Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Духовен Азбучник arrow Зошто Христос ја проколнал смоквата?
Зошто Христос ја проколнал смоквата? Испечати Е-пошта


drvo.pole.jpgТоа се случило неколку дена пред извршувањето на казната на Голготата. Последната недела од својот земен живот Исус проповедал во Ерусалим, заедно со учениците. Навечер заминувал да ноќева во предградието – на Елеонската гора. Еве што пишува во Евангелието: А утредента, враќајќи се во градот, огладне; и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па како не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Отсега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши (Матеј 21:18-19). Евангелистот Марко го дополнува Матеја со поразителен детал: Исус се приближил до дрвото, макар што уште не беше времето за смокви (Марко 11:13). На прв поглед се чини дека Тој без причина го казнил дрвото – зашто тоа не било виновно што немало плодови. Зашто, каква смисла има да се бараат плодови, ако не настапила сезоната? Дали проколнувањето било искажано заради раздразнетост, гнев?
Смоквата е плодоносно дрво чија татковина е Мала Азија и Средоземноморието. Дрвото достигнува висина до 11 метри, макар што на каменити почви расте како грмушка. Според Библијата, по падот во грев, Адам и Ева си направиле облека од смоквини лисја (Битие 3:7). Во символиката на Стариот Завет, смоквата е образ на мир и на Божествена благонаклонетост.

За да се разбере некое конкретно место во Библијата, треба да се знае контекстот. Дали уште на некое место се зборува за смоква? Да, има такви места. Половина година пред опишаниот настан, Христос ја кажал следнава парабола: Некој човек имаше во своето лозје посадено една смоква, па дојде да бара од неа плод, и не најде. Тогаш му рече на лозарот: Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зашто само да ја испостува земјата? А тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја и оваа година, дури да ја опкопам и ì ставам ѓубре: па, ако роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш“ (Лука 13:6-9).

Исусовите проповеди често претставувале приказни, особено кога Тој му се обраќал на простиот народ. Како, поинаку, можеле да им се откријат на луѓето величествените тајни на духовниот свет, ако не преку повикување на нештата од секојдневниот живот, коишто на секого му биле познати? Истовремено, тие нешта за Јудејците често претставувале религиозни символи. Лозјето и смоквата не се сфаќале само како земјоделски култури. Во Стариот Завет Израил се нарекува „Господово лозје“ и „смоква“. Тоа дрво, исто така, символизирало и мир и Божји благослов на израилскиот народ. Повеќето од толкувачите на Евангелието сметаат дека во таа евангелска парабола се работи за своевиден дијалог меѓу Лицата на Пресвета Троица – Бог Отец (господар на лозјето) и воплотениот Син Божји (лозар) за судбината на старозаветниот Израил, претставен во образот на смоквата. Три години смоквата (Израилот) не можела да даде плод. Зошто, имено, три години? Затоа што толку време им проповедал Исус на Јудејците, пред да им ја каже оваа парбола.

Каков плод требало да даде „смоквата“? Столбот на Стариот Завет била подготовката на луѓето за средбата со Месијата, Кој требало да го избави Израилот од гревот. Меѓутоа, во времето на проповедањето на Исус, тоа избавување често се сфаќало мошне упростено. Не како избавување од власта на гревот, туку како остварување на политичката независност од Римската империја, односно избавување од власта на паганите. Затоа повеќето од религиозните Јудејски лидери не го препознале и не го прифатиле Оној Кого што толку долго го очекувале и самите тие, и нивните татковци и дедовци... Покајното обраќање кон Бога и вера во спасение преку Богочовекот Исус Христос – тоа е плодот што Господ го очекувал од Јудејците. И, пред сè – од нивните водачи и учители.

И така, Исус Го моли Отецот малку да почека и да не го сече бесплодното растение. По ова, службата на Христос продолжила уште половина година, и за сето тоа време Тој, како и дотогаш, ги „ѓубрел“, „окопувал“ и ги „обработувал“ закоравените човечки срца, за да принесат плод. И ете, на прагот на крсните страдања, гледајќи го упорното неверие на водачите на Израилот, Христос ја донел пресудата.

Но формата на пресудата повторно била сликовита, претставувала парабола, само што овој пат параболата не прозвучала преку зборови, туку преку дејствија. Преку какви дејствија? Исус не ги спалувал со оган неверните Јудејци, не ги претворал во столбови од сол – туку ја исушил смоквата, покажувајќи им ја нивната перспектива – се разбира, ако не се покајат. И тоа го направил така што дејството на проклетството станало очигледен факт, а не само строг збор. Тоа предупредување станало реалност по четириесет години, во 70-тата година. Императорот Веспазијан го задушил во крв востанието на Јудејците, речиси целосно го разурнал Ерусалим и Ерусалимскиот Храм, и ја уништил номиналната власт на Јудејците. Затоа и предупредувањето на Христос не било толку силно заради раздразеност или гнев, туку затоа што Господ сакал да ја спречи трагедијата што се наближувала.

Проколнувањето на бесплодната смоква е – расказ во дејствие. Такви нешта веќе имало во историјата на Израилот, и древноеврејските пророци користеле таква форма на проповед. Јеремија пред лицето на народот си ставал јаже и јарем на вратот, и исти такви јажиња и јареми испратил до царевите на околните народи – како знак дека сите тие ќе му служат на Вавилонскиот цар Навуходоносор (Јеремија 27). Језекиил ставил пред себе тула, којашто го символизирала Ерусалим, и поставил опсада околу неа, покажувајќи им со тоа на Јудејците дека градот ќе биде заземен од страна на Вавилонскиот цар. Тој, според словото Господово, откако се подготвил за пат, направил отвор во ѕидот и низ него ги изнесувал своите ствари, изобразувајќи со тоа дека по заземањето на Ерусалим од страна на Навуходоносор, народот Божји ќе го чека преселба во ропство (Језекиил 4; 12).

Но сепак, во параболата нешто останува нејасно. Зошто Исус воопшто дошол до дрвото, ако времето на донесување плод сè уште не настапило? Се работи за тоа што смоквата има една особеност. Плодот на неа се појавува пред појавувањето на лисјата, а дури потоа созрева. Така, во пролетта, додека другите дрвја сè уште биле без лисја, смоквата била покриена со лисја. Логично било да се очекуваат и плодови, но...

Толкувачите на Евангелието ја споредуваат бесплодната смоква со Израилот од времето на Христос. Кога Господ се приближил до дрвото, единствено тоа, во однос на другите смоквини дрвја, било покриено со лисја. Среде другите народи на древниот свет Евреите имале богооткриена религија, Закон и пророци – односно, тие знаеле каков плод очекува Господ од нив. И ако за останатите народи времето на давањето плодови уште не било дојдено, зашто сè уште не била разгласена низ целиот свет веста за спасението преку Богочовекот Исус Христос, Израилот морал да биде плодоносен, морал во Исуса да Го препознае својот долгоочекуван Месија. 

Приближувајќи се до смоквата, Христос не нашол плод на неа – таа само ги доведувала во заблуда луѓето, ги измамувала патниците со својата убавина, но била апсолутно бесполезна, зашто не можела да го задоволи гладот. Така и Христос „дојде при Своите и Своите не Го примија“ (Јован 1:11). Во Ерусалимскиот храм продолжувале да се вршат прекрасни и раскошни богослужби, текле потоци крв од жртвените животни. Но  по доаѓањето на Богочовекот на земјата, по Неговата крсна смрт, тие жртви и ритуали станале апсолутно бесполезни за оние коишто сакале да го задоволат гладот заради богооставеноста. Навистина, ако Христос е Бог, веќе  не се потребни никакви жртвени овнови.

На историски план, проколнувањето на смоквата е символ на отфрлањето од страна на Христос на оние религиозни водачи на Евреите, коишто Него го отфрлиле. Но, Светото Писмо не е архива на чуда и на високоморални проповеди, не е музеј на проклетства и благословувања. Сè што некогаш го направил, евангелскиот Христос продолжува да го прави и денес – ги сака оние коишто никој не ги сака, им простува на оние од кои сите се откажале, исцелува од душевни и телесни страдања луѓе за кои говорат дека се проколнати... Но, како и пред две илјади години, и сега Тој на Својот пат сретнува бесплодни смокви. Само што денес тие не се покриени со лисја на старозаветните, туку на новозаветните заповеди. Заповеди усвоени формално, заповеди што не го промениле човечкото срце... Затоа евангелскиот расказ за проколнувањето на бесплодната смоква служи како вонисториско и вонвременско предупредување до сите поколенија христијани дека секој човек може да се најде на местото на бесплодното дрво.

Роман МАХАЊКОВ

 Подготви: д-р Драган Михјловиќ

Посети:2112


Е-пошта

  Коментари (8)
1. Пратено од Бог е љубов, на 20-05-2008 18:15
Слава Ти Господи Исусе Христе!!! 
Сега, секогаш и во сите векови, Благословен Господи!
2. Пратено од ристо, на 21-05-2008 12:38
Вие цте солта на светот,вие сте светлината на светот, да се трудиме секогаш да бидеме тоа, да даваме плодови.А сега да се потсетиме на пожјата заповед која ни ја заповеда па да извикнеме во силата на Духот“ Да работиме не за храна што се расипува,но за храна што останува за живот вечен која ни ја дава Синот човечки(Јвн.6,27).Амин.Алелуја!
3. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 27-05-2008 16:20
DALI TOA SE ODNESUVA I ZA NEPLODNOST KAJ MASKIOT I ZENSKIOT POL I DALI E TOA PORADI GRESNOSTA NA COVEKOT
4. Пратено од дарко+, на 29-05-2008 17:50
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! 
Дали смоквата на сликата е од Елеонската гора?Сум слушнал дека уште постои.
5. Пратено од Dragan, на 29-05-2008 18:57
Дарко,  
 
Сликата е земена од еден сајт на интернет, и просто сликовито доловува исушено дрво... Не е важно дали проколнатото и исушено смоквино дрво се уште постои, важно е дали ние ќе се покажеме неплодни како тоа смоквино дрво...
6. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 03-06-2008 22:21
Gospodi Isuse Hriste Sine Bozji ti si spasitelot na nasite dusi i prosti gi nasite grevovi i daj ni mir i spasenie za da mozeme da go docekame tvoeto vtoro idane na zemjata.
7. Пратено од жарко, на 06-06-2008 13:47
кај Санџаковски имам читано дека во палестина,кога бил на аџилак, во 1989 ја видел смоквата на која се качил митникот Закеј,уште била зелена! 
слава му на Бога за се
8. Пратено од ристо, на 06-06-2008 21:21
Жарко брате не е пораката дали постои смоквата или непостои,туку дали ти принесуваш плодово пред Бога(Галат.5,22 -24)денес.Дали си донесол некоја душа при Христа,некој од пријателите твои,другарите, роднините кои се индиферентни према црквата и према Бога. Бог да те благослови моли се тоа да ти помогне Бог да го направиш и ќе покриеш многу гревови.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 13
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно