Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Полезно и Потребно arrow МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА Испечати Е-пошта



Bogorodica.pelagonitisa.z.jpgО, Пресвета Богородице, Дево Владичице, повозвишена од ангелите и архангелите, и најчествувана од сета твар, восхит велик на ангелите, возвишена проповед на пророците, преславна похвало на апостолите, прекрасен украсу на светителите, крепка тврдино на мачениците, спасително водство на иноците, неотклоно воздржение на испосниците, славо и чистото на девствениците, тивка радост на мајките, мудрост  и поука на младенците, заштитничке на вдовиците и сираците, на голите риза, на болните оздравување, на пленените избавување, тишино на оние кои по море пловат, мирно пристаниште на оние кои бура ги носи, водителке сигурна на заблудените, лесен премину вање на патниците, блажен спокоју на трудбениците, на измачените брза застапничке, надеж на безнадежните, и помош на оние кои помош бараат: на сиромасите богатство непропадливо, на нажалените утехо непрестана, на намразените љубовно смирение, на грешниците спасение и кон Бога обраќање, на сите проверена цврста заштито, непобедлива помош и застапништво. Низ Тебе, Владичице, Невидливиот нам видлив ни постана, затоа молитва Ти пренесуваме, Госпоѓо, ние грешните слуги Твои.

О, Премилостива и Пречудесна Царице на духовната светлина, Која Го роди нашиот Цар  Христа, Животодавецот на се`, Прославуваниот од небесните, и фалениот од земните: ангелски уму, светлозарна звездо, Пресвета меѓу светиите, Царице на цариците, Владичице на сета твар, Боголепна девице, нескверна невесто, на Светиот Дух палато, огнен престолу на невидливиот Цар, небесен кивоту, Носителке на Словото Божје, огнообразна кочијо, одмориште на живиот Бог, неизглаголива Составителка на плотта Христова, гнездо на Орелот небесен, грлице благогласна, гулабице кротка, тивка и незлоблива, Мајко чедољубива, бездно на милоста Која го разгони дождот на гневот Божји, безмерна длабочино, неизглаголива тајно,  несфатливо чудо, благомирисно кадило, чесна багрјанице, боготкаена порфиро, душевен рају кој ја изнедри животоносната  градина, цвету прекрасен кој ни` Го расцвета небесното веселие, грозду на нашето спасение, путиру на Царот Небесен во Кого од Светиот Дух се раствори виното на неисцрпна благодат, Застапничке на законот, почеток на вистинска вера Христова, непоколеблив столбу, пропаст на еретиците, мечу на јароста Божја против богоборците, страв за демоните, во војните победо, на сите христијани вистинско зачувување, и на целиот свет сигурно спасение.

О, семилостива Госпоѓо, Дево Владичице Богородице, услиши не` нас кои Те молиме, и покажи ја милоста Твоја на луѓето Твои: моли Го Синот Твој да не` избави од секое зло, и да ја сочува нашата обител, и секоја обител, градот и зидините на верните, и луѓето кои благочестиво прибегнуваат и го призиваат светото име Твое, од секоја напаст, помор, глад, земјотрес, потоп, оган, меч, налет на оноплеменици, и меѓусебни војни, од секоја болест и секоја неволја, -  за да од никаква рана, ни закана и ни помор, ни секаков праведен гнев Божји не бидат поразени слугите Твои: туку сочувај не` и спаси не` по милоста Своја, Госпоѓо, нас кои Ти се молиме, и полезно благорастворение на воздухот кон време на плоден принос дарувај ни`: олесни, прости и помилуј не` , Премилоства Владичице, Богородице Свеоспеана, нас кои сме во секоја беда и мака. Спомни Си за слугите Твои, и не презирај ги  солзите и воздишките наши, и обнови не` по добрината на Твојата милост, за со благодарност да се утешуваме, наоѓајќи Те за помошничка. Смилувај се Госпоѓо Пречиста, на немоќта на луѓето Твои, Надеж наша: рассеаните собери ги, заблудените – на прав пат води ги, одпаднатите од верата отечка – пак врати ги, староста поткрепи ја, младоста научи ја, младенците воспитај ги, и  прослави ги оние кои Те слават, и Црквата на Синот Твој сочувај ја и сохрани ја во долгоденствие.

О, милостива и премилостива Царице на небесата и земјата, Богородице Приснодево, со застапништвото Твое помилувај го чесното воинство, и сите православни христијани, запазувајќи ги под покровот на милоста Твоја: заштити ги со Твојата чесна риза и моли Го, Христа нашиот Бог, Кој бессемено од Тебе се воплоти, да не` препојаса одозгора со силата против нашите видливи и невидливи непријатели, против иноплемениците и едно племениците, кои војуваат против нашата Православна вера. Спаси и помилувај ги, Госпоѓо, причестниците на Светиот Синод на нашата Православна Црква, свештениците и ѓаконите, и сиот православен народ, кои Ти се поклонуваат и се молат пред Твојата  чесна икона: погледни кон сите нас со погледот на милосрдивото Твое застапништво, подигни не`  од греовниот понор, и просвети ни` ги очите срдечни , за да го видиме спасението: моли Го  Синот Твој милостив да биде кон нас, тука и  на Страшниот Суд: слугите Твои кои се претставија во благочестие од овој живот, во вечниот живот, со ангелите и архангелите, и со сите светии приброи ги, за да застанат оддесно на Синот Твој и Бог: и по молитвата Твоја сотвори да живеат со Христа, и да се насладуваат со ангелската радост во небесните живеалишта. Зашто Ти си Госпоѓо, слава на небесните и надеж на земните. Ти Си надеж наша, и застапница на сите кои при Тебе притекнуваат, и кои ја просат светата помош Твоја: Ти Си наша топла молителка кон Синот Твој и Бог наш:Твојата мајчинска молитва има голема моќ во молењето на Владиката: со Твоето предстателство пред престолот на благодатта да се осмелиме да пристапиме кон пресветите и живототворни Негови Тајни, иако сме недостојни. Затоа гледајќи го на иконата сечесниот образ Твој и раката Твоја, која Го држи Седржителот, се радуваме ние грешните и со умиление припаѓајќи, со љубов ја целиваме, очекувајќи, Госпоѓо, со светите Твои богопријатни молитви да го достигнеме безконачниот небесен живот, и непосредно да застанеме на Судниот Ден оддесно на Синот Твој и нашиот Бог, славејќи Го него заедно со беспочетниот Отец, и Пресветиот, Благиот, Живототворниот и Единосуштниот Дух, во вековите на вековите. Амин!


Од: Православен молитвеник


Подготви: Стојанка Тежак

Посети:675


Е-пошта

  Коментари (2)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 11-08-2008 15:01
preubavo vaka sto ni davate molitvi kon svetiite i kon Prisno Deva Marija.Vi blagodaram mnogu za ovoj podarok, 
po molitvite na nasata Bozja Majka pomiluj ne Boze nas,amin
2. Пратено од Zore, на 11-08-2008 13:33
Pozdrav do Karolina, Ocigledno od voodusevuvanje si go pratila komentarot, zatoa odgovorot na komentarot ne svakaj go kako navreda, tuku kako pouka za korist: Prisnodeva Marija, Bozja Majka i Boze se pisuvaat so golema bukva,bidejki se licnosti.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 6
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Thomas Hopko, ne e nitu T...
01/12/08 16:02 Повеќе...
Од lelo

ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА
dino e najdobar od sit...
01/12/08 14:58 Повеќе...
Од ana

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
me zbuni komentarot na le...
01/12/08 12:11 Повеќе...
Од suska

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

01/12/2008 - понеделник

Светиот маченик Платон;
Светите маченици Роман и Варул;
Божикен пост
(строг пост)

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

+Митрополит Методиј - Постот има подлабоки корени од новогодишните лумпувања


.. Духовната и телесната подготовка, преку пост и молитви, за празнување на Рождеството Христово - Божик кај нас има многу подлабоки корени и повеќевековна традиција отколку таканаречените традиционални новогодишни празнувања ... Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно