Архива на Вести
Вести од овој месец
Од Православен календар - Св. Григориј Просветител, епископ Ерменски
| Од Православен календар - Св. Григориј Просветител, епископ Ерменски |
|
|
|
Житија
Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути многу и почна да го советува да се одрече од верата Христова и да им се поклони на идолите. Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки за така да го умре сосема. Но Бог го сочува жив Свети Григориј во таа јама полни четиринаесет години. Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија. Откако ги уби сите во страшни маки, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, Свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат. Потоа според желбата на Тиридат Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова. Својот многутруден живот Свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година. На неговото место беше посветен за епископ неговиот син Аростан, којшто го продолжи делото на татко му. Аростан беше еден од 318 отци на I Вселенски Собор.
Св. Михаил го крсти народот во Киев, Новгород, Ростов и по многу други градови и села; ја устрои Црквата, постави епископи и презвитери, положи темел на Михаиловскиот манастир во Киев, испрати мисионери меѓу Бугарите и Татарите и мнозина од нив ги придоби за Христа. И тоа и многу друго корисно овој светител изврши за само четири години. Се упокои мирно во 992 година. Неговите мошти почиваат во Печерската лавра.
Светите маченички Гајанија, Рипсимија Заради верата во Христа ги погуби царот Тиридат. Света Рипсимија беше необично убава, заради што царот Диоклецијан сакаше да ја земе за жена. Оттука и почна страдањето на сите триесет и седум монахињи. Рипсимија одрече да појде за царот, зашто Му се имаше посветено на својот Женик Христос. Тогаш Тиридат ја мореше да појде за него, зашто беше како опиен од нејзината убавина. Но Св. Рипсимија со сета своја сила го одбиваше царот. И оној којшто кнезовите Готски ги победи и Персијците ги порази, не можеше да совлада една девица Христова. Јаросен царот ја предаде на лути маки (ѝ го отсекоа јазикот, ѝ го расекоа стомакот, ѝ ја истурија утробата), при што Рипсимија Му ја предаде својата света душа на Бога. Потоа ги фатија и останатите монахињи и ги убија со меч. Над моштите на овие маченички беше подигнат прочуениот Ечмијадзински манастир, близу Ериван, главен духовен центар во Ерменија низ многу векови.
Посети:353 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
| Мошти на св. Климент патуваат во Бугарија |
| дејствата на ... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од стефан |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 21/11/2008 - петок |
8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |