Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Житија arrow Преображението на Господ Исус Христос на Тавор
Преображението на Господ Исус Христос на Тавор Испечати Е-пошта

   19/08/2008

Preobrazenie.1a.jpgТретата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и овде се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија.

Но додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17). Зошто Господ ги зеде само овие тројца ученици на Тавор, а не сите? Зашто Јуда не беше достоен да ја види Божествената слава на Учителот, Когошто тој ќе Го предаде, а Господ не сакаше него сам да го остави под гората, та да не може предавникот со тоа да го оправда своето предавство. Зошто се преобрази на гората, а не во долината?

За да нe научи на две добродетели: на трудољубие и богомислие. Зашто искачувањето на височина бара труд, а височината ја претставува височината на нашите мисли, т.е богомислието. Зошто се преобрази ноќе? Бидејќи ноќта е попогодна за молитва и богомислие одошто денот и ноќта ја закрива со темнина целата земна убавина, а ја открива убавината на ѕвезденото небо.

Зошто се јавија Мосјесј и Илија? За да ја разбијат еврејската заблуда дека Христос е некој од Пророците, Илија, Еремија или некој друг - затоа Он се јавува како Цар над пророците, и затоа Мосеј и Илија се јавуваат како слуги Негови. Дотогаш Господ многупати им ја покажуваше на учениците Својата Божествена моќ, а на Тавор им ја покажа Својата Божествена природа. Тоа видение на Неговото Божество и слушањето на небесното сведоштво за Него како за Син Божји требаше да им послужи на учениците во деновите на страдањето Господово за укрепување на непоколебливата вера во Него и во Неговата крајна победа. ( Од Верскиот календар на МПЦ)

 

 

 


Е-пошта

  Коментари (2)
1. Пратено од Stoni, на 19-08-2008 09:17
Возвишен е над сите народи Господ; Неговата слава е над небесата. 
Псалм 112, 4
2. Пратено од DRAGICA, на 18-09-2008 22:36
SLAVA NA OTECOT I SINOT I SVETIOT DUH SEGA I SEKOGAS I VO VECNI VEKOVI AMIN.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 16
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Thomas Hopko, ne e nitu T...
01/12/08 16:02 Повеќе...
Од lelo

ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА
dino e najdobar od sit...
01/12/08 14:58 Повеќе...
Од ana

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
me zbuni komentarot na le...
01/12/08 12:11 Повеќе...
Од suska

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели