Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Манастири и Цркви arrow Арх. Софрониј Сахаров - Писмо
Арх. Софрониј Сахаров - Писмо Испечати Е-пошта

slika2.jpg
(од преписката со семејството на протојереј Борис Старк)

22. јули 1957 година

Драга матушка Наташа, мир на Вас и благослов од Господ.

Вашето писмо го добив на 8. јуни. Ви пишувам поретко отколку што сакам да Ви пишувам. И тоа е така, во значителна мера заради околностите во мојот живот кои не зависат од мене. Цело време гаам некоја надеж дека човештвото еднаш “ќе се измори” од духот на непријателството и ќе посака вистински мир. Тогаш на сите нас животот ќе ни биде полесен; и ќе стане возможно да се пишува или да се среќаваме дури и “во живо”. А засега луѓето сеуште “повеќе ја сакаат темнината” на непријателството, “отколку светлината” на љубовта и мирот (Јн. 3, 19).

Секогаш мислев (додека уште бев “сликар”) и секогаш мислам дека најврвна уметност е – уметноста на живеењето. Колку често луѓето покажуваат голем дар на владеење со себе до најфини движења на прстите (кај музичарите), до детално одмерување на секој збор (кај поетите и писателите), до едвај видливи нијанси (кај сликарите), кога се задлабочуваат во својата создавачка работа. А, ете, скоро сите тие “уметници и сликари” во животот се покажуваат неспособни да владеат не само со најфините детали на својата душевна состојба, своите емоции или со текот на своите мисли, туку дури и неспособни да ги совладаат своите најгруби страсти.

Значи, уметноста на живеењето, односно на владеењето со себе во секој миг, на секое место, во секоја работа, со секој човек – несомнено е најврвна од сите уметности; и при тоа најтрајна затоа што заминува со човекот и после смртта, во вечниот живот. Јас, како што знаете, по должноста на својата служба, ја проповедам таа уметност на живеењето, иако сум свесен за својата потполна недостојност. Ми се чини дека е јасно, дека сите страдања во светот никако не може да бидат припишани на Творецот на светот. Луѓето за чудо не го бираат подоброто, туку нешто средно. Не велам полошото, туку средното. Меѓутоа тоа средното, кога секој се фаќа за него и не сака повеќе да го рашири своето срце, тоа средното сепак станува тесно. Значи, целиот наш живот поминува во борба со теснотијата на човечкото срце. И, навистина кажувам, често сум на границата на очајанието. Луѓето, и чесните, и добрите, и паметните, и просветените, не се способни меѓусебно да се прилагодат, и животното ткиво се кине на секој чекор. За да се спои, тоа живо ткиво, може само со најсилниот напор на својата љубов која им се дава на другите. И кога е дадено с#, а единството не е постигнато, тогаш силно боли срцето и со него целото битие.

Еве, Ви ја исповедам состојбата на мојата душа која е најчеста кај мене сега, односно во мојата старост, кога ослаби во мене силата моја, кога го гледам крајот на животот, не гледајќи дека сум го постигнал она што го барам и што сум го барал целиот живот. По својата прилика, во животот на земјата нема ни да успеам тоа да го постигнам. И заминувањето од овде неизбежно ќе биде поврзано со жалост заради состојбите на светот.

Не ги доживувајте зборовите кои пред малку ги кажав како показател на мојата малодушност. Не. Тоа е тага, жалење. Тажно е да се бориш целиот свој живот со неукоста, со валканите насоки на човечката волја. Тажно, затоа што луѓето НЕ ги сакаат добрата и светлината. Повеќевековното искуство јасно ја покажува целата штетност на делбите и меѓусебните борби. Се чини дека би било возможно… и дека е време… да се сфати дека здружувањето на силите би довело до тоа сите луѓе да живеат потполно обезбедено. Но страста за доминација, за командување, до толку се вкоренила во човечките срца што на човекот токму тоа и му се чини како сосема нормално.

Ете, Вие пишувате дека сте тажни заради отсуството на добри чувства меѓу “нас” овде. Тоа е затоа што на некои им се чини дека ако можат да нанесат зло, тогаш таа можност за нанесување зло треба да се искористи во таа смисла - со страв од тоа зло да се натера човекот за нив да работи. Луѓето не размислуваат за тоа, ако може да направат добро, пред с# дека се и должни навистина да ја искористат таа можност заради доброто на ближниот. Не. Сиромаштијата, слабоста, зависноста на човекот тие настојуваат да ја искористат само во егоистичка смисла. И на послабиот не гледаат како на човек, туку како на некое пониско суштество, создадено специјално заради тоа да би им послужило нив.

Сета таа борба во целиот свет сега се заснова на тоа настојување од страна на едните да ја искористат својата сила, односно да ги поробат другите по пат на насилство; кај другите с# е насочено кон тоа да ги заштитат своите права на човечки живот.

Секако, кога нам ни е било кој пријател, тоа не значи дека сите со кои нашиот пријател не се согласува престануваат да бидат наши пријатели. А тоа што вие ги чувате добрите односи со “Х” и другите мене многу ме радува. Поинаку би било сосема валкано. Па луѓето, во повеќето случаеви, се полуразумни, полусвесни. Тие за чудо ни самите не сфаќаат што прават. Тоа се луѓе од кои не треба да се очекува голема одговорност: тие се полунеодговорни, полунепресметливи. Убеден сум дека и со мене има неизбежни случаеви кога, од чисто човечко незнаење, или дури немоќ, не ги исполнувам очекувањата на другите. Или ги гледам нештата сосема поинаку и со тоа ги збунувам луѓето. И така на сите нас ни е потребно помилување Божјо. На Отецот му пишувам малку за нашата црквичка. За тоа како таму служиме. Колку повеќе минуваат годините, станувам с# поубеден дека за вас преселувањето во татковината беше спасително. (…) Сите вас секогаш ве паметам и ве сакам. Многу би сакал да видам какви се сега децата. (…) Гробовите на вашите се одржуваат во голем ред. Се сеќавам на вас секој ден наутро и навечер. Го молам Бога сите вас да ве благослови и да ве чува. (…)

Секогаш Вас во Христос
архимандрит Софроније.

 Подготви: Михаила Поповска

Посети:1909

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (6)
1. Пратено од D., на 01-11-2008 21:14
Bravo Mihaila!
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 02-11-2008 07:39
Prekrasen izbor i poucno pismo.......
3. Пратено од m., на 02-11-2008 17:21
hvala na Pismu. 
"За да се спои, тоа живо ткиво, може само со најсилниот напор на својата љубов која им се дава на другите. И кога е дадено с#, а единството не е постигнато, тогаш силно боли срцето и со него целото битие. "
4. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 03-11-2008 15:54
Убеден сум дека и со мене има неизбежни случаеви кога, од чисто човечко незнаење, или дури немоќ, не ги исполнувам очекувањата на другите. Или ги гледам нештата сосема поинаку и со тоа ги збунувам луѓето. И така на сите нас ни е потребно помилување Божјо.Gospod da ne pomiluva.
5. Пратено од J, на 04-11-2008 22:12
sosema te razbiram LPA 8)
6. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 05-11-2008 16:25
:cry :cry :cry :?

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 9
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!