Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Литература arrow Зајакнат третман за амбасадорите на јазикот
Зајакнат третман за амбасадорите на јазикот Испечати Е-пошта

 01. 09. 2008 г.

ДЕНЕС ЗАВРШУВА СОБИРОТ ПО МАКЕДОНИСТИКА


Со цел за поголема искористеност на македонистите, кои се големи амбасадори на Македонија во светот, се подготвува стратегија за нивна поддршка, преку национална програма за лекторатите, а ќе бидат издвоени и поголеми срества од буџетот на државата за наредната година. Тогаш ќе започне нејзината имплементација, најави од Охрид министерот за образование Перо Стојаноски, на отворањето на Меѓународниот македонистички собир. Имаше уште поголемо значење, бидејќи 2008 е година на македонскиот јазик.

Собирот кој завршува денес и треба да ги обедини македонистите од светските и домашните универзитети и научни центри. Тоа би го афирмирало македонскиот јазик, литература и култура како посебен идентитет во современата европска цивилизација.

Околу 60 странски македонисти од катедрите за македонистика и славистика при повеќе европски и светски универзитети, дадоа свој придонес во теоретското образложение за развојот и достигнувањата на македонистиката.

Краен продукт на овој научен собир ќе биде зборникот кој ќе ги содржи презентираните трудови од овој македонистички собир. Зборникот ќе биде дистрибуиран до сите славистички центри во светот.
Покровител на манифестацијата е претседателот на Владата, Никола Груевски.
Извор: Вечер


Е-пошта

  Коментари (1)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 03-09-2008 09:50
Уф, точно навреме...

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 0
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели