Духовност
МПЦ - Синод и Епархии
Црковно-народен собир на Американско-канадската македонска православна епархија (09.09.2007)
| Црковно-народен собир на Американско-канадската македонска православна епархија (09.09.2007) |
|
|
|
Во преубавиот град Синсинати, Охајо, град кралица, како што го нарекуваат, од 31 август до 2 септември оваа година, беше одржан 33-от Црковно-народен собир на Американско-канадската Македонска Православна Епархија. Дел од собирските манифестации се одвиваа во хотелот „Милениум“, а светите богослужби и некои други активности – во црквата на св. Илија, која беше домаќин на Собирот.
![]() ![]() ![]() ![]()
Собирските манифестации ги предводеше надлежниот архиереј на АКМПЕ – Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Методиј, а на Собирот присуствуваа и претставници на дипломатско-конзуларните институции на Република Македонија во Вашингтон и Детроит.
Сепак, централното место во содржините на собирските манифестации и` припаѓа на светата архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше надлежниот архиереј - Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, во сослужение на свештенството од Епархијата и во присуство на повеќе стотици верни чеда од македонските православни цркви од САД и Канада. На светата Литургија, во чин протопрезвитер беше произведен отец Константин Митровски, парохиски свештеник при црквата на св. Илија од Синсинати. По светата Литургија, пак како прилог кон одбележувањето на 40-годишниот јубилеј, беше промовирано преработеното и дополнето издание на „Православен молитвеник“, подготвено од Митрополитот г. Методиј. Потоа, во црковната сала беше приредена трпеза на љубовта за сите присутни.
![]()
Со свечениот собирски банкет, како завршен чин на Собирот, беа затворени 33-те собирски манифестации на АКМПЕ, кои поминаа достоинствено и тивко, будејќи желби за нови средби и другарувања Македонците од САД и Канада.
Известува: протоереј-ставрофор Бранко Постоловски
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Арх. Георгиј Капсанис- ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА |
| .....pa so Isusova ima de... |
| 21/11/08 23:41 Повеќе... |
| Од nadez |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT = ... |
| 21/11/08 22:41 Повеќе... |
| Од lpa |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |