Инфо најава
Црква
Камен-темелник на црква во Отушиште, Тетовско
| Камен-темелник на црква во Отушиште, Тетовско |
|
|
|
ТЕТОВО - Вчера официјално беше осветено положувањето камен-темелник и беше означен почетокот на градба на црква во тетовското село Отушиште. Црквата е посветена на св. Николај и претставува прв црковен објект во ова село, кое речиси е составен дел на Теарце. Црквата се гради во месноста Вакав, каде што се претпоставува дека некогаш постоел црковен објект. Ктитори се жителите на Отушиште и иселеници од ова село во дијаспората, но и од околните населби и други православни верници. Токму вчерашниот почеток на градба според масовноста и другите содржини доби карактер на црковно-народен собир. Во тетовското архијерејско намесништво очекуваат црквата да биде готова и осветена наредната година. Во теаречката парохија ова е втор црковен објект што се гради последниве неколку години по соборната црква „Св. великомаченик Димитриј Солунски“ во комплексот во Теарце посветен на македонскиот преродбеник, писател и архиепископ, родениот теарчанец Кирил Пејчиновиќ-Тетоец. (Г.Е.) Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |