Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Архива на Вести arrow Вести од овој месец arrow Полагањето на ризата на Пресвета Богородица
Полагањето на ризата на Пресвета Богородица Испечати Е-пошта

   Bogorodica.sajt.jpg
Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.

 Беседа за искушувањето на верата наша

Верата наша, браќа се искушува почесто  отколку што трската  на ветеровите се ниша. Искушувањата се како ветришта : слабата вера ќе ја искорнат, јаката  уште повеќе ќе ја зајакнат. Уште искушувањата се како оган, во кој сламата ќе изгори, а златото  ќе се очисти.

Нашата вера се искушува со човечките умувања и веројатности. Тоа се многу јаки и лути ветрови. Но ние можеме да им одолееме,  доколку  се придржуваме до зборот  Божји и доколку спротивно на умувањата ја истакнуваме науката на верата Христова.

Уште нашата вера се искушува со страв и срам: со страв од луѓе, кои ја гонат верата, и срам од луѓето кои горделиво ја презираат верата. И ова се силни ветрови, на кои мораме да одолееме, ако сакаме живи да останем. Како ќе опстоиме? Со стравот од Бога, кој треба во нашите души да е вавек поголем од стравот од луѓето; и срамот од апостолите, светителите и мачениците, кои не се засрамија од својата вера пред царевите, и кнезовите и мудреците од овој свет.

Уште нашата вера се искушува со страдање и беда. Тоа е огин, во кој нашата вера или има да изгори како слама или или да се прекали како вжештено  злато. На ова искушувае ќе одолеееме,  доколку ќе се сеќаваме на Христос распнатиот на крст заради  нас, и на толкуте илјади страдалници заради верата, кои со стрпливост  се победија и излегоа од огинот злато што низ вековите се свети меѓу ангелите и меѓу луѓето.

Уште нашата вера се искушува со смртта, смртта на нашите роднини и пријатели, и со смртта на луѓето воопшто.Тоа е оган лут, во кој многумина ја согореа својата вера. Дали смрта е крај на светот? Не е , верувај; таа е почеток на се; почеток на новиот, прав живот; Верувај во Воскресението Христово, верувај во загробниот живот, и верувај во сеопштото воскресение и Страшниот суд.

О Господе благи, утврди ја верата во нас и помилуј не. Тебе слава и благодарност во веки. Амин

Извор: Жита на светиите

Посети:445


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 8
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно