| Акатист на Покров на Пресвета Богородица |
|
|
Кондак 1
Тебе избрана Царица од Предвечниот Цар на небото и земјата, повозвишена од секое создание, која некогаш си дошла во Влахернската Црква на молитва, со благодарност Ти принесуваме достојно поклонение, и со вера и умиление, ние, кои сме во темнина, прибегнуваме под Твојот светол омофор; а Ти, имајќи непобедлива моќ, од сите беди ослободи не, за да Ти воскликнуваме: Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Мноштво Архангели и Ангели, со Претечата, Богословот и сите светии, се појавија заедно со Тебе, Својата Царица, во Влахернската Црква и слушајќи ги Твоите топли молитви за целиот свет, со восхит воскликнаа:
Радувај се, на Беспочетниот Бог Отец предвечно благоволение.
Кога Светите Андреј и Епифание во Црквата Те здогледаа како во воздухот се молиш на Бога за Христијаните, познаа дека Си Ти Мајката на нашиот Христос Бог Кој се вознесе на небото, па паднаа на земја и радосно се поклонуваа на себлагиот Твој Покров, воскликнувајќи: Алилуја !
Во закрилувањето на православните луѓе Ти Си, Богородице, разум кој не може да се сфати; затоа нашите непријатели не знаат колку е силна молитвата на Божјата Мајка; а ние, добро познавајќи ја Твојата семоќна закрила, Ти воскликнуваме вака со умиление: Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Силата на Вишниот ги осенува оние кои со вера и побожност прибегнуваат под Твојот Сечесен Покров; Зашто само Тебе единствената, Пресвета и Пречиста Мајка Божја, Ти се даде секоја Твоја молитва да се исполни. Затоа, верните од секоја возраст, Те славословат Тебе и Синот Твој, воскликнувајќи : Алилуја !
Имајќи , Владетелке, непотрошливо богатство на милосрдие, Ти на сите краеви на земјата им подаваш рака на помош: на болните исцеление, на напатените – олеснување, на слепите – вид, и на сите им даваш се – секому според неговата потреба, на сите кои благодарно воскликнуваат:
Радувај се, на православните царства неразрушива тврдино и бедему. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Ти ни помагаш Владичице нам, кои сме понесени од бура на многу беди, зашто стоиш пред лицето на Господовиот олтар и подигнувајќи ги Своите раце се молиш на Господа, Царот на Славата, да погледне на нашата недостојна молитва и да ги услиши молбите принесени од нас, кои го повикуваме Твоето свето име, а на Синот Твој Му воскликнуваме: Алилуја !
Го услиши Господ Бог Исуса Навин кога се молеше и му заповеда на сонцето да застане додека тој не ги победи непријателите; ги слуша и сега Господ Исус молитвите Твои, избрана палато на Светиот Дух. Затоа и ние, грешните, надевајќи се на Твојот покров, се осмелуваме да Ти говориме Тебе, како Мајка Божја:
Радувај се, од мисловното сонце озарена, која и нас не просветуваш со светлината што не заоѓа. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Некогаш, кога боговидецот Мојсеј во битката против Амалик ги подигнуваше рацете, Израил победуваше.а кога ги спушташе рацете, тогаш Амалик победуваше. Кога, пак, го придржуваа, закрепнат, тој го победи непријателот. А Ти, о Богомајко, подигајќи ги Своите раце на молитва, иако никој не ги придржува, секогаш ги победуваш непријателите на Христијаните, и непобедлив штит ни си нам, кои воскликнуваме: Алилуја !
Гледајќи Те како во воздухот во Црквата Влахеринска молитвено ги подаваш рацете кон Својот Син и Бог, Соборот на Светиите, заедно со Архагелите и Ангелите, радосно Ти запеаа благодарна песна. А ние, поткрепени од Твоите раце, кои се појаки од рацете Мојсееви, умилно Ти воскликнуваме:
Радувај се, зашто Твоите раце ги придржува единствената љубов Твоја кон сите нас и Твоето милосрдие. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Свети Роман Слаткопевец се јави како проповедник на Твоите неисцрпни благодати и милости, кога од Тебе во сон прими завиена хартија како духовна храна. И тој, преку тоа умудрен, почна со знаење да пее во Твоја слава и на Светиите да им пишува пофални песни, воскликнувајќи со вера: Алилуија !
Си заблескала како зора на вистинското Сонце на Правдата, Дево, Богоотроковице ( Богоневесто ), просветувајќи ги сите со Премудроста на Бога, Твојот Син, и приведуваќи ги кон познавање на вистината оние кои вака Ти воскликнуваат:
Радувај се, зашто си Го родила во тело Христа – Божјата сила и Божјата Премудрост. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Сакајќи да ја покаже неиспитливата бездна на милоста на Своето човекољубие, долготрпеливиот и сесогледлив Господ Те избра Тебе, единствената, за Своја Мајка и Те направи несовладива заштита на луѓето: па дури и ако некој се покаже достоен за осуда пред праведниот суд Божји, да може сепак да биде зачуван за покајание под Твојот моќен Покров, воскликнувајќи: Алилуја !
Господи Ти ги покажа Своите прекрасни дела во Пречистата Своја Мајка, кога во нејзините раце се појави посветол од сонцето прекрасен омофор со кого Таа го закрилуваше народот во Влахеринската Црква; а кога слушнаа за таквото Нејзино милосрдно застапништво, вчудоневидени и израдувани, сите говореа :
Радувај се, зашто Својот неракотворен омофор си го распослала како облак над целиот свет. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Кога Ти од небото се појави во Влахернската Црква, Ангелите прекрасно со песни Те опеваа, Апостолите Те прославуваа, Првосвештениците, Преподобните и ред свети жени Те фалеа, Претечата и Богословот Ти се поклонија, а луѓето во Црквата весело воскликнуваа: Алилуја !
Господ, Кој владее со се што е на небото и на земјата, кога Те здогледа во Црквата Тебе, Својата Мајка, како стоиш и со умиление Му се молиш, рече: Барај, Мајко Моја, зашто нема да се одвратам од Тебе, туку ке ги исполнам сите Твои молби, и ке ги научам сите да Ти пеат благодарни песни вака:
Радувај се, ковчегу на Заветот, во кого се чува осветувањето на целиот човечки род. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Кондак 9 Сите Ангели Ти принесуваат пофални песни Тебе, вистинската Божја Мајка и застапничка на сите кои прибегнуваат кон Тебе, знаејќи дека Ти, со својот неуништив Покров, ги развеселуваш праведниците, се застапуваш за грешниците, ги избавуваш угнетуваните и се молиш за сите верни кои извикуваат: Алилуја !
Најучените говорници се како безгласни риби, незнаејќи како достојно да го прослават празникот на Сечесниот Твој Покров: зашто се што тие говорат за Тебе, не е доволно ни само за да се набројат милостите Твои. А ние, гледајќи ги Твоите безбројни добрини, радосно воскликнуваме:
Радувај се, зашто Ти не чуваш од рани и смртни потопи. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Сакајќи да го спаси човечкиот род од ѓаволската измама, човекољубивиот Господ ни Те подари нам, земните, Тебе – Својата Мајка, за помош, засолниште и заштита; за да бидеш утеха на нажалените, радост на тажните, одбрана на злоставуваните, и да ги подигнеш од длабочините на гревот сите кои пеат: Алилуја !
,,Царе Небесни“, говореше во молитва себеспрекорната Царица, стоејќи во воздухот со Ангелите, ,,прими го секој човек кој Ти се моли и го повикува на помош Моето име; да не отиде од Мојата икона празен и не услишан“. Слушајќи ја оваа себлага молитва, Соборот на Светиите благодарно воскликна:
Радувај се, зашто ги крунисуваш со благословени плодови земјоделците кои се со чисти раце и срца. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Слушајќи го умилното пеење и чувствувајќи ја Твојата топла молитва за нас, ние Те молиме, Дево Богородице, не презирај го гласот на твоите слуги, зашто кон Тебе прибегнуваме во неприликите и неволјите, и пред Тебе солзи пролеваме во нашите беди, извикувајќи: Алилуја !
Гледајќи Те како во воздухот во молитва гориш како јарка свеќа, Влахернската Црква со мноштвото луѓе што беа во неа, сложно воскликнуваше: Откаде мене ова, да дојде Мајката на Мојот Господ кај мене ? А Свети Андреј со Епифание топло Ти се молеа, воскликнувајќи:
Радувај се, племенита дарителке на сите душевни и телесни дарови. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Измоли ни божествена благодат од Синот Твој и Бог, подај ни рака на помош; одгонувај го од нас секој непријател и противник и смири го нашиот живот; да не загинеме луто, без покајание, но прими не под вечната закрила, Покровителке наша, за радосно Тебе да Ти воскликнуваме: Алилуја !
Славејќи го со песни Твојот моќен Покров, сите ние Те величаме како наша сигурна застапничка и Ти се поклонуваме Тебе, Која се молиш за нас, зашто веруваме и се надеваме дека ке измолиш од Синот Свој и Бог, вечни и временски блага за сите кои со љубов вака Ти воскликнуваат:
Радувај се, силна Застапничке на целата вселена. Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.
Кондак 13 О, сеславна Мајко, Пречиста Госпоѓо, Дево Богородице, кон Тебе ги подигнувам душевните и телесните очи, кон Тебе ги подавам раслабените раце, и од длабочината на срцето извикувам : погледни на верата и смиреноста на душата моја, закрили ме под Својот семоќен Омофор, за да се избавам од сите беди и напасти, и на смртниот час мој, о Себлага, биди покрај мене и избави ме од маките што ке ми бидат спремени заради моите гревови, та секогаш, поклонувајќи се пред Тебе, да Ти воскликнувам : Алилуја ! ( Овој кондак се чита 3 пати , а потоа икос 1, па кондак 1 )
О, Пресвета Дево, Мајко на Господа на вишните сили, Царице на небото и земјата, семоќна застапничке на нашите градови и земји, прими го ова пофалбено и благодарно пеење од нас, недоатојните Твои слуги, и принеси ги нашите молитви кај престолот на Бога – Синот Твој, за да се смилува над нас, грешните, и да ја распростри Својата благост над оние што го почитуваат Твоето сечесно име и со вера и љубов и се поклонуваат на Твојата чудотворна икона. Зашто ние не сме достојни Тој да се смилува на нас, ако Ти Владичице не го умилостивиш за нас, зашто Ти се можеш кај него. Затоа, кон Тебе прибегнуваме, како кај сигурна и брза застапничка наша : услиши не нас, кои Ти се молиме; заштити не под Семоќниот Свој Покров и измоли од Бога, Твојот Син : за нашите пастири – ревност и грижа за нашите души ; за градоначалниците – мудрост и сила ; за судиите – правда и непристрасност ; за наставниците – разум и смирение ; за сопружниците – љубов и слога ; за децата – послушност ; за злоставуваните – трпение ; за оние што навредуваат – страв Божји ; за тажните – благодушност ; за радосните – воздржливост, а за сите нас – дух на знаење и побожност, дух на милосрдие и кротост, дух на чистота и правда. О, Пресвета Госпоѓо, смилувај се над своите немоќни луѓе: расеаните собери ги ; заблудените изведи ги на прав пат ; старите поддржи ги, младите оцеломудри ги, децата воспитај ги ; и погледни на сите нас со погледот на Твоето милостиво застапништво ; подигни не од гревовните длабочини и просвети ги очите на нашето срце – да гледаат на спасение. Милостива биди ни и овде, а и таму – во местото каде што ке се наѓаме по преселувањето од земјата и на Страшниот Суд на Твојот Син. А оците и браќата наши што во вера и покајание се претставија од овој живот, смести ги во вечниот живот со Ангелите и со сите Светии. Зашто Ти си, Гопоѓо, Слава на небесните и надеж на земните созданија ; Ти си по Бога, надеж и застапничка на сите нас, кои со вера кон Тебе прибегнуваме. Затоа Тебе Ти се молиме, и како на семоќна Помошничка, сами себе, еден друг и цел наш живот Тебе Ти предаваме, сега, и секогаш и во вечни векови . Амин.
Извор: МПЦ храм Св.Петка, Чикаго
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |