Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Архива на Вести arrow Вести од овој месец arrow Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан - ЈУБИЛЕЈНО СЛОВО, Св. Софија (05.10.2008, Охрид)
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан - ЈУБИЛЕЈНО СЛОВО, Св. Софија (05.10.2008, Охрид) Испечати Е-пошта
akademija.sv.Sofija16.jpg
 

Стефан
Архиепископ Охридски и Македонски

 

 

akademija.sv.Sofija1.jpg

 Пред 50 години, овде во Охрид, и во овој свет храм, и исто како и тогаш, токму во овие октомвриски дни, се најави воскресение, се објави возобновувањето на древната Охридска архиепископија, која неканонски беше укината пред речиси 200 години. Соборјаните - претставници на домородото македонско свештенство и монаштво, заедно со делегираните мирјани од сите краеви на Македонија, на тридневното заседание од 4 до 6 октомври еднодушно изгласаа Одлука за возобновување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква. Избраа и поглавар - Архиепископ, наследник на Светиклиментовиот трон, и уште двајца архиереи, донесоа Устав, а и многу други значајни одлуки за самостојниот живот на нашата Света Црква.

akademija.sv.Sofija18.jpg

Возљубени гости, соборјани
 Нациите, своето постоење обично го темелат врз важни историски настани и врз личности што оставиле неизбришливи траги со своите дејности и извршиле пресврт во животот на еден народ и упатиле пораки, кои оставајќи длабок печат, продолжиле да бидат постојано присутни во животот на тој народ. Во поновата историја на МПЦ, таков настан и такви личности се токму Соборот, одржан 1958 година, членовите на Соборот и, пред сè, неповторливиот архиепископот Доситеј.

 По 1767 година, кога на неканонски начин беше укината древната Охридска архиепископија, станавме сираци духовно и национално, останувајќи во времињата што следеа, сè до нејзиното возобновување, без закрилата на мајката Црква. Но нашите духовници и преродбеници, заедно со паството, не се помирија со тоа. Затоа, во наредните две столетија, ни во еден момент не престанаа со обидите да се врати славата на древната Охридска столица. Од Охрид и Варош, од Костур и Кукуш, од Неврокоп и Скопје, од Велес и Воден, од Солун и Битола, и од многу други македонски градови и села, постојано се слушало неприфаќањето на туѓинските цркви и незадоволството од недомородното духовништво. Се покажувал континуиран отпор против наметнатата духовна власт од Цариградската патријаршија, но и против секоја слична од соседството. Во тој период, преку дејноста на доблесните македонски првенци, меѓу кои особено се истакнале со своите дела Глигор Прличев, браќата Миладиновци, Јоаким Крчовски, Кирил Тетоец, дојранчанецот Теодосиј Синаитски, Анатолиј Зографски, Натанаил Кучевишки, Партениј Зографски, Павел Божигробски, Теодосиј Гологанов, Крсте Мисирков и други, се водеше борбата за обнова на Охридската архиепископија и пред Високата Порта, и пред Фанар и Рускиот царски двор, и пред тогашните дипломати и мисии, присутни во Битола, Солун и Станбол, и пред сите во коишто се верувало дека можат да помогнат за конечно да се оттргне ропството - духовно и народно. Но не успеале. И векот на најголемите преродбенски движења, за жал, не ги донесол потребните и очекувани промени во животот на македонскиот народ. И по неколку востанија и буни не се дочекала посакуваната слобода, ниту, пак, се исполнила желбата да се врати достоинството на архиепископскиот трон.

 Првите децении на ЏЏ век, за жал, се време на најтрагични настани во македонската национална и духовна историја. По крвавото задушување на Илинденското востание и потоа, со поделбата на македонската земја, како народ го доживеавме најтрагичното страдање и распетие. Крајот, пак, на Втората светска војна, значеше и крај на туѓинското владеење барем за еден дел од македонската земја.  
А слободата е вистинска и целосна само ако è и национална, и духовна. Тоа се потврди на Свештеничкото собрание, одржано на ослободената територија во Издеглавје, во месец октомври 1943 година, како и на И Црковно-народен собор, одржан на 4 март 1945 година во слободно Скопје, на кои јасно беа изразени желбите на македонското свештенство и на народот - во ослободена Македонија да се возобнови древната Охридска архиепископија, и Âза пастири да се избираат народни епископи и народни свештеници”.

akademija.sv.Sofija17.jpg


Возљубени чеда на Охридската и Македонска црква,
 Секоја идеја и иницијатива, секоја одлука и секое решение, се вистински доколку имаат основа не само да бидат предложени и донесени, туку и да најдат свое место и да станат и останат неделиви од животот на еден народ.

 Возобновувањето на Охридската архиепископија беше повеќе од идеја и иницијатива, беше поголема одлука и решение од сите можни, зашто тие се темелеа врз најреалната вистина - врз Црквата изградена во душите на македонскиот народ , врз темелите на апостолската Црква во Македонија, Црквата Светиклиментова и Светинаумова, Црквата Јустинијанова и Павлова, врз Црквата Божја на македонската земја.  И затоа, еднодушното прогласување на возобновувањето на Охридската архиепископија од страна на 219-те учесници на Црковно-народниот собор, всушност, беше збир на желбите на генерации македонски рожби, кои тагуваа како за најмилото по неканонски укинатата Охридската архиепископија.

Со одлуките на соборјаните од пред 5 децении, се израдуваа сите што љубоморно го чуваа споменот за Охридската црква, сите коишто се бореа со слова и посланија, со молби и молитви, со жртви и страданија, сите коишто со глава и живот ја плаќаа љубовта кон својата Мајка Црква. Сите тие добија мир и спокој, зашто нивните желби и аманети, конечно, станаа вистина. Со тоа, Соборот ја исправи двовековната неправда и отвори нова страница во духовниот живот на македонскиот народ. Затоа и ние да воскликнеме - <Благословен е Господ, зашто го чу гласот на нашите молитви и молби” (сп. Пс. 27, 6 и 65, 19) <и нè избави од сите опасности” (Пс. 33, 5) на кои бевме изложени на духовен и национален план.

Таа наша возобновена Охридска архиепископија - Мајката Црква на македонскиот народ, веднаш ја покажа својата љубов кон сите свои чеда, и овде во Македонија и кон распрснатите по сите меридијани. Охридските камбани набрзо се слушнаа до Гери – Индијана и до Торонто, до Мелбурн и до Малме, се слушнаа насекаде каде што нè има. За овие 50 годни доживеавме вистинска духовна ренесанса: ги заштитивме и обновивме старите храмови, и подигнавме нови, ја украсивме земјата македонска и секаде до каде што живееме организирано како народ. Навистина направивме многу, да не ни биде за гордост. Едни соседи кога ни беа на гости при една прилика рекоа, верувам искрено, дека сме направиле и повеќе од нив. Исто така, и други соседи признаа, и верувам, и тие беа искрени, дека сме поорганизирани и од нив како црква. Но, секако, и покрај сите успеси, имаме и пропусти во нашата работа; згрешивме при изборот на некои кадровски решенија, како и при донесувањето на некои други одлуки. Но Господ, кого милува, допушта да биде и искушуван! Така и нам ни испрати опомени за да бидеме во иднина побудни и потребно мудри.  

akademija.sv.Sofija15.jpgВозљубени чеда на Охридската архиепископија,
 Нашата света Црква духовно го чувала својот народ и морално го крепела наназад низ вековите. Се грижела за неговата душа, хранејќи го со евангелската наука, но чувајќи го и од туѓите влијанија на кои бил постојано изложен. Таквата грижа таа ја има и денес, го пази својот народ, во границите на своите можности, од сите негативни влијанија на современите зла, чувајќи го неговиот морален и духовен интегриет од сите коишто можат да го загрозат. Во време кога сиот свет ја живее најголемата морална криза, Црквата е повикана да го дигне својот глас против опасностите што демнат и во одбрана на вистинските вредности на животот.  Тоа е особено потребно денес кога е загрозена улогата на семејството, кога се во криза меѓучовечките и меѓудржавните односи, во време кога не се почитуваат институциите и авторитетите. И сега, како и секогаш, Црквата има што да им понуди на современите човекови потреби. Таа има лек за морално да ги подигне и оздрави и да ги исцели сите духовни рани и на оваа генерација. Посебно на децата и на помладите им е потребна нејзината грижа, грижата на Црквата, зашто вековното искуство покажало дека пораките за добрина и моралност, доколку навреме се научат, остануваат насоки за цел живот.
akademija.sv.Sofija20.jpgМакедонската православна црква, делејќи ја судбината на својот народ и живеејќи со сите промени, самоуправувања, самоопределувања и транзции, и со сè што доживеавме и преживеавме и во овие 50 години, и понатаму останува постојан, најсигурен и најцврст столб во неговото битисување. Да се потсетиме, бевме за федерација во федеративна Југославија, но бевме и уште повеќе сме за самостојна Македонија. Бевме за рамноправност и сме за соживот, и не само декларативно, и не само со збор, туку потврдно и делотворно.

Почитувани,
Во овие времиња на искушенија, потребни ни се мудрост и трпение за да ги избереме најдобрите и најспасоносните решенија. Македонија, со сиот свој народ го има, можеби, најтешкиот испит: како во сегашноста да се зачуваат и минатото и иднината на Република Македонија? Верните полесно и побрзо ги разбираат искушенијата - и од кого се и зошто се. Но, какви и да се, и од кого и да се - полесно се примаат и решаваат сложно, во единство. Царот Давид порачува - Âколку е добро браќата да живеат сложно” (Пс. 132, 1). Само со единство ќе се одбраниме, само во единство ќе го зачуваме националниот идентитет и достоинство, и тука, во Македонија, и насекаде каде што нè има.

Верни чеда на Македонската православна црква,
Време е ние, Македонците, конечно, да сфатиме дека само заедно ќе ја зачуваме и Црквата и државата, и сè што е македонско. Во името на свети Климента златен, во името на сите што живееја и починаа, како и во името на оние коишто живеат со љубов кон Црквата и Татковината, да престанеме со меѓусебните судови и обвинувања, со делбите и нападите на едни кон други. Имаме историска одговорност - вистински да одговориме - и овде во Татковината, но и меѓу нашите чеда во Австралија, Северна Америка, Европа, и насекаде каде што има потреба да понудиме вистински решенија за сè што ни треба на духовен и национален план. Ништо нема поголема цена од вредноста на меѓусебната љубов и на меѓусебното почитување и ништо не смее да ни биде пред сложното братско живеење.

 Токму така, и со таква љубов кон Црквата и Татковината, се однесуваа и нашите претходници на Соборот пред 50 години, па затоа можеа толку мудро и далекувидно да решаваат и да донесуваат одлуки со богоугодна, историска и родољубива порака и значење. Ним, Господе, дарителу на сè, на тие доблесни и достојни чеда, на чело со блаженоупокоениот архиепископ Доситеј, на возобновителите на Охридската архиепископија како МПЦ, по молитвите на светите Климент и Наум и на сите македонски и Твои светии, - дарувај им вечно царство. Нека им е вечен споменот, и овде на земјата, и горе на небесата.

 Нека ни е честит Јубилејот, и нека ни се вечни Република Македонија и Црквата охридска и македонска. Амин. 

akademija.sv.Sofija21.jpg

Посети: 489

Друго:

 

 


Е-пошта

  Коментари (1)
1. Пратено од cvetanka, на 12-10-2008 20:18
"Но, секако, и покрај сите успеси, имаме и пропусти во нашата работа; згрешивме при изборот на некои кадровски решенија, како и при донесувањето на некои други одлуки. Но Господ, кого милува, допушта да биде и искушуван! Така и нам ни испрати опомени за да бидеме во иднина побудни и потребно мудри." Interesni zborovi,za promena:)Ednostavno zracat pozitiva, plenat ili imaat (radio)aktivno dejstvo...jas veke se cuvstvuvam ozraceno,no od sedenje pred monitor:)---malku se sheguvav, prostete mi. 
Iskreno se nadevam i sakam da veruvam, deka ovie zborovi se iskreno izgovoreni i deka ke bidat opravdani so delo,a greskite(so akcent na kadrovskite resenija)popraveni.Konecno, za nasa polza kako Crkva,za Makedonija kako drzava i za Slava na Boga.Gospodi pomiluj!Pozdrav i Ve molam ushte ednas prostete za komentarot.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

22/11/2008 - сабота

Преподобна Матрона Цариградска;

Светите маченици Онисифор и Порфирија;

Преподобен Јован Колов;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно