Архива на Вести
Вести од овој месец
Од Верскиот календар на МПЦ (22.07.2010)
| Од Верскиот календар на МПЦ (22.07.2010) |
|
|
|
Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски
Свети Теодор, епископ Едески и другите со него Во својата дваесетта година се замонаши и како монах помина триесет и шест години. Тогаш, во времето на царувањето на Михаил и Теодора, беше избран за епископ Едески. Се упокои во 848 година. Со него се спомнуваат и неговиот учител Свети Теодосиј Столпник Сирски, неговиот брат Св. Јован и Св. Адер, благородник и богаташ, којшто побегна од жена си и се замонаши. Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Ерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со Светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле го постави за Тавромениски епископ во Сицилија. Во овој град Свети Панкратиј изврши големи чуда, ги разори идолите, ги крсти некрстените а ги утврди крстените, и добро управуваше со Божјата Црква. Некој незнабожен војвода Аквилин, чу дека сиот град Тавромен стана христијански, па тргна со војска на овој град за да го разурне. Свети Панкратиј ги охрабри верните да не се исплашат, а самиот со клирот излезе надвор од градот носејќи го во рацете непобедливото оружје, чесниот крст. Кога војската се приближи до градот, на неа падна некоја темнина и ја обзеде голем страв. Настана голема врева, а напаѓачите се навртеа еден против друг и се избодија и се исекоа со сабјите. Така го спаси градот и своето стадо со силата на својата молитва пред Господ Божјиот угодник Панкратиј. Најпосле беше убиен со камења од некои завидливи и злобни незнабожци и се упокои во Господ. Неговите Свети мошти почиваат во Рим. Светиот свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит Како старец од осумдесет и четири години беше мачен за Христа за време на царувањето на Декиј. Го фрлија во оган, но по Божја Промисла беше спасен. Тогаш судијата му изрече ваква пресуда: „Кирил, изведениот од оган, праведниот суд не може да го трпи меѓу живите, затоа наредувам да се убие со меч“. Светиот Старец со радост ја подметна главата под мечот и му ја отсекоа, за вечно да живее во Царството Христово. Преподобните маченици Патермутиј и Коприј Обајцата беа Мисирци. Мачени од царот Јулијан Отстапник. Првиот имаше седумдесет и пет години, вториот четириесет и пет. Царот успеа да го одврати Коприј од Христовата вера и да го приклони кон идолите. Коприј извика: „На Јулијан му припаѓам, не на Христа!“ Но старецот Патермутиј го укори и му спомна за вечните маки, а Коприј се сепна, па извика пред царот:„Му припаѓам на Христос, а не на Јулијан!“ На обајцата им ги отсекоа главите со меч. Со нив пострада и Александар, еден од војниците на царот, којшто гледајќи ја нивната храброст во страдањето и самиот стана христијанин. Чесно пострадаа за Христа и кај Него заминаа во 361 година. Преподобните Патермутиј и Коприј Иако имаат исти имиња, не се истите со гореспоменатите. Овој Патермутиј најнапред беше водач на разбојници, но по едно чудесно видение се обрати во вистинската вера и се замонаши. Имено, тој еднаш се качи на покривот од куќата на една богоугодна жена, за оттаму да влезе во куќата и да ја ограби. Но на него падна сон и тој виде Некого Којшто му се закани да не прави повеќе зло и да се покае. Не само што се крсти туку и се замонаши. Обајцата беа големи чудотворци. Со Божјата благодат ги лечеа луѓето од секакви маки и болести, ги обраќаа грешниците на прав пат, беа и проѕорливи. Некој грешник кога лежел на одар го замолил Патермутиј да му го продолжи животот за да се покае. По молитвата светителот му рече дека Бог му го продолжува животот за три години. Грешникот се покаја и точно после три години умре. Се упокоија во Господа на крајот од 4 век, во длабока старост.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 60) Во она време, луѓето од Генисаретската земја, штом Го познаа Исуса разгласија по целата таа околија и ги донесоа при Него сите болни. И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие, штом се допираа, се излекуваа. Тогаш, пристапија кон Исуса ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи: „3ошто учениците Твои не го запазуваат преданието на старите? Оти не си ги мијат рацете, кога јадат леб?“ А Он им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание? Зашто Бог заповедал и рекол: ,почитувај ги татка си и мајка си и, кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни’. А вие велите: ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, дар е; значи, тој може да не го почитува својот татко или својата мајка. Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание. Лицемери, добро пророкувал за вас Исаиј, велејќи: ,Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби’.“ И како ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете: не она, што влегува во устата, го осквернува човекот, а она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.“ Свети Нил Синајски
Достоен за секој прекор е оној што се гневи и злопамти, а ја сака вистинската молитва. Тој е како оној кој сака јасно да гледа, а си фрла прашина во очите.
Priestly-Martyr Pancratius, the Bishop of Taormina
Elder Ephraim of Philotheou May your entire soul cleave with love to the meaning of the prayer, so that your nous, your inner voice, and your will – these three components of your soul – become one, and the one become three; for in this way man, who is an image of the Holy Trinity, comes into contact with and is united to the prototype. As the great worker and teacher of noetic prayer, the divine Gregory Palamas of Thessalonica said, “When the oneness of the nous becomes threefold, yet remains single, then it is united with the divine Triadic Unity, and it closes the door to any form of delusion and is raised above the flesh, the world, and the prince of the world. Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Амин! Фала Му ... |
| 06/09/10 23:44 Повеќе... |
| Од Stole |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Prekrasna vest! Ti blagod... |
| 06/09/10 20:16 Повеќе... |
| Од Cikago |
| Групна крштевка во манастирот на Успение на Пресвета Б... |
| "Од Повардарс... |
| 06/09/10 18:55 Повеќе... |
| Од Preminportal |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| nice :);) |
| 06/09/10 17:02 Повеќе... |
| Од до Весна |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| :zzz Љубов... |
| 06/09/10 16:25 Повеќе... |
| Од (-_-) |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 07/09/2010 - вторник |
Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј; |
Светиот апостол Тит; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе... |
![]() Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува... Повеќе... |
![]() ...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето... Повеќе... |
![]() ...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе... |
![]() „Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, " ... Повеќе... |
![]() Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, ... Повеќе... |
![]() – Како да се зборува за верата Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:... Повеќе... |
![]() Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено балгочестив страв, кој ни се открива низ целата библиска педагогија,... Повеќе... |
![]() ... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ... Повеќе... |
![]() ...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот... Повеќе... |
![]() ..."И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ" — е петтата прозба. ... Повеќе... |
![]() ... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни... Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |