Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Православни Цркви во светот arrow Јубилејот на крштението на Русија да не стане повод за поделба на православните (25. 07.2008)
Јубилејот на крштението на Русија да не стане повод за поделба на православните (25. 07.2008) Испечати Е-пошта

Митрополит Кирил: Јубилејот на крштението на Русија не треба да стане повод за понатамошна поделба на православните (25.07.2008)


Властите во Украина ја ставаат во сенка претстојната посета на Киев и на Донецк на Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј II (од 26-30 јули), но Поглаварот на Руската Православна Црква не го откажува патувањето, за да отпразнува 1020 години од покрстувањето на Русија со украинската паства којашто го очекува, изјави денес поглаварот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил.

„Очигледно е дека државните власти на Украина ставаат особен акцент на посетата на Неговата Светост Цариградскиот патријарх Вартоломеј, оставајќи ја во сенка посетата на Киев од Неговата Светост Рускиот патријарх. На толку голем број плакати со ликот на Патријархот Вартоломеј, со кои е украсен Киев, јас не се сеќавам уште од советско време, кога од секоја раскрсница на нас гледаа партиските лидери”, рече Митрополитот Кирил.

Во предвечерието Митрополитот Смоленски Кирил беше во Киев, каде што зеде учество во проширеното заседание на Светиот Синод на Украинската Православна Црква на повик на Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир.

“Ние воопшто немаме намера да се откажеме од посетата на Киев кој е макја на руските градови, за заедно со рускиот Епископат и со сиот верен народ, надвор од секоја политика, на високо духовно ниво како што им доликува на верните, да го прославиме јубилејот од покрстувањето на Киевската Русија”, истакна Митрополитот Кирил.

Според зборовите на митрополитот Кирил, “православниот верен народ со нетрпение го очекува доаѓањето на Рускиот патријарх, кому е верен во многу тешки политички услови”. “Многу е важно празнувањето на 1020-годишнината од покрстувањето на Русија да биде настан кој ќе сведочи за единството на вселенското Православие и за победата на Православието во украинската земја”.

Неговата Светост Патријархот Алексиј II на свеченостите во Украина ќе присуствува според определена програма. Особено место ќе има Литургијата која треба да се отслужи на 27 јули со учество на поглаварите на помесните Православни Цркви и епископите на Руската, Украинската и Белоруската Православна Црква.

Централното место зазема Литургијата која треба да се отслужи на 28 јули во Киево-Печерската Лавра во чест на светиот рамноапостолен кнез Владимир, покрстителот на Руската земја.

 Извор: МПЦ

Извор: Патриархиа.ру

Цариградскиот патријарх пристигна во Киев (25.07.2008)

Цариградскиот патријарх Вартоломеј денес пристигна во главниот град на Украина по повод свеченостите посветени на 1020-годишнината од покрстувањето на Русија. На аеродромот го пречекаа претседателот Виктор Јушенко, Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир, членови на Владата и други јавни личности.Според програмата на посетата, Патријархот денес ќе ја посети Киево-печерската лавра и ќе положи цвеќе пред споменикот на кнегиња Олга, на светите Кирил и Методиј, на апостолот Андреј Првоповиканиот и на светиот кнез Владимир.

Вечерва Цариградскиот патријарх ќе отслужи Вечерна богослужба во Софискиот соборен храм во Киев. На службата ќе присуствува претседателот Виктор Јушенко. На службата ќе бидат осветени новите царски двери и новопоставените камбани.

 

 Утре, на 26 јули, во Украина ќе пристигне официјална делегација на Руската Православна Црква предводена од Неговата Светост Рускиот Патријарх Алексиј II. Извор: Патриархиа.ру

 

Посети:362


Е-пошта

  Коментари (2)
1. Пратено од Александар, на 26-07-2008 09:24
Голем срам за украинците и за Вартоломеј кој со некаква политичка заднина оди таму .После 350 год.за прв пат Украина ја посетува Константинополски патријарх.Ќе одржат молитви и положат цвеќе покрај останатите и на св.Кирил и Методиј, а забораваат кои се и што се, и во тој контекс да поканеа и делегација од нашата Православна црква -.Гледа на руска телевизија каков торжествен пречек му направија на Вартоломеј, а Алексеј II,како да не беше ни присутен.Голема срамота! Мислам дека сега е многу погоден момент да се зближи нашата црква со Руската, и да се побара поддршка од нив( наспроти уккраинската, грчката и српската црква)
2. Пратено од lpa, на 26-07-2008 13:20
apsolutno otsustvo na oset za diplomatija. podobro kazano, nesposobnost da se poseduva takvo nesto... 
 
od druga strana, beskrajna potreba za ligavenje, podlizuvanje, molenje, bezkicmenjashtvo. znam deka komentarov nabrgu kje bide zatrupan so komentari prepolni so ovie karakteristiki sto gi nabrojav, so aminosuvanje, prekrasnuvanje, lelekanje, bravosuvanje... 
 
:upset :grin

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 1
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Thomas Hopko, ne e nitu T...
01/12/08 16:02 Повеќе...
Од lelo

ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА
dino e najdobar od sit...
01/12/08 14:58 Повеќе...
Од ana

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
me zbuni komentarot na le...
01/12/08 12:11 Повеќе...
Од suska

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели