Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Иконопис и фрескопис arrow Иконопис- Кире Златанов; Убавината во литургискиот живопис е духовна убавина
Иконопис- Кире Златанов; Убавината во литургискиот живопис е духовна убавина Испечати Е-пошта

hristos-i-iskushenijata.jpg

Иконопис- Кирил  Златанов, кој живее и твори во  Скопје

kire.angel.jpg

„Во идниот век верните ќе го видат Бога “лице во  лице“, а иконата е почеток на тоа созерцание.“

kire.svkliment.jpg


kire.svlidija.jpg

Сечесната уметност на иконописот на Источната Православна Црква е свештена и литургиска уметност, како што се всушност и сите црковни уметности, кои имаат духовна цел и смисла. Целта на овие свештени уметности не е просто украсување на храмот со живопис, за да тој постане угоден и пријатен за неговите посетители или за да тие уживаат во слушање музика, туку за да тие бидат воздигнати во таинствениот свет на верата преку духовната лествица, која за свои скалила ги има свештените уметности: химнослови, псалмопевци, свештенопис и други уметности, кои сите заедно помагаат во душата на верните да се обликува таинствениот Рај.

Убавината во литургискиот живопис е духовна убавина, а не телесна. Оваа уметност е испосничка и скромна, со сиромаштво изразува богатство; и како што Евангелието и Стариот Завет се едноставни и краткоречиви, така и православниот иконопис е едноставен, без непотребни украси и суетна разметливост.

Фотиј Кондоглу

kire.bogorodica.jpg


kire.svsimeonbogoprimec.jpg

КИРИЛ ЗЛАТАНОВ

…е иконописец кој макотрпно и молитвено веќе дваесеттина години ја збогатува иконографската ризница на Православната Црква со своите иконописни остварувања. Неговиот ликовен израз, напојуван од изворите на светоотечката литература и делата на современото богословие за иконата, дополнет со извонредно познавање на старите иконографски обрасци, потсетува на најдобриот византиски иконопис со царски вкус. Секојдневниот молитвен и литургиски живот, запознаеноста со животот на Црквата, му овозможува на Златанов да твори икони натопени со молитвено тихување. Неговите икони освен македонската, ги збогатуваат и иконописните ризници на САД, Шпанија, Италија, Франција и други земји.

Православен благовесник бр.21

kire.svtroica.jpg


kire.sv.nikola.jpgkire.svstefan.jpg

 
























Посети: 1689
Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 83
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели