Полезно и Потребно
Митрополит Антониј Блум- Вечерна молитва за страдалната вселена
| Митрополит Антониј Блум- Вечерна молитва за страдалната вселена |
|
|
Повеќето од нас влегуваат во ноќниот мир. Ќе ја оставиме на страна тежината на денот, уморот, грижите, напнатоста и загриженоста. Ќе го одложиме сето тоа на прагот од ноќта и ќе потонеме во ноќната темнина. Ние во оваа темнина сме незаштитени; во текот на овие ноќни часови само Господ може да н# прегрне во Својата прегратка. Тој има моќ да ги огради нашите срца од она што може да исплива од нашите сеуште неочистени, непросветени и неосветени длабочини. Тој има моќ да ги огради нашите мисли, нашите соништа, да ги спаси нашите тела. Ќе влеземе во овој ноќен спокој, но најнапред треба да се сетиме на оние кои влегуваат во ноќ полна со грижи.
Во болниците или во болничките соби има луѓе кои нема да заспијат затоа што нешто ги боли, затоа што се плашат, затоа што се грижат за саканите, од кои едни заедно со нив го носат бремето на нивната болест, а други ќе осиромашат со нивната смрт.
Има луѓе кои се во самотијата на затворските одаи; некои од нив се млади, и некаде надвор, позади ѕидините постои девојка која ја сакаат, или постојат нивните деца, нивните пријатели, постои слободата, постоела надеж, а сега не останало ништо.
Има и такви затвори во кои ноќите се ужасни, каде сега ќе почнат испрашувањата; тие траат долго во срцето на ноќта; некого ќе тепаат, некого ќе измачуваат. Тие ќе се вратат во своите самици, безсилни, и ќе влезат во денот во кој за нив нема утеха, туку само страв од новата ноќ која доаѓа. Сега над нив се затвара ноќта, страв го обзема нивното тело и нивната душа.
Освен тоа, постои во сите градови бучна ноќ, ноќ на кафаните, ноќ на хазардните игри, ноќ на пијаниците, ноќ во која дечките и девојките ќе ја изгубат чистотата, ноќ кога сопружниците, заборавајќи на љубовта, обземени само од желбата, ќе бидат груби еден кон друг.
Има луѓе кои ќе ја изгубат својата чест и на кои ќе им биде срам наутро да се разбудат. Има и такви кои сето тоа го користат, кои опиваат и соблазнуваат други, кои тргуваат со дрога, оние кои се смеат со демонска смеа, не сфаќајќи дека се решава нивната вечна судбина. И има во оваа ноќ такви кои ќе застанат пред Бога; мајка покрај детската глава; жена или маж, покрај сопружникот кој умира. Има такви кои ноќта ќе ја посветат на молитва. Во неа е и детето кое на единаесет години замина од Москва, велејќи му на мајка му: “Бог ме повикува да се молам во шумата”: поминаа веќе пет години; тоа е само во шумските густини, во снегот на лутата руска зима…
И уште колку, колку други!
Во оваа ноќ нема да заспие лекарот и медицинската сестра ќе се бори со сонот.
Постои цел ноќен свет на живот и страдања, и надеж, и смрт… и радост, и Божествено присуство; сето тоа постои во оваа ноќ. Пред да се препуштиме на одморот, да Му заблагодариме на Бога за с# што н& испраќа, и да го замолиме Тој, додека ние, заборавајќи на с#, спиеме, да се сети на страдалните тела – на болните, проститутките, децата и старците; затворениците кои ги испитуваат, како и оние кои ги предале на испитување; оној кој ја користи туѓата слабост, како и оној кој е скршен во својата слабост; оној кој стои пред Бога во својата пламена борба помеѓу животот и смртта. Нека ги спомене Бог сите во Своето Царство, и нека дојде мир, и простување и милост. Нека самиот ужас стане не крај, туку нов почеток. Нека се сети Оној Кој пред лицето на предавството го позна најголемиот ужас во Гетсиманската ноќ, на сите оние за кои оваа ноќ нема да биде ноќ на спокој и одмор.
Тој нека нe спомене и нас, ранливите и незаштитени: се препуштаме на Неговата рака со вера, и со надеж, во радост затоа што Го сакаме онолку колку што можеме, и што Тој нас н# сака вклучувајќи го и Крстот и Воскресението. Амин
Подготи ; Михаила Поповска
Посети:559
Е-пошта
|
|||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 01/12/2008 - понеделник |
Светиот маченик Платон; |
Светите маченици Роман и Варул; |
Божикен пост(строг пост) |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() .. Духовната и телесната подготовка, преку пост и молитви, за празнување на Рождеството Христово - Божик кај нас има многу подлабоки корени и повеќевековна традиција отколку таканаречените традиционални новогодишни празнувања ... Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |