Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Колумна arrow Ристо Солунчев - Самокастрирање
Ристо Солунчев - Самокастрирање Испечати Е-пошта

 Stefan.V.CHetvtok.jpg

Самокастрирање

Ристо Солунчев

 

Им подигнуваме споменици на солунските атентатори. Но, што со тоа славиме? Разумноста или лудоста? Има еден исклучителен текст на еден (новогрчки) философ Христо Јанарас наречен “Малховото уво”; Малх е слугата на првосвештениците чие уво ќе биде отсечено од апостолот Петар бранејќи го Христа. Постапката на Петар е разумна или луда? Ако човек направи попис на работите што ги направил во сопствениот живот, ќе види дека многу малку работи сторил претходно правејќи сеопфатна анализа на блиските и далечни последици по него или по ближните. Дали разумот се сведува на чиновништво? Тогаш кој сериозно мисли да го стави на пиедесталот на животот и да го прогласи за единственото пертинентно својство на човекот? Ние не љубиме со разум, не пријателствуваме, не го контролираме дишењето со разум, а сепак живееме. Ако калкулирате, вие воопшто не љубите, ако земате некоја мома за жена притоа правејќи сериозна научна студија со предвидувања за иднината, премерувајќи ги можните убавини и неубавини што можат да ви се случат, вие не љубите. Вие сте чиновник. Љубовта не е чин на компромис, инаку не е љубов, таа е неверојатно, љубоморно автореферентна. Апсолутна е, нема граници, во бескрајот може да се множи и оплодува себеси. Притоа, целосно да го игнорира разумот. Земете го монашкиот избор, дали е тој разумен или луд? За Киркегор разумот е искушение на животот, а не негово определувачко својство. Дали од уметноста реално можеме да имаме некаква си разумски вкалкулирана корист? Уметниците и оние што ја љубат, не; од неа сите други имаат корист, издавачки куќи, продажни салони, менаџери, телевизии, продавачи, препродавачи, жените што чистат во сите тие места, накусо, чиновниците. Им подигнуваме споменици на солунските атентатори. Го славиме нивното дело, сметаме дека е полезно за нацијата, за нашата историја, за нашата современа митологија. Но, по што нивното дело е значајно? Поради лудоста, никако не поради разумот. Нивната смрт (всушност и единствената смрт на нивниот атентат е нивната, тие се солунските самоатентатори) нема никаква политички коректна последица за Македонија, ниту тогаш ниту сега. Замислете дваесетгодишни младичи, умни, учени, убави, од имотни фамилии, зборуваат француски, можат да студираат на Сорбона, да живеат во Париз, да се оженат со некоја француска дама, да живеат. Ете тоа би била разумна одлука, оти знаеле дека ефектот што ќе се постигне со нивната смрт нема да биде спектакуларен, знаеле, биле доволно умни. Па тогаш зошто ја запечатуваме таа двојна лудост, да се умре без политичка цел, со споменици? Според логиката на петте сетила, нивната смрт е можеби алегорија, поетска фигура со естетски и дидактички цели. Логиката на петте сетила, логиката на политиката, логиката на разумот. Политиката којашто сака сиот живот да го вшмука во неа, да го изведе од неа, да стори да исчезне надвор од неа. Само во политиката го владеете животот, можете да правите компромиси залажувајќи се со “задоволството од илузијата на достигнувањето”, како што Јанарас го нарекува. Направете компромис, откажете се од Македонија, и нема да умрете, ако останете надвор од ЕУ, ќе се уништите, ќе изгинете, ќе исчезнете. ЕУ е животот, надвор од таа политичка реалност, нема живот. Разум кој сака да го уништи животот кој од него не произлегува. Квазибог кој би ни подарил вечен живот, кој игра на картата на идолите на животот, на пример, надежта. Но, во што, дека нема да умрете? Соблазната на смртта го вооружува животот со историски утопии, со можноста да биде комичен. Може ли ЕУ да им гарантира на сите во Македонија дека нема да заболат од рак, дека нема да загинат во сообраќајна незгода, дека родителите ќе умрат пред нивните деца и ќе се спасат од ужасот да се закопува сопственото дете? Компромис во љубовта, напуштете ја Македонија. Но, тие не ја напуштиле па затоа и им подигнуваме споменици. Затоа што не се надевале во политичката реалност, во тогашното ВМРО. Подигаме паметник на живот кој може да оди до сопствените граници. За Јанарас: “доброволната смрт на секое човечко самоуверување, безнадежноста во каква било човечка моќ, доблест, авторитет, активност, ефикасност, е најголемата сила, најголемата дејствителност на животот”. Во основата безнадежноста е ослободувачка, таа не знае за пораз од што било. Кога човекот во својот ум ќе ја отсече надежта за својот живот, затоа што сè завршува во смрт, веќе се помирува да ја прими смртта. “Таа вртоглава слобода на смртта, неограничената сила на безнадежноста, може да се доживее единствено во рамките на еден љубовен факт. Секоја вистинска љубов е смрт и безнадежност за сè она што не е љубениот”. Во моментот кога ги умртвувате идолите на животот, тогаш ви се отвораат бескрајните граници на слободата на љубовта. Или, пак, сте политичар, разумен, компромисен, калкулатор, лопов, го крадете сопствениот народ поради разумските аргументи да ги обезбедите сопствените деца. Ако има војна, може да загинам, ако сум во ЕУ нема да има војна, значи ќе поживеам уште десетина години, ќе јадам, ќе читам весник на шолја, ќе имам секс. Како да трупот што се распаѓа под земја, има сеќавање за повеќето задоволства што телото ги доживеало дур било живо. Чиновникот е евнух, тој не љуби. Прашуваат кој ќе биде маж да го смени името. Не, за тоа е потребен токму евнух, бидејќи последниве 20 години во власта имаше евнуси, калкуланти, типови “лоши во кревет”. Оној што е маж прво го решава прашањето на смртта, за себе и за сè она што не е она што се љуби. Имено, на мажи им дигаме споменици. На овие евнуси што ѝ се изредија на Македонија никој нема ни да се сеќава. Тие се пагани, идолатри на животот што политиката го фалсификува. Наспроти нив стои едно себепринесување. Ние ја славиме лудоста на атентаторите, лудоста на оние што изгинаа во сите војни за слобода, лудоста на Делчев оти не одбра да живее како чиновник, оти не правеа компромиси, оти од својот живот направија едно себепринесување, уметничко дело. Наспроти нив пустелијата кога не можеш да кажеш: Македонија!
 

(авторот е асистент на Институтот по философија)

 

Извор: „Форум“, број 236 / 23.04.2010

Друго:

Робови и философи




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (8)
1. Пратено од Гоце, на 02-05-2010 05:07
Само во политиката го владеете животот, можете да правите компромиси залажувајќи се со “задоволството од илузијата на достигнувањето”, како што Јанарас го нарекува. Направете компромис, откажете се од Македонија, и нема да умрете, ако останете надвор од ЕУ, ќе се уништите, ќе изгинете, ќе исчезнете. ЕУ е животот, надвор од таа политичка реалност, нема живот. Разум кој сака да го уништи животот кој од него не произлегува. Квазибог кој би ни подарил вечен живот, кој игра на картата на идолите на животот, на пример, надежта. Но, во што, дека нема да умрете?
2. Пратено од G., на 02-05-2010 05:51
Bravo...Bravo...Bravo...1000 pati bravo za ovaa kolumna! 
:zzz
3. Пратено од глаголник, на 02-05-2010 12:47
Христос воскресе! 
 
Славопојот на самоубиството (па макар и да било извршено од најплеменита побуда) не смее да се случи на ниту една личност причислена кон Телото Христово. Настрана моралните и етичките парадокси кои се појавуваат од тој чин, постои една онтолошка перверзија: плукање по животот, како дар на Светиот Дух, кое во ниту еден случај не смее да се гледа како потентен одговор на стерилното секојдневие. Напротив, тоа е дело на огревовени и помрачени ум и срце, кои пируваат во страста на унинието.  
 
Се раѓа прашањето: зарем светиот философ и исповедник Максим требаше да се самоубие, и тој кукавички да му се смета како врвен дострел на неговата богословска борба [до крв] против монотелитите? Чекор понапред, зарем ревноста петрова требаше да роди со исто таков плод, бивајќи немоќен да Го спаси Логосот, Кој „како овца Он беше одведен на колење, и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја“? Можеби тогаш ќе кулминираше машкоста и на двајцата, и на уште многу исповедници, јавени и нејавени? Не, и да не даде Бог тоа да се глаголи! 
 
Точно е, со неделувањето човекот се кастрира. Но, со самоубиството, човекот се кастрира на еден уште поперфиден начин. 
 
Да не заборавиме никогаш: И Јуда се покаја - само, избра да се самоубие...
4. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 02-05-2010 22:32
ah icko icko !!!
5. Пратено од m, на 03-05-2010 01:34
DE BE GLAGOLNIK, TI PA TI PA :roll  
TAKA E, I NIKAKO POINAKU 
SE' DODEKA SE PRAVIME PRISEBNI, SE GUBIME SEBESI, TREBA KRV, TREBA BORBA, TREBA NA TOJ STO VEKJE SE ZAGUBIL SEBESI, DA MU SE PREDOCI, NE DA MU SE OBJASNI, DA MU SE POKAZE, NE DA MU SE KAZE, OTI VO SVOJATA ZAGUBENOST TOJ VEKJE NE ZNAE STO PRAVI 
 
MI SE DOPAGJA OVOJ TEKST 
 
SEPAK TI BLAGODARAM I TEBE STO NI JA POKAZA I DRUGATA STRANA NA MEDALOT :)
6. Пратено од Matrix, на 03-05-2010 10:31
Odlicen tekst, dobra poenata!
7. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 05-07-2010 11:32
KOJ RAZBRA,RAZBRA A KOJ NE MNOGU MI E ZAL TEKSTOT IMA POINAKVA DIMENZIJA I PRIKAZUVA DLABOKI SOSTOJBI KAJ COVEKOT I NEGOVITE ZIVOTNI PREDIZVICI ZA EDNA POINAKVA IDNINA KOJA SAMO TIE MOZELE DA JA VIDAT.
8. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 18-08-2010 15:36
Bravo Icko; 
Ova e samo uste eden dokaz deka za da bides protopsalt treba da si i patriot, i da imas seopfatni poznavanja za Makedonskite raboti.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 8
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!