Архива на Вести
Вести од овој месец
Божествена Литургија во Св. Петка, Скопје (10.10.2008)
| Божествена Литургија во Св. Петка, Скопје (10.10.2008) |
|
|
|
Денес, 10. 10. 2008 година, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Калистрат, светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон, во храмот посветен на св.Петка, во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Хрисови.
Рече Господ во приказна: „Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде. А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен. И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен. Испрати и друг; него, пак го убија; и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија. Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: ,Ќе се засрамат од сина ми.’ Но лозарите си рекоа помеѓу себе: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.’ И како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други. Зар не сте читале во Писмото: ,Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!“ И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа.
Светиот маченик Калистрат Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Пилат Понтиски во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така по време и Св. Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои од неговите другари го видоа Свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните. За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Клаистрат веднаш се откажа. Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето. Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Клаистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат. Во затворот Св. Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив. Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија Св. Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304 година. Врз нивните мошти подоцна е подигната црква. Светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон Од Седумдесеттемина. Свети Марко поинаку е наречен Јован. Во куќата на неговата мајка Марија во Ерусалим Светите апостоли се собираа на молитва (Дела 12, 12). Тој го проповедаше Евангелието заедно со апостолите Павле и Варнава (Дела 12, 25). Потоа беше епископ во градот Вивлос. Свети Аристарх му беше сопатник на Св. апостол Павле (Дела 16, 29), беше епископ во Апамеја Сириска. Свети Зинон или Зина, наречен од апостолите законик (Тит 3, 13), беше епископ во Лид Палестински. Блескаа како ѕвезди во темнината на незнабоштвото и мнозина обратија во верата Христова. А сега блескаат во Царството на љубениот Христос. Светата маченичка Акилина Од селото Закливери во Едренската епархија, осумнаесетгодишна девојка. Татко ѝ се потурчи, па ја присилуваше и нејзе. Но мајка ѝ ја поддржуваше во Христовата вера. После многу мачења, целата во крв и рани, издивна на рацете на својата мајка и прими венец на мачеништво на 27 септември 1764 година.
Посети:401 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 21/11/2008 - петок |
8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |