| Вера и наука |
|
|
|
Што значи чинот донирање или пресадување орган? Медицински феномен што се остварува благодарејќи на напредокот на научната медицина? Точно. Етички проблем? Секако. Правен проблем? И тоа. И се' е опфатено? Не е. Магијата и достоинството на животот се многу повеќе од сето ова. Прашањето е од која возраст треба да се учат
Не е битно како оди филмот и како завршува. Битно е кога е моментот едно дете да го научи овој факт и каде треба да го научи - колку што е битно прашањето дали науката го претставува човекот или е тоа верата. Точно е, со картезијанската парадигма, западниот човек го подели човекот на душа и тело, а светот на човекот го подели на космос, кој наликува на совршен часовник, и на Бог. Повеќе од неколку децении западниот научник реагира на оваа „шизофренија на западниот човек“ (Капра, Нидам). Денес за Европа станува се' поактуелно прашањето колку е остварлива средбата меѓу, како што се вели, Атина и Ерусалим, меѓу библиското откровение и филозофскиот логос. Европа е со векови во метафизичка повеќејазичност - како што би рекол Слотердајк, ние 2.000 години зборуваме и христијански и старогрчки. Како да се надмине оваа дихотомичност на човекот. Како може да се помират тие два светогледа, на свет кој функционира како сложена машина и на свет создаден од Бога.
Парадоксот на рационализмот се крие во прашањето: Зошто треба да веруваме дека еден свет без вера, кој е заснован на научни сознанија, е тој добриот, вистинскиот, убавиот свет? (Удо ди Фабио). Макс Вебер, уште пред стотина години, зборува за интелектуализмот кој и' ја одзема магијата на верата. Тој направи работите во светот да се „случуваат“ и да „се“ (такви какви што се), но да немаат значење. Смислата има магична содржина. Како и животот. Секој во Македонија може да си го постави прашањето: зошто рационалното толкување на светот не успеа да потисне една цела димензија на стварноста: верата, огромен број прастари обрасци на животност, легенди, митови, учења на старите, секојдневни животни мудрости, недофатени од науката. Што се Духови или Духовден? Примитивен ритуал на една раса која верува во натприродното. Ова може да го каже Мистер Спок во „Стартрек“ кога „Ентерпрајз“ ќе налета на некоја планета населена од горе-долу интелигентни суштества. Но и најголемиот атеист ќе се воздржи од вакво објаснување на Духовден - барем од пристојност. Во социолошката и антрополошката литература што се однесува на здравјето и болеста, чест е заклучокот дека класичниот медицински третман (значи научен) треба да се дополни не само со социјалната поддршка, туку и на духовно поле. Религиозноста, верата во Бога, вербата во себе, итн., го потпомагаат оздравувањето. Со други зборови, ефектите од молитвата што се практикува заедно со терапијата се позитивни. Молитвата му помага на болниот. Ова значи дека молитвата и барањето медицинска помош не се исклучуваат. Така, едно истражување на Бирон и Кениг, објавено во списанието „Геронтологист“ покажува дека пациентите повеќе се молат во врска со оние симптоми за кои разговарале со лекарот или примаат лекови. Во поголем број студии се утврдува или потврдува дека религиозноста може да биде значаен фактор во здравствената нега. Во една студија на Американците Кинг и Бушвик, 77 отсто пациенти изјавиле дека лекарите треба да водат сметка за спиритуалните потреби на пациентите, а 48 отсто сакале тие да се молат со нив. Во познатата американска ТВ-серија „Чикаго хоуп“ во речиси секоја епизода има гранични ситуации што се разрешуваат или во црква или пред Бога. Што значи чинот донирање или пресадување орган? Медицински феномен што се остварува благодарејќи на напредокот на научната медицина? Точно. Етички проблем? Секако. Правен проблем? И тоа. И се' е опфатено? Не е. Магијата и достоинството на животот се многу повеќе од сето ова. Прашањето е од која возраст треба да се учат. Бранислав Саркањац (Авторот е универзитетски професор)
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Арх. Георгиј Капсанис- ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА |
| .....pa so Isusova ima de... |
| 21/11/08 23:41 Повеќе... |
| Од nadez |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT = ... |
| 21/11/08 22:41 Повеќе... |
| Од lpa |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |