко битие, кое покрај телото ја има и бесмртната душа. Како што телото чувствува потреба да ја угаси жедта, исто така и жедната душа бара духовна храна да ја задоволи потребата. Нашето тело бара материјална храна бидејќи е од земја, додека, пак, душата има духовно потекло, па затоа ѝ е потребна духовна храна. Душата ни е дадена од вечниот Бог и затоа таа тежнее за Бога и со Него да се нахрани. Таа е гладна и жедна за Божјата вистина, милост и љубов. Ова ни го потврдува и старозаветниот псалмопеач Давид, кој вели: ... „Боже, Ти си мојот Бог, Тебе Те барам; за Тебе зажедне душата моја. За Тебе копнее телото мое, како земја пуста, неплодна и безводна“ (Пс. 62, 1). Денешното свето Евангелие ни зборува за духовната жед. Сознавајќи за маченичката смрт на свети Јован Крстител нашиот Спасител Господ Исус Христос отишол во едно пусто место и сакал да остане таму сам. Но, народот жеден за новата наука Божја - зборовите Божји, гладен и жеден за духовна храна доаѓа по Исуса. Како што ни кажува светото Евангелие дошле цели колони мажи, жени и деца. Овие луѓе чувствувале силна потреба за духовна храна и по ова сончево и топло лето дошле да го слушаат и да се насладат од зборовите на новиот Учител и Проповедник - Синот Божји - извор на сите добрини. Народот имал слушнато за Христа и за Неговите проповеди: за Лебот на животот, за водата од која се пие и никогаш не се ожеднува, за Царството Божјо. Слушнале тие за овој несекојдневен и необичен лекар, Кој лекува од најтешки телесни и духовни болести, па затоа брзаат да Го видат, да Го слушнат, да ги нахранат и напијат своите гладни срца и души со вечната храна и пиење кое Тој го нуди и од кое не се огладнува и ожеднува. Многумина од нив биле гонети со нивните телесни и душевни болести и брзале од нив што поскоро да се ослободат. Затоа и во денешното Евангелие се вели: „И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смили над нив и ги излекува нивните болни“ (Мт. 14, 14). Се сожалил над несреќниот народ изморен од секојдневните проблеми и грижи. Се сожалил и ја излил врз нив љубовта и милоста Божја, ја угасил нивната глад и жед и ги излекувал нивните телесни и духовни болесници. Зборовите Христови за правда и вистина кои Тој ги донесува и ги нуди на луѓето за понуденото царство Божјо, за вечниот живот и радоста во него, овие новини паѓале на нивните жедни души како топол и плоден пролетен дожд врз сувите бразди, освежувајќи ги и хранејќи ги со храна и пијалок од кој никогаш нема и неможе да се огладне и ожедне. Овој собран народ околу Христа и заради Христа, хранејќи се од богатата божествена трпеза што им ја приредил Христос, иако телесно ниту јаделе ниту пиеле од телесна храна, тие не чувствувале ниту телесна глад ниту жед. Но Господ Исус Христос откако го нахранил народот со духовна храна им приредил и телесна храна. Он како главен Господар на сите духовни и материјални добра и како Син Божји ги нахранува луѓето на еден чуден начин и со телесната храна. Како Син Божји со својата Божествена семоќ телесно го храни насобраниот народ со пет леба и две риби: „И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата“ (Мт. 14, 20-21). Така двојно ги нахранил гладните луѓе и телесно, и од овие два глада поважен е се рабира духовниот глад. Затоа, прво што треба да бараме е Царството Христово. „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде“. Ова мноштво на луѓе кој биле дојдени заради Царството Небесно и заради духовната храна, го добиле Царството Божјо и неговата правда, но и потребната телесна храна за нивното тело. Драги браќа и сестри, и ние денеска кои сме собрани во овој свет храм да побараме по примерот на овие луѓе од Евангелието, најпрво Царство Божјо, а потоа и Царството земно. Меѓутоа најголем дел од нас и денеска го бараат и царството земно. Затоа денешниот човек е духовно гладен и покрај изобилствата на земското царство заради кое се бори и го стекнува, но сепак се чувствува незадоволен и несреќен. Душата на тие луѓе е гладна и жедна што неможат да ја угасат жедта сите денешни светски мудрости. Тие извори се слични на суводолини кои имаат вода кога ќе падне голема количина на дожд или кога се топи снегот, додека во сите останати денови потполно пресушуваат. Од тие извори не тече вода која води во живот и не дава мир и безмерна радост на душата тука на земјата. Господ Исус Христос кај Јаковлевиот извор ветува вода од која никогаш нема да се ожедне. „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен.“ (Јн. 4, 13-14), и рекол Господ Исус Христос на жената самарјанка. И ние денеска драги браќа и сестри, собирајќи се во овој свет храм посветен на Пресвета Богородица, да се обратиме со искрена молитва кон мајката Божја таа да биде наша молитвеница чуварка и помошничка за да можеме и ние да пиеме од водата од која никогаш не се ожеднува и да го исполнуваме законот Божји и да го добиеме ветеното Царство како вистински следбеници на науката Христова и почитувачи на Мајката Божја. Во оваа прилика би сакал да искажам голема благодарност на сите ктитори, приложници и помагачи во изградбата и украсувањето на овој свет храм во оваа прекрасна природа од Бога дадена во овој питом малесиски крај. Господ нека ве благослови и нека ви подари сé што е корисно и спасоносно на вас и на вашите блиски и сакани. Амин! 18.07.2010. година, црква Рождество на Пресвета Богородица - с. Присовјани Митрополит Тимотеј
Извор: http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=631
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Амин! Фала Му ... |
| 06/09/10 23:44 Повеќе... |
| Од Stole |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Prekrasna vest! Ti blagod... |
| 06/09/10 20:16 Повеќе... |
| Од Cikago |
| Групна крштевка во манастирот на Успение на Пресвета Б... |
| "Од Повардарс... |
| 06/09/10 18:55 Повеќе... |
| Од Preminportal |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| nice :);) |
| 06/09/10 17:02 Повеќе... |
| Од до Весна |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| :zzz Љубов... |
| 06/09/10 16:25 Повеќе... |
| Од (-_-) |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 07/09/2010 - вторник |
Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј; |
Светиот апостол Тит; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе... |
![]() Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува... Повеќе... |
![]() ...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето... Повеќе... |
![]() ...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе... |
![]() „Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, " ... Повеќе... |
![]() Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, ... Повеќе... |
![]() – Како да се зборува за верата Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:... Повеќе... |
![]() Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено балгочестив страв, кој ни се открива низ целата библиска педагогија,... Повеќе... |
![]() ... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ... Повеќе... |
![]() ...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот... Повеќе... |
![]() ..."И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ" — е петтата прозба. ... Повеќе... |
![]() ... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни... Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |