Духовност
Одговори на современи проблеми
Старец Порфириј- Подвижник на љубовта
| Старец Порфириј- Подвижник на љубовта |
|
|
СТАРЕЦПОРФИРИЈ - ПОДВИЖНИК НА ЉУБОВТА ПРОЗОРЛИВ ЧУДОТВОРЕЦ
Психосоматска привлечност: добро или зло?
Во една прилика го прашав: „Старче, дали онаа психосоматска привлечност што се јавува меѓу мажите и жените е од демонот?“ Тој ми одговори: „Некогаш да, а некогаш не. Зависи“.
Еден ден ми раскажуваше: „Понекогаш кај мене доаѓаат и момчиња и девојки. Кутри млади, што сè не прават; сите телесни гревови ги направиле, а јас сепак ги сакам.“ Старецот не ги оправдуваше постапките на младите, ги нарекуваше „телсни гревови“, но истовремено ги сакаше како скапоцени души „за кои Христос умре“. Како магнет ги привлекуваше со својата љубов и постепено ги лечеше од предавањето на телесноста. Ваквиот светоотечки став на Старецот погрешно го сфатиле поедини конзервативни пуританци кои поради тоа јадикуваа, и некои неодговорни божем прогресивни христијани кои ликуваа од истите причини: поради тоа што Старецот божем ги „толерирал“ телесните гревови. Тие не сфатија дека гревот не може да се победи ни со нетрпелива осуда на грешникот, ни со погрешна легализација на падот. Старецот успешно се бореше против гревот, сакајќи го грешникот и помагајќи му да ја спознае сопствената вина за својот пад, но и да ги спознае можностите за ослободување и од падот и од вината, како и можноста за простување и живот во Христа. Сакаше душите на грешниците да ги поведе кон нов живот, а не да ги мачи со стариот.
На еден млад брачен пар кои дошле во посета, Старецот им рекол: „Бидејќи вие двајцата не се сакате, детето што ќе се роди ќе има проблеми“. Ова предвидување во целост се обистинило.
На брачен пар кој имал големи меѓусебни проблеми што го мачеле и нивното детенце, Старецот им рекол: „Вие сега сте оддалечени еден од друг, но вашето дете ќе ве соедини. Немојте да се карате пред него зашто со тоа му ја повредувате душата. Имајте ја на ум неговата невиност. Немојте да го влечете наназад со своите несогласувања. Пуштете го нека напредува, па и двата ќе ве фати за рака и ќе ве повлече напред. Средина вашето дете, вие лево и десно од его, го држите за раче и одите напред, сите заедно...“
Со душевна болка на христијанско соучество Старецот можеше да се сретнува и со душите кои заглавиле во најсрамен облик на односи меѓу двата пола: во професионална проституција. Ми кажуваше: „Еден ден, пред доста години, ги осветував куќите. Влегов во една куќа пеејќи, и гледам: една жена бега наваму, друга се крие онаму – во почетокот ништо не сфаќав. По некое време, сфатив дека тоа е озогласена куќа. Не знаев што да правам. Влегов во таа куќа не знаејќи каде влегувам. Ми пријде сопственичката на тоа место и ми рече дека не е соодветно тие да го целиваат крстот. И реков: „Не знам за кој се не е соодветно – дали за нив или за тебе“. Сите побараа да го целиваат крстот. Им го пружав крстот, тие го целиваа, а јас им реков дека христос ги сака; сите беа трогнати. Навистина ми беше жал за тие несреќнички. Што велиш ти, дали добро постапив?“
Старецот беше многу деликатен кога беа во прашање проблемите што му ги изнесуваа посетителите. Ми раскажа: „Еден ден ме посети една глумица, целосно очајна, зашто ја напуштил нејзиниот драг. Ја погледнав нејзината душа; што имав да видам: рушевина. Од каде да почнам? Почнав од она што е лесно. И дадов ’правило’ на кое што треба да се придржува: секој ден да прави нешто – ако ти кажам што, ќе се смееш. Морав, меѓутоа, од каде да почнам; тоа беше за добробит на нејзината душа. Исполнувајќи таа лесна задача што и ја наложив како ’правило’, бидејќи е многу добронамерна, нејзината душа ќе стане попитома и ќе се поврати. Кога ќе се случи тоа, ќе и речам да прави нешто посериозно, и така малку – по малку, ќе се приближи до Христа“.
Старецот помагаше да се нормализираат нарушените состојби; секако, со неопходна претпоставка и заинтересираната страна да соработува. Во една прилика едно момче посака да основа добро семејство и размислуваше да побара за жена некоја сериозна девојка. Но, сметаше дека за секој свој чекор треба прво да го праша Старецот; и така го посети. Кога го сослуша, Старецот рече: „Гледам дека се наоѓаш во состојба на душевно растројство. Држиш во неизвесност една стара болна врска со некоја недоверлива девојка. Кога си покрај неа, досаден и си, те презира и те брка од себе. Кога ќе се оддалечиш од неа, таа станува љубоморна, те сака покрај себе и те бара. Ако конечно не ја прекинеш врската со неа, нема да можеш да се ослободиш за да можеш да основаш семејство какво што сакаш. Сега те избркала од себе. Кога, божем покајнички, повторно ќе те побара за да ти објасни, ти немој да одиш зашто повторно ќе останеш покрај неа; така истата приказна бескрајно ќе се повторува“. Момчето не го послуша. На нејзиниот прв повик, тој отиде кај неа уверен дека може самиот да ја расчисти работата со неа – и секако, остана со неа. Така предвидувањето о на Старецот се обистинило.
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем, туку поболно самоспознавање на внатрешен проблем. Старецот ми кажуваше:
Еден млад верник кој се вери со девојка која немаше врска со верата, го посети Старецот за да се посоветува со него. Наоѓајќи се пред свршен чин, Старецот веднаш ги „видел“ сите слабости на неговата вереница, па му рекол: „Сега напред, право во светост! За тебе нема друго решение. Мораш да се трудиш да живееш свет живот, и тоа секој ден се повеќе, така твојата сопруга, гледајќи како твоето лице блеска од радост Христова, ќе ти позавиди, па и сама ќе посака да те следи“.
Еден ден Старецот ми раскажа: Тежината на телесниот грев На една мајка Старецот и зборувал: „Внимавај и моли се на Бога твоите деца да не паднат во телесен грев. Секако, може да се погреши во мислите, но полесно; телесниот однос е многу потешко согрешение, зашто тогаш доаѓа до подлабоки промени и оштетувања на душата“.
Едно летно попладне, моето друштво и јас – шестмина или седуммина, сите безбрачни – под еден борго слушавме кажувањето на Старецот: „Нека не ве мачи проблемот на изборот меѓу бракот и безбрачноста. Понекогаш наидуваат денови кога чувствувате душевни и телесни желби за брак, а понекогаш тие желби се губат зашто чувствувате божествени желби, повозвишени од бракот. Кога ќе се појават сладостарсните искушенија, немојте да се обидувате со сила да ги избркате, зашто со тоа му одите во пресрет на сатаната, кој тогаш ги претставува уште попривлечни и со тоа ви нанесува штета. Подобро да ги примате мирно и грешните мисли да ги претворите во чисти. Да кажете: можеме да стапиме во брак, па тогаш ќе уживаме во брачните сладости така како што сака Христос. Кога повторно, ќе ви се појави желба за девственост, примете ја со благодарност и тајно негувајте ја уметноста на добродетелен живот. Подготви: Жаклина Стојановска Посети:782
Е-пошта
|
||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
| Мошти на св. Климент патуваат во Бугарија |
| дејствата на ... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од стефан |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |