| Чудата на Пресвета Богородица (XVII дел) |
|
|
|
Епископ Велички Гаврил Светогорец
ЧУДО 55.
ЧУДО 56.
Помеѓу другите чуда на Пресвета Богородица, душеполезно е и ова, драг читателе, што се предлага заради оние што негрижливо се однесуваат кон својот долг од мрзливост, та да се чуваат и да бегаат од мрзливоста како од смртоносен отров зашто човекот, во каков и грев да падне, не треба да го изостава правилото и молитвите, а не како некои безумни што мислат погрешно и велат дека не било добро да се молиме многу за да не Го разгневиме повеќе Бога!?... Какво слепило! Какво безумство! Кога правиш грев и беззаконие, не се плашиш од Бога, ниту се срамиш, а да читаш утрена, часови и други молитви се срамиш? Тоа не е страв Божји, а очајание од безумство. Должен си, впрочем, да стоиш пред светите икони или да се обрнеш кон исток и да се молиш на Пресвета Богородица со страв и трепет колку што можеш повеќе, сознавајќи го величието Божјо и своето недостоинство; да плачеш, да си ги окајуваш гревовите и да се молиш на Пресвета Богородица да ти помогне да се спасиш. Слушај еден пример.
ЧУДО 57.
Во една епархија имало еден свештеник, кого во исто време го повикале да причести една бедна жена и еден богат човек. Свештеникот не и обрнал внимание на жената затоа што била вдовица и сиромашна, а отишол при богатиот, го причестил и го утешувал, надевајќи се дека ќе му остави некое ветување. По малку, пак дошле да го викаат свештеникот да ја причести и вдовицата зашто била пред умирање. Но тој горделив и среброљубив, не отишол. То-гаш неговиот ѓакон, кој бил добродетелен, кога видел дека овој не сака да отиде, го замолил да му одобри тој да ја причести за да не умре непричестена. Свештеникот му одобрил и тој отишол со светите тајни при вдовицата, која материјално била многу сиромашна, а богата со душевни добрини и ја нашол како лежи на една рогозина, без да има кој да и прислужува. Меѓутоа, Помошничката на сиромасите, пресвета Богородица, не ја оставила, но дошла при неа во друштво на девојки, од кои едни и ја бришеле потта, а други мафтале над неа со рипиди и ја разладувале. Кога тоа го видел ѓаконот, се зачудил, а Владичицата им се пок-лонила на светите тајни, потоа и другите се поклониле, па му рекле на ѓаконот да ја причести болната. Кога ја приче-стил, тие и ја зеле душата и ја однесле во рајот.
ЧУДО 58. Имало некој човек материјално многу сиромав, а со душевни добрини богат. Еднаш тој, одејќи по патот, си ја удрил ногата од еден камен и поради тоа толку многу се разлутил што на каменот му рекол: ,,Самиот ѓавол те донесол овде, а не човек!" Штом го изговорил тоа, Бог веднаш го казнил со чудна казна (како што ги казнува добродетелните луѓе на овој свет за да не им се повреди душата). Му се сторило како некој да му истурил врела вода врз главата и толку го заболело што ослепел и не можел да се подигне, па други го подигнале и го однесле дома. Таму тој долго време лежел и целото тело му се покрило со рани, од кои течеле големи нечистотии, па никој не се доближувал до него, освен домашните. Меѓутоа, и покрај тие болки, тој не си дозволил да негодува против Бога, но велел дека Бог ги накажувал оние што ги љуби. Постел, малку спиел и се молел за оние што го надгледувале. Бог го видел неговото трпение, па решил да го излекува. Прку ноќта, спроти Воскресение Христово, домашните отишле в црква, а тој останал сам во домот. Кога го чул клепањето за радосното Воскресение, ја наведнал главата и почнал да Му се моли на Бога. Молејќи се така, видел една благолепна жена, која, всушност, била света Богородица и која му рекла: „Поради твоите добрини и големото трпение, Бог те послуша и те помилува. Кажи им на твоите домашни да те однесат во црквата на света Богородица и да те остават пред нејзината икона да се молиш и ќе добиеш помош од Бога". Кога го направил она што му рекла пресвета Богородица, болниот наполно оздравел, си отишол дома радосен, им благодарел на Бога и на Мајката Божја.
ЧУДО 59. Некој добродетелен монах, по име Адам, живеел мнрно во еден манастир и никому не му правел зло. Тој имал голема љубов кон законот Божји и кон другите божествени книги, па кога читал сам или кога друг брат читал чуда или пофалби на света Богородица, толку се насладувал што многупати останувал без јадење, само да слуша поуки. Живеејќи така, се разболел и дошол до умирање. Тогаш еден брат го молел да му каже на кој начин се удостоил со таков Божји дар, а тој му одговорил: „Кога бев де-те и одев во училиште, имав на главата красти, од кои течеше смрдлив гној, така што не можеше да се трпи, па затоа многу тагував; многу потрошија моите родители по доктори и лекови, но ништо не ми помогна. Мегутоа, одејќи во училиште, поминував покрај една црква, посветена на света Богородица, во која секојпат се молев со вера и никогаш не пропуштав бдение. Една ноќ ми се стори дека клепаат за утринска служба Божја, па станав и отидов во таа црква, но ја најдов затворена. Па кога стоев пред неа и Му се молев на Бога, вратата се отвори сама и внатре видов голема светлина како многубројни свеќи да гореа. Јас влегов зачуден и видов седум светли девојки, од кои едната, која седбше на престолот, беше посветла и ми рече: „Зошто, чедо, не сакаш да си ја излекуваш главата од тие рани?" Јас и реков: „Сакам Пресветла, како и сите мои роднини што сакаат да ме излекуваат, но не можат". Потоа ми рече: „Ме познаваш ли?" - „Не Те познавам, Пресветла", и одговорив. „Јас сум Мајката на Исуса, ми рече таа, па знаејќи дека имаш обичај да доаѓаш тука и да се молиш, дојдов да те излекувам". Кога го рече тоа, ми даде знак со рака да се доближам до Неа и кога си ја стави пречистата рака на мојата глава, рече: „Во имја Отца и Сина и Свјатаго Духа да биде здрава таа глава и да не се разболува до смрт затоа што имала голема почит кон Мене". Потоа стана невидлива. „Јас оздравев, дојдов во манастир и сега со радост си одам од овој свет". Тоа го рекол богомудриот и починал во Господа.
ЧУДО 60.
Имало една благочестива жена, која била сиромашна со пари, но богата со добродетели и полна со љубов кон пресвета Богородица.
ЧУДО 61.
Имало некој благочестив и добродетелен човек, по име Дидим, кој од своето раѓање бил слеп, но имал голема љубов кон црквата, па не пропуштал ниедна Божја служба. Тој бил надарен со Божја благодат, често се препирал со неверните Евреи и секогаш ги победувал. Еден ден кога се препирал за пофалбата на Мајката Божја, Евреите посрамени, не можеле да му одговорат, па почнале да го укоруваат и да му се смејат, велејќи му: „Не ти е ли срам, слепче и безумниче, да и слугуваш на онаа што не може да те излекува? Ако е таа вистинска Богородица, ќе те излекува од тоа слепило штом имаш таква љубов кон Неа." Тогаш старецот им рекол: „По некој ден ќе ви дадам одговор за тоа". Потоа тој почнал да дава милостина на сиромасите и со пост и со усрдност се молел три дни и три ноќи на Семилостивиот Бог и на света Богородица да го просветат, та да се посрамат неверните и нечесните Евреи.
ЧУДО 62. Епископот Викентиј пишува во книгата „Огледало на историјата" за некои поклоници што патувале по море за Ерусалим, па им се разбила гемијата и се наполнила со вода и не можеле да ја исцрпат. Тогаш гемиџиите виделе дека гемијата ќе потоне, па спуштиле еден чамец во морето и влегле во него заедно со еден епископ и некои богати, а еден, од брзање да влезе во чамецот, паднал во морсто и се удавил. Кога веќе се наполнил чамецот, владиката им рекол на оние што останале во гемијата: „Простете ни, браќа, што не можеме да ви помогнеме, но исповедувајте се еден на друг, за да ви ги прости Господ гревовите". Откако се опростиле помеѓу себе, гемијата потонала и сите се издавиле. А владиката и тие што биле со него плачеле и Му се молеле на Бога да им ги спаси душите. Потоа виделе како од морето се појавиле гулаби што летале кон небото и познале дека тоа се душите на оние кои се удавиле во морето; тие се радувале и жалеле што и сами не умреле со нив. Кога излегле на суво, неочекувано го виделе нивниот другар кој беше паднал во морето при напуштањето на гемијата. Многу се зачудиле и го прашале како излегол од морето. А тој им рекол: „Кога паднав во водата, се молев на Богомајката да ми помогне и да ме избави. Се молев со топла вера, без сомневање и во тој час крај мене се најде брзата Помошничка и ме изнесе на брегот". Кога го чуле тоа, сите Ги прославиле Бога и пресвета Богородица.
ЧУДО 63.
Епископот Викентиј, во истата книга, пишува и за еден игумен што патувал по море заедно со неколку браќа, па се кренала голема бура и сите се уплашиле и почнале да се молат за помош, едни на свети Никола, други на свети Андреј и на други светители; секој кон кого имал љубов. Тогаш игуменот, кога видел дека никој не се моли на семоќната Небесна Царица, Која владее на небото, на земјата и на морето, им рекол: „Што правите, браќа? Зошто ги повикувате слугите, а ја заборавивте Царицата, која има сила повеќе од сите светии?" Кога го чуле тоа браќата, почнале да и се молат на Богомајката. Исто така и игуменот, кој бил болен и три дена не вкусил ништо, одвај станал, ја зел иконата на Мајката Божја и рекол: „Велико имја Свјатаја Троице, Пресвјатаја Богородице, помогни нам!"13 Кога го рекол тоа, виделе на врвот од гемијата голем светилник со многу светлост, од која се осветлила целата гемија и морето стивнало. Потоа сите здрави и живи стигнале во пристаништето каде што патувале, во слава на Бога и на света Богородица. (Продолжува)
Посети:705 Е-пошта
|
|||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |