Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Архива на Вести arrow Вести од овој месец arrow Божествена Литургија во Струмица (13.07.2008)
Божествена Литургија во Струмица (13.07.2008) Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Божествена Литургија во Струмица (13.07.2008)
Страница 2
Страница 3
Страница 4
Страница 5
Страница 6

Собор на светите Апостоли


 

Денес, кога Црквата Божја го празнува соборот на светите славни и сефални Апостоли, во црквата на свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив во Струмица, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

"Верно, голема е тајната на послушанието. Кога и слаткиот наш Исус прв го одбележа патот и стана пример за нас, колку повеќе и ние сме должни да Го подражаваме Него. Камо да бев и јас чедо мое, помеѓу вас да се подвизувам во моето желно и вистинско послушание. Бидејќи исповедам најискрено, со цела сила и наполно сознание дека не постои друг спасителен пат, којшто е далеку од секоја прелест и од секое дејство на непријателот. Така што, кој навистина сака да се спаси, и да го пронајде брзо благиот Исус, должен е да биде послушен. Со толкава љубов должен е да го гледа својот Старец како да го гледа обличјето Христово... Не е послушание само да ја извршиш оваа или онаа заповед, како што ќе ти биде наредено, а интимно да противречиш. Послушание е да го потчиниш разумот, начинот на размислување на твојата душа за да се ослободиш од стариот човек. Послушание е да станеш роб, за да станеш слободен. Купи ја ефтино твојата слобода. Ослободи се од одговорноста и радувај се.“ (Старец Јосиф Спилеот)

crkva.palama.jpg

 

 Посети:2293

 


Е-пошта

  Коментари (79)
1. Пратено од Танка, на 13-07-2008 14:10
Зошто не ја ставивте и беседата на отецот? Беше убава. Простете.
2. Пратено од Preminportal, на 13-07-2008 14:18
Би било убаво, да можеме да ја објавиме, но за жал ја немаме беседата. :sigh
3. Пратено од Танка, на 13-07-2008 14:52
Прашањето се однесува повеќе на сестрите кои го подготвуваат сајтот на МПЦ. Отецот скоро на секоја литургија го објаснува евангелието. Простете. :?
4. Пратено од dedule, на 13-07-2008 16:32
prosteno ti e tanka, aman vise
5. Пратено од Sanja, на 13-07-2008 17:04
dedule, ne bidi na vrh srca, na ista tema sekogash :zzz
6. Пратено од Margarita, на 13-07-2008 17:17
A shto reche dedoto, ako mozhe nekoj od prisutnite da spodeli so nas?
7. Пратено од mimi, на 13-07-2008 17:33
Pa, kazhi Margita, shto rekol dedoto, pa i nie koi ne sme bile prisutni,da znaeme :)
8. Пратено од Ани, на 13-07-2008 17:33
Не знам што рекол Владиката, но ова евангелие денеска се читаше: 
А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник и Го молеше говорејќи: „Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.“ Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.“ А стотникот одговори и рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави; зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‘Оди’ и тој оди; на другиот: ‘Дојди!’ и тој доаѓа; и на слугата: ‘Направи тоа!’ и тој прави.“  
Кога го чу тоа, Исус се зачуди и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ни во Израилот не најдов толку голема вера. И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на трпеза со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно, а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“  
И му рече Исус на стотникот: „Оди си, и како што си поверувал, нека ти биде!“ И слугата негов во истиот час оздраве (Матеј 8, 5-13).
9. Пратено од mimi, на 13-07-2008 17:35
Верно, голема е тајната на послушанието. Кога и слаткиот наш Исус прв го одбележа патот и стана пример за нас, колку повеќе и ние сме должни да Го подражаваме Него. Камо да бев и јас чедо мое, помеѓу вас да се подвизувам во моето желно и вистинско послушание. Бидејќи исповедам најискрено, со цела сила и наполно сознание дека не постои друг спасителен пат, којшто е далеку од секоја прелест и од секое дејство на непријателот. Така што, кој навистина сака да се спаси, и да го пронајде брзо благиот Исус, должен е да биде послушен. Со толкава љубов должен е да го гледа својот Старец како да го гледа обличјето Христово... Не е послушание само да ја извршиш оваа или онаа заповед, како што ќе ти биде наредено, а интимно да противречиш. Послушание е да го потчиниш разумот, начинот на размислување на твојата душа за да се ослободиш од стариот човек. Послушание е да станеш роб, за да станеш слободен. Купи ја ефтино твојата слобода. Ослободи се од одговорноста и радувај се.“ (Старец Јосиф Спилеот)
10. Пратено од Марија, на 13-07-2008 18:02
Денеска бев на Литургија во свети Григориј Палама. Па, колку што се сеќавам, Отецот го поврза денешното евангелие со односот кон духовниот отец. Рече дека не треба да бараме постојано да бидеме до него, да го бараме неговото внимание и да го ‘влечкаме’ по нашите домови и со тоа дополнително да го оптеретуваме нашиот духовен отец кој вообичаено и така е преоптеретен. Отприлика рече дека тоа само ја покажува нашата телесност, незнаење и слаба вера. Рече дека е доволно накратко да го изложиме нашиот проблем пред него и да ја побараме неговата молитва. Така некако постапува и стотникот кој со големо смирение и вера и со голема почит кон делото Христово бара од Христос ‘да каже само збор’.
11. Пратено од mimi, на 13-07-2008 18:14
Fala ti Marija za izlozhenoto.
12. Пратено од Драган Михајловиќ, на 13-07-2008 18:20
Третата слика по ред кажува многу повеќе од какви било зборови: Наведнете ги вашите глави...
13. Пратено од C, на 13-07-2008 19:01
Dragan, preostro sudis :sigh
14. Пратено од sassy, на 13-07-2008 19:38
aj treta slika, na nekoj mu pdnalo parice, seedno, ama 6-ta slika? tetava pokazuva meshe. koga kje dojde moda vo tanga da se odi po ulica, kje se pricestuvaat i taka.
15. Пратено од Антониј, на 13-07-2008 20:03
С., Драган не суди туку просто изнесува свое мислење за третата слика која навистина многу кажува. За мене, на пример, многу кажуваат сликите на кои се гледа дека луѓето се причестуваат и тоа првиот ден откако постите завршија.


 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 49
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно