Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Библиска археологија arrow „Трескавец“ пред ново ветување за обнова
„Трескавец“ пред ново ветување за обнова Испечати Е-пошта

Манастирот „Трескавец“ кој пред шест години се најде на списокот на стоте најзагрозени светски споменици, сега стана приоритет на Министерството за култура.

Најновата најава на Министерството за култура дека реставрацијата на манастирот „Трескавец“ е приоритет е уште еден обид за зачувување на овој извонредно значаен културно-историски комплекс од забот на времето.

Манастирот се наоѓа на десетина километри од Прилеп, меѓу грамадните карпи, под врвот Златоврв, опеан од Блаже Конески. До манастирот се стигнува со џип или пеш. Кога ќе стигнете, пред портите на манастирот, ве пречекува отецот Калист. Ќе ви посака добредојде, ќе ве остави да се одморите од патот (кој е напорен, сеедно дали доаѓате со џип или пеш), за потоа да ви ја раскаже историјата на манастирот. Нема да заборави да го искаже очекувањето државата да го исполни ветувањето и да оддели пари за изградба на патот до манастирот, за реконструкција на манастирската црква „Успение на света Богородица“ и за реставрација на нејзиниот фрескоживопис.

- „Трескавец“ е постојана дестинација за прилепчани, а последните години побудува интерес и кај странските гости. Доаѓаат од сите страни, дури и цели делегации. Се воодушевуваат, но забележуваат дека е потребно да се изгради пат до манастирот, да се реконструира црквата. Се надевам дека наскоро и тоа ќе се оствари. Владата вети дека конечно ќе почнат активности за реконструкција на црквата и за реставрација на фрескоживописот, кој е во многу лоша состојба заради влагата во црквата - објаснува отецот Калист.

Дека тоа не е само пуста надеж на отецот Калист потврди деновиве Елизабета Канчевска-Милевска, државна секретарка во Министерството за култура, која посочи дека приоритет за државата е заштита на манастирот „Трескавец“.

И досега постоеле неколку иницијативи за заштита на манастирот „Трескавец“, кој со посредство на организацијата за ревалоризација и педагогија на културното наследство „Македонида“ пред шест години се најде и на списокот на стоте најзагрозени споменици во светот, кој го подготвува Светскиот фонд за споменици со седиште во Њујорк.

Кај нас, пак, досега малку е истражувано во манастирскиот комплекс, велат археолозите и историчарите по уметност.
Отецот Калист вели дека првиот христијански храм кај „Трескавец“ датирал од 6 век. Во 14 век манастирот бил на удар на разурнувачи. За нецели сто години бил обновен и му била вратена автентичноста со нови религиски елементи, специфични за тој период. Но духовното светилиште „Трескавец“ било погодено и од огнена стихија во 19 век и во 90-тите години на минатиот век. Конаците потоа се обновени.

Живописот во црквата „Успение на пресвета Богородица“ датира од повеќе временски периоди и е во лоша состојба поради влагата во објектот. Меѓу знаменитостите на манастирот е и двокрилна врата кон трпезаријата, работена во плитка резба, крстот „Космитис“ од 16 век, работен во резба, и певница изработена во инкрустација.
Богатиот ентериер на црквата го дополнуваат празничните икони, иконите со претстави на апостолите и други икони што потекнуваат од 17, 18 и 19 век.

Просторот, на кој е изграден манастирот, како да е позајмен од некој месечински пејзаж. Комплексот е заштитен од сите страни. Локалните приказни раскажуваат дека Севишниот го чувал манастирот од невреме и трескавици. Затоа местото се вика Трескавец. Со години се пренесува преданието дека монасите од дамнина поставиле златно јаболко на највисоката точка од манастирот на над 1.300 метри за да го чува од чести грмежи.
Од манастирот има величествен поглед кон Пелагонија. Се е на дланка. Досега дури отаде границата.

Британската телевизија Би-би-си пред две години сними една од епизодите на документарната серија „Новата Европа на Палин“ на Трескавец. Нејзиното прикажување на програмата на неколку светски телевизиски куќи резултира со зголемен интерес за посета на манастирот кај странците, кои доаѓаат од различни земји. Деновиве поголема група израелски туристи го посетија „Трескавец“ и најавија дека повторно ќе се вратат.
Каролина Мицеска



сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!