Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Полезно и Потребно arrow БОЖЕСТВЕНАТА СТРАШНОТАИНСТВЕНА СЕКАДЕПРИСУТНОСТ
БОЖЕСТВЕНАТА СТРАШНОТАИНСТВЕНА СЕКАДЕПРИСУТНОСТ Испечати Е-пошта


Hristos.pantokrator.jpgНиту едно смртно суштество на овој свет не може живо да застане пред Бесмртниот Бог, а притоа да не се растопи или исчезне од неапсорбливата Негова Божествена Слава;
„Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, кој е во крилото на Отецот - Он Го објави" (Јн. 1, 18).

Кој смртен човек може да погледне во Божјото Лице а остане жив? Може ли некој прецизно да одреди колку е силна светлината на сонцето, колкава е големината на ѕвезденото небо, од каде доаѓа разбеснетоста на океанските бури, колкава е јачината на ветровите и временските непогоди или пак колкава е величественоста на планините? А сето тоа се божји созданија кои се ограничени од својата милнивост. Тогаш има ли граница, односно може ли некој да ја измери или детерминира неограничената и неизмерлива Божествена Сила и Слава? Никој - вели Св. Ап. Јован. Зашто страшнотаинствено е да се види самиот ангелски лик, а камо ли Божјиот Лик. Па тогаш како Бог како предвечсн промислител и создател на се им се покажувал на своите чеда - луѓето за да им покаже и докаже дека се грижи за нив, а тие без него дека не можат? На разни форми разбирливи на човековата можност за спознавање.

Меѓутоа Он како преблаг, предобар и многумилостив не не оставил нас луѓето сами на себе да се снаоѓаме во овој несовршен свет како знаеме и умееме, но постојано ни се дава и ни става на знаење дека, во нашите животи секогаш можеме и треба да се потпиреме и надеваме на Него, зашто Тој едноставно е насекаде околу нас. Токму поради тоа постојано не гледа и следи според својата непроменлива Божествена промисла, во однос на нашето богоуподобување во Него, т. е. дали напредуваме, отстапуваме или стоиме во место. Освен Бог, лично нас не набљудуваат и безбројните ангелски и светителски сили, надевајќи се во Славата Божја дека и ние ќе го прифатиме и следиме нивниот пат. Водена и осветена од Духот Божји целата Света (Православна) Црква на земјата, страшнотаинствената и милосна вистина за Божествената секадеприсутност им ја претставува на своите верници во божји храмови, преку иконите, фрески и останатите свети твари.

Токму поради тоа, за нас христијаните, но и за сето останато човештво неопислива е и неискажлива таа Божествена секадеприсутност. „Зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив" (Мт. 18, 20). Он беше присутен пред Адам во рајот, со Ное во коработ, пред Мојсеј на планината, со Аврам пред жртвеникот, преку Христос меѓу Израилот и со Апостолите помеѓу сите луѓе низ целата земја и вселена. За нас кои сме ограничени од времето и просторот, понекогаш можеби и несватливо е сето тоа, но притоа да не заборавиме дека човечкиот ум и разум најчесто размислува рационално (а таа рационалност не може во себе да го восприеми Бога) и секогаш да имаме предвид дака за Него секогаш се е можно, токму затоа што Он е вистински БОГ!

Бидејќи како Бог нам христијаните ни покажа пат како да се избавимеод смртта, портите на пеколот и канџите на ѓаволот, дарувајќи ни можност за спасение   и   живот   вечен,   овој   пат   свесни   за   неговата   Божествена   и страшнотаинствена секадеприсутност, се поздравуваме со братскиот поздрав:
ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС - Е И ЌЕ БИДЕ!

М-р И. О.

Посети:836 


Е-пошта

  Коментари (2)
1. Пратено од Лаврéнтиј, на 20-04-2008 16:15
Можам искрено да кажам дека ова дело, 
без премногу зборови е цврста вистина за оние скептични умови кој прават огромна грешка околу расудувањето на тоа:Зашто Небесниот Отец не го гледаме преку Неговите Дела,туку со алчен материјализам посакуваме да бидеме сведоци на Неговото Божествено Присуство? Се надевам дека кај многу од вас Браќа и Сестри оваа тема ќе ја зајакне верата и ќе ги скрши оние зли помисли кои се дел од искушението што не тера да се посомневаме во постоењето на нашиот Творец. 
 
Слава му на Отецот, 
Синот и Светиот Дух !
2. Пратено од mir, на 08-06-2008 22:56
Jas mislam deka negovata seprisutnost moze da se prepoznae prku mirot i blagodetta sto ni ja dava prku molitva.ednostavo go custvuvas.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 9
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

20/11/2008 - четврток

Светиот маченик Јерон со дружината;
Преподобен Лазар Галасиски;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно