Наука, Култура
Литература
Во Битола промовирани 35 тома од едицијата „Македонска книжевност“
| Во Битола промовирани 35 тома од едицијата „Македонска книжевност“ |
|
|
|
- Ова е капитален зафат за целокупната македонска култура. Проектот ги истакнува континуитетот и дострелите на македонската книжевност од времето на Свети Климент Охридски, па се до денешната современа македонска литература, истакна Раде Силјан претседател на ДПМ, на промоцијата во Националната установа Завод и Музеј-Битола. Станува збор за колосален проект за македонската литература и култура, кој почна да се реализира пред девет месеци. - Овој проект е еден од трите во областа на издаваштвото кои ги поддржа Владата на Република Македонија. Првиот е врзан со оваа едиција, вториот започна да се реализира, а се работи за преводи на 500 учебници и третиот проект, односно превод на сите нобеловци на македонски јазик, истакна портпаролот на македонската Влада Ивица Боцевски. Тој најави дека проектот „Македонска книжевност“ ќе се глобализира. - Во наредната година овој проект ќе биде преведен на англиски јазик, на шесте официјални јазици на ОН, како и на трите официјални јазици на ЕУ со што македонската литература повеќе нема да биде затворена во школка и ќе се најде во рацете на глобалниот читател, предочи Боцевски. На промоцијата на првите 35 од вкупно 130 тома на едицијата „Македонска книжевност“ пред книжевната јавност од Битола, но и гости од земјата, се обрати и државниот секретар во Министерството за култура Елизабета Канчевска-Милевска. - Целта на овој зафат, прв од ваков вид и обем е да се прикажат богатите историски книжевни вредности и да се отворат нови страници од нашата литература. Во проектот беа вклучени осум членови на МАНУ, 20 универзитетски професори, 10 научни работници и 40 писатели, истакна Канчевска-Милевска. Таа додаде дека проектот „Македонска книжевност“ ја отсликува богатата традиција на македонската книжевност, длабоките корени и континуитетот во различни периоди. - Творештвото во оваа едиција ќе биде објавено на јазиците на кои што пишуваат авторите, на македонски јазик, на албански, турски, ромски и на влашки јазик. Објавувањето на оваа едиција има и симболика бидејќи тоа се случува во 2008-ма, година на македонскиот јазик и година на јазиците во светот прогласена од ОН, појасни Канчевска-Милевска и најави дека следната година ќе се реализира нов проект за објавување антологии на македонскиот роман, македонската поезија и македонскиот расказ на англиски јазик. Првиот примерок од едицијата „Македонска книжевност“ што го отпечати издавачката куќа „Микена“ од Битола, му беше врачен на академик Гане Тодоровски. - Овој гест на Владата дојде во време кога книгата е во криза. Ние како автори го поздравуваме гестот на Владата и ги очекуваме нобеловците на македонски јазик со што литературниот живот уште повеќе ќе заживее, изјави академик Тодоровски на синоќешната промоција во Битола. мт/ва/9:25 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |