Духовност
Духовен Азбучник
Арх. Рафаил Карелин - За молитвата
| Арх. Рафаил Карелин - За молитвата |
|
|
![]()
Најшироката заповед која го опфаќа целиот човеков духовен живот, заповед, чие исполнување треба да се претвори во постојана состојба на човечката душа е заповедта за молитвата. Апостол Павле неа ја изразил во два збора: Непрестано молете се (1 Сол. 5, 17). Другите заповеди претставуваат, или одредени дејствија, кои се извршуваат во одредено време, или чувства кои не можат да бидат постојани и непроменливи. Дури и љубовта кон Бог кај подвижинците се сменувала со периоди на оладување. Овој духовен пламен еден миг горел силно во нивните срца, друг миг по Промисла Божја се криел во длабочините и тајните одаи на нивниот дух. Молитвата е светлина за душата. Кога светлината ќе се изгасне човекот потонува во мрак. Тој го губи чувството за вечноста, престанува да се гледа самиот себе. Бог за него веќе не е Жив Бог, Кој го чувствува со сето свое битие, туку апстрактно – разумна идеја која наликува на ладна и далечна светлина од ѕвезда. Молитвата за нас како да станала некој вид надворешен данок, кој го плаќаме во одредено време, па дури, и се обидуваме да ја намалиме или сосема да ја избегнеме. Меѓутоа, молитвословијата кои Црквата ги дала неопходни се, тие претставуваат средство за стекнување непрестана молитва. Во животот на древните христијани молитвата служела како некоја основа на која биле нанижани останатите добродетели кои нас и денес н# вчудоневидуваат со својата големина. Молитвата за нив била подземен извор кој непрестано течел, и кој невидливо ги хранел нивните дела, мисли и чувства. Молитвата за нив била оној небесен оган, чии одблесоци понекогаш н# засветлуваат и нас кога ги читаме делата на подвижинците и светителите. Затоа изреките на аскетите, кои се собрани во старечниците се едноставни и кратки, но восхитувачки силни и сликовити, тие личат, ни се чини, на самите старци облечени во стари ризи, и восхитувачќи делуваат на човечките срца. Човештвото се повеќе се оддалечува од Бога. Порано светот можеше да се подели на христијански и пагански. Денес христијанскиот свет најверојатно наликува на огромна пустина, во која само ретко, по некое чудо се сочувале малкубројни оази, и на некои места под камењата и песокот се пробива по некоја закржлавена трева.
Единствена сила која може да се спротивстави на песокот од оваа пустина која голта сè - е молитвата! Најопасното нешто во човековиот духовен живот е компромисот. Компромисот постепено човекот го претвара во фарисеј кој има две лица и две волји. Токму заради компромисот со духот на светот нашата душа станува с# потешка и молитвата сè послаба. Духот на светот човекот го врзува за земјата со стотици алки.
Што му е потребно на човекот за да се научи на молитвата? Човекот мора да го презре она што пречи на неговата молитва. Душата се состои од три сили: ум, чувства и волја (во древната антропологија: сили на мислите, желби и раздразливост). Гордоста на разумот претставува пречка во молитвата. Гордоста раѓа властољубие и сигурност во сопствената сила. Ако човекот е сигурен во себе тој не може да моли. Неговата молитва се претвара во претрупан монолог, Бог престанува да му биде потребен. Умот кој верува во себе, се исклучува од Бога и под дејство на гордоста и страста на властољубието мисли дека се труди да црпи само од своите сили, како да стекнува оружје и сјај за својата големина во надворешните знаења. Овде се раѓа радозналоста на умот. Човекот се оптеретува со непотребни знаења кои ги смета за интелектуално богатство. Овие знаења ја хранат неговата гордост, а суетата постојано бара сè понови и понови знаења. Ваквиот човек личи на скржавец кој с# довлекува од улица во својата куќа. Неговата соба личи на депонија, тешко му е да дише и да се движи заради ѓубрето, но тој наместо да го исфрли собира с# повеќе непотребно ѓубре. Умот, преполнет со непотребни знаења кои ги стекнал заради суета и нескротлива љубопитност ја влече душата кон долу. Тој наликува на птица чии крилја се врзани со оловни синџири: таа сака да полета, но не може и само беспомошно лази по земјата. Возвишени молитвени состојби обично достигнуваат луѓе со едноставен ум и срце или оние кои сметаат дека световните знаења кои ги стекнале се прав и прашина.
Човекот мора да се откаже од непотребните знаења за да има слободен простор во душата во кој би можела да делува благодатта.
Што треба да направиме за да го прекинеме напливот од информации кои постојано нè преплавуваат? Прво – да се откажеме од гревовното, очигледно штетното, потоа непотребното, а тогаш дури и потребното да го сведеме на минимум, на најнужното; квалитетот на човечката работа тогаш веројатно нема да стане полош, зашто наместо механичко сеќавање во него се буди создавачко сеќавање, тој стекнува умешност низ малку да достигне многу. Современата култура, освен малиот број исклучоци претставува култ на наслада, понекогаш во истакнато грда форма, а понекогаш под наизглед привлечна маска на добродетели. Острастеното срце не може да биде парче небо, тоа станува грутка земја. Срце кое е извалкано и обезсилено после насладата не само што не може да се моли, туку дури и се противи на молитвата, ја мрази молитвата, како што кучето го мрази оној кој се обидува да му го земе затруеното парче месо. Ваквиот човек или потполно бега од молитвата или само напамет ги изговара научените зборови како комбинација на звуци на сфаќајќи на Кој му се обраќа и што моли, односно останува само надворешната страна на молитвата. За да се научи човек на молитва треба да ја презре насладата како свој непријател, да го отфрли она што предизвикува страст, дури и ако тоа е исто така тешко како што е тешко, по зборовите на Спасителот, да си ја отсечи раката или да си го ископа окото за да влезе во Царството Небесно (Мт. 5, 29 – 30). Светот особено гневно ги штити своите права на страста и насладата сметајќи дека токму тоа е главната цел на човечкиот живот. Токму заради тоа целата уметност се занимава со тоа – се облекува во трулежниот труп на насладата кој се распаѓа во свилена облека и златни украси. Страста најчесто се пробудува од силна сетилна слика; затоа во подготовките за молитва сликите, кои ги донел ветрот на световната уметност и световната литература, како и мечтаењето и фантазијата мора немилосрдно да бидат избркани како крадци кои ни влегле во куќата.
Молитвата е огледало на човечката внатрешна состојба. Молитвата е суд над човечката душа – дали е верна на Бога. Белата боја изгледа особено јака на црна позадина. Духовната светлина станува особено интензивна врз полето на незнаењето на волјата. Апостол Петар рекол: еве ние с# оставивме и тргнавме по Тебе (Мт. 19, 27). Оставивме сè - односно, земните обичаи, закони, претстави и знаења, она што светот им го дава на своите синови; оставивме с# - односно своите човечки помисли и желби. Да се оди по Христос значи да се оди по патот на молитвата која поминува низ човечкото срце. Затоа навистина може да се молат само оние кои како апостолот може да кажат: еве с# оставивме и тргнавме по Тебе.
Молитвата е смрт и воскресение. Кој не умира за светот не може да воскресне за вечноста. Кој не се одрекол од себе не може да се најде себе. Посети:453
Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |