Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Одговори на современи проблеми arrow ЈОГА И МЕДИТАЦИЈА
ЈОГА И МЕДИТАЦИЈА Испечати Е-пошта

Монах Арсениј Влианкофтис

Нашава епоха е епоха на голема духовна конфузија и отпадништво од Божјата волја. Татко на таа состојба е ѓаволот, кои употребува луѓе што ги вовлекува во заблуда, за да го реализира својот човекоубиствен план. Таа конфузија ја негуваат воглано групите на таканаречената “Нова Епоха”. Нивна основна догма е дека сите религии се исто. Сите се патишта кои водат кон истата цел. Меѓутоа, Самиот Господ наш Исус Христос ги побива велејќи во Евангелието: Јас Сум Патот и Вистината и Животот (Јован. 14, 6). Според тоа, не постојат многу патишта кон спасението, освен едниот и единствен, а тоа е Христос и Неговата Црква.

Проповедниците на конфузијата ја поистоветуваат христијанската молитва со јогата и со медитацијата, кои се техники на источните религии и на окултизмот.

Со тоа што ќе го кажеме во продолжение верувам дека ќе ја растуриме таа конфузија.

Христијанската аскеза

Аскезата е озаконета од Самиот наш Господ во светото Евангелие. Аскезата е средство за да се стигне до целта на христијанскиот живот, а тоа е ослободувањето од страстите и соединувањето со Бога (обожување по благодат). Форми на аскеза се: постот, бдението, молитвата, искреното покајание и исповед, смирението, трудот за отсекување на сопствената волја бивајќи послушни на Божјата волја, немањето доверба во сопствените непостоечки сили, туку во Божјата сила, да Му ги оддаваме на Бога сите наши добра и секој наш непредок на патот на добродетелта, а врз себе да ја префрламе одговорноста за нашите гревови. На ова треба да го додадеме и изучувањето на Божјото слово и свесното учество во Светите Тајни на нашата Црква, особено во Светата Тајна покајание и исповед и во Светата Тајна на Божествената Евхаристија. Аскезата не е само за монасите и за клириците, туку е за сите христијани, како што јасно се гледа во светото Евангелие и во житијата на Светите на нашата Црква. Тој пат на спасението го чекореле милиони Светители на нашата вера. Аскезата всушност е човекот да го тргне од својата страна: “сакам”. “Можам” го става од Своја страна Сесилниот Бог.

Така полека полека се исцелува болниот од гревот човек. Тоа исцелување се случува само во духовната болница која се нарекува Црква. За да се постигне исцелувањето неопходна е аскезата.

Аскезата во Православното терапевтско предание не е некаква техника. Не е збир од вежби.
Напротив, аскезата е усрдно одговарање на Божјата љубов. Значи, да правиме човечки сé што е потребно за да го очистиме внатрешниот човек, па да дојде и да се всели во нас Божјата благодат. Впрочем Бог го прави првиот чекор за да го сретне човекот, а не човекот за да Го најде Бога. Сега доаѓаме до критичната точка.

Наводни сличности

Постојат некои сличности помеѓу аскезата во православниот и во вонправославниот простор, кои можат да му направат впечаток на некого што останува на привидната сличност на дрвјата во однос на лисјата, а не ги гледа разликите во трупот, во корените и воглавно во плодовите.

Надворешните сличности на т.н. психосоматски метод на умствената молитва со техниките на медитацијата станаа повод за да се пишува многу, воглавно последниве години. Да не забораваме дека фалшливото секогаш го имитира автентичното. ѓаволот може да се преправи дури и во ангел на светлината за да заблудува.

Меѓутоа што е молитва? Молитва е разговор на душата со Бога. Многу позната во монашкото предание е т.н. умствена молитва (Господи Исусе Христе, помилуј ме), која ја негувале и ја негуваат сите богољубиви души, а не само монасите.

Во што општо се состои т.н. психосоматски метод на умствената молитва? Во следново: Седи човек на едно ниско столче со наведната глава, така што да гледа кон градите под срцето и се обидува да го усогласи дишењето со Исусовата молитва, во чии што зборови и смисла се обидува да го сконцентрира својот ум и да го стоплува своето срце.

Меѓутоа тоа не се дава како рецепт, ниту го даваат сите учители на умствената молитва, ниту им се дава на сите кои би сакале да се занимаваат со тоа. И не треба да забораваме дека тоа може да помага, но тоа не е целта. Ова прашање ќе го развиеме во продолжение.
Медитацијата од друга страна ја дефинира Индискиот гуру Сатва Саи Баба како метод преку кој умот учи да се концентрира1.
Во овој случај на поврзување на умствената молитва и медитацијата се прави еден нечесен обид. Тоа е обид да се прикаже дека наводно имаме два различни, но суштински сродни патишта, кои водат кон истата цел, и дека имаме две различни преданија, но кои всушност го опишуваат истиот опит. За жал дури и професори на Православни Теолошки факултети, како што е на пример професорот Сава Агуридис, го поддржуваат тоа гледиште.

Овој обид за конфузија се вклопува во синкритистичките рамки, низ кои ги гледа нештата т.н. Нова Епоха. Како што кажавме и на почетокот, го велат тоа за да ги заблудат и заведат неутврдените, дека наводно сé е исто. Меѓутоа, во суштина ниту тие самите не веруваат во тоа, бидејќи веруваат дека нивната вера ñ припаѓа на Новата Епоха и според тоа се наоѓаат на повисоко развојно ниво од нас христијаните, кои сме останале, како што велат, залепени за старата епоха, односно за Епохата на Рибите, како што ја нарекуваат епохата на Христијанството!

Би можеле да кажеме многу за сфаќањето за Бога, за човекот и за светот, врз кое се темели христијанската православна молитва. Од друга страна би можеле да кажеме подеднакво многу за сфаќањето за Бога, за човекот и за светот, врз која се темелат јогата и медитацијата. Овие две сфаќања се меѓусебно потполно спротивни и неусогласиви. За нас христијаните Бог е Личност. Од љубов го создал човекот, кој е исто така личност. Бог исто така од љубов го создал светот и за интересира за него, како што, се разбира, и многу повеќе, се интересира за човекот. Напротив, пак, согласно со источните религии и со “Новата Епоха”, Бог е безлична надсвест која се поистоветува со севкупниот свет. Значи, имаме пантеизам. Согласно со нив, човекот е капка која треба да изгасне во океанот на безличниот Бог - вселена. Не постои слобода ниту одговорност согласно со сфаќањето на “Новата Епоха”. Велат дека сé се детерминира врз основа на слепиот закон на кармата и на реинкарнацијата, кој секако не е закон, туку е едно религиозно верување на источните религии и на окултизмот. Согласно со таа заблуда, душата по телесната смрт влегува во друго тело, било човечко било животинско. Може да влезе дури и во растение или во камен, бидејќи сé во суштина е истото, како што велат.

Православниот став

Православниот став во врска со заблуденото гледиште дека наводно медитација и молитва е исто, може да се резимира во следново: Читам во книгата “Силата на Името” од Епископот Диоклиски г. Калистос Вер, профессор на Оксфордскиот Универзитет: Заедно со сличностите постојат исто така и разлики. Сите слики имаат рамки и сите рамки на сликите имаат некои заеднички карактеристики. Тоа што нé интересира е сликата, не рамката. Во случајот на Исусовата молитва, природните вежби се како рамка, а умственото повикување на Христа е слика во рамката. “Рамката” на Молитвата наликува на некои нехристијански “рамки”, но тоа не треба да ни го одвлекува вниманието од единственоста на сликата која е обвиткана со карактеристичната содржина на молитвата. Суштинската точка во Умствената Молитва не е нејзиното повторување само по себе, ниту како седиме или дишиме, туку кому му зборуваме; а во овој случај зборовите јасно Му се упатуваат на Воплотениот Спасител Исус Христос, Синот Божји и Син на Дева Марија.

И продолжува: (Исусовата молитва или умствената молитва е) повикување упсатено кон една друга личност, кон Бога Кој стана човек, Исус Христос, кон нашиот личен Спасител и Искупител. Според тоа, Исусовата молитва многу се разликува од некој изолиран метод или техника. Постои во еден одреден контекст, и ако се оддели од тој контекст, тогаш ја губи својата вистинска смисла. Контекстот на Исусовата Молитва е најпрво контекстот на верата. Повикувањето на Името претпоставува дека некој кој ја кажува молитвата верува во Исуса Христа како Син Божји и Спасител. Поздаи повторувањето на една форма зборови треба да постои жива вера во Господа Исуса, во тоа што Он е и во тоа што Он го прави лично за мене.
Второ, контекстот на Исусовата молитва е контекст на заедницата. Не Го повикуваме Името како одделни индивидуи, потпрени исклучиво на сопствените внатрешни сили, туку Го повикуваме како членови на заедницата на Црквата...Ниту за еден момент (нашите Свети Отци) не се соочиле со повикувањето на Името Исусово како замена на Светите Тајни, туку прифатиле дека оној што ја употребува, би требало да е активен член на Црквата.

И за да ги дополниме овие мисли:
Нашата цел во молитвата е да комуницираме со личноста на нашиот Господ Исус Христос и да се соединиме со Него, (но тоа соединување не ја укинува личната поинаквост), а во медитацијата целта е да се раствори индивидуалното Јас како капка во океанот на сесветската надсвест, која не е личност.

Во медитацијата не му се обраќа човек на некоја посебна личност, со која го поврзува љубовта, туку  се обраќа на Себеси, верувајќи дека самиот во својата суштина е Бог. Секако тоа е демонска заблуда и прелест, што за да ја поткрепат, погрешно ги толкуваат искривувајќи ги Христовите зборови: Царството Божјо е внатре во вас (Лука. 17, 21). Меѓутоа, тоа не значи дека човекот по својата природа е Бог, како што заблудувајќи и заблудени веруваат и проповедаат новоепохистите, туку значи дека штом некој е крстен, тогаш во него живее несоздадената Божја благодат, односно Светиот Дух, а оној што ја има во себе Божјата благодат, тој од сега го живее тоа што го нарекуваме Царство Божјо.

Значи, медитацијата не е движење на излегување од егото, не е движење на ослободување од егоизмот, односно движење на љубов, туку е егоцентрично струјно коло.

Во медитацијата има обраќање кон медитативниот објецт, како што го нарекуваат. Тоа би можело да биде, согласно со следбениците на медитацијата, формата на Буда, огнот на една свеќе, или било што друго ( и зошто не, додаваме ние, и формата на Луцифер, доколку тоа го “вдахнува” и му “помага” на тој што медитира).

Кога тие што практикуваат медитација им се обраќаат на христијани, за да ги заведат, велат дека во часот на медитацијата можат да го сконцентрираат своето внимание на Исуса Христа. Така ја негуваат конфузијата, бидејќи на терминот “Христос” му даваат друга содржина. За нив Исус Христос не е, како што е за нас, Бог и совршен човек, туку е еден од големите учители помеѓу другите. Меѓутоа, пред сé, како што велат, е состојба внатре во нас! Велат дека сите сите по својата природа сме Христоси. Меѓутоа ние Православните не веруваме во демонската лага дека наводно ние по својата природа сме Богови, туку се бориме со Божја помош да Му се уподобиме на Христа и следствено на тоа да станеме Богови по благодат, како што се Светителите. Разликата е огромна. Во случајот на медитацијата се применува луциферската лага на автоспасението, а во случајот на молитвата се осветува човекот во заедница на љубов и на послушност со Единствениот Свет Троичен Бог.

Следбениците на медитацијата зборуваат и за надминување на медитативниот објект.
Меѓутоа, тоа “надминување на медитативниот објект” е потполно туѓо и неусогласиво со Православната молитва. Исус Христос не е за нас некаков медитативен објецт, ниту, пак, наша цел е да го надминеме достигнувајќи до некоја “состојба на чиста свест” или “на подлабоко спознавање на Себеси”.

Еден друг момент што треба да го нагласиме е дека со техниките на медитацијата човек достигнува до височините на гордоста, а со молитвата се смирува, не презира никого и, реално спознавајќи се себеси, кога доживува состојби на Божјата благодат, се смета себеси полош од другите, дури и од бесловесните животни. Подолу од сета твар, како што читаме во “Старечникот”.

Медитирачот кој верува дека во својата суштина е Бог, не може да каже “помилуј ме”, два збора кои се клучот на умствената молитва. Со други зборови, следбеникот на догмата “сакам и можам” на новоепохистичката “позитивна мисла” да се смири.

Впрочем, медитацијата во конечна анализа, го води тој што медитира во состојба на автохипноза. Стремежот за соединување со објектот на медитацијата (што е главна цел на медитацијата) не е ништо друго освен производ на фантазијата, која согласно со Православниот аскетски терапевтски метод треба да се маргинализира. Тоа движење во просторот на фантазијата (поточно во просторот каде што реалноста и фантазијата се мешаат) може да достигне до состојби кои се во компетенција на психијатријата, како што се случи, на пример, со еден следбеник на “позитивната мисла”, кој се обидел со “силата на умот”, како што верувал, да запре еден воз, при што се разбира беше прегазен од возот. Постојат мноштво слични безумни примери. Секако, демонскиот елемент ги потпомага сите тие состојби.

Покајание и смирение

Аскезата не е техника. Тоа се виде и од споредбата помеѓу умствената молитва и медитацијата. Не е нешто со кое можеме да извршиме насилство врз Божјата слобода. Аскезата во Православното предание не е цел за себе, туку е средство. Нашата цел со аскезата не е да ги умртвиме страстите и да му наштетиме на телото. Ние не сме научени да бидеме телоубијци, туку страстоубијци, вели авва Пимен во “Старечникот”.

Бидејќи аскезата не е цел за себе, затоа и Православниот човек нема за цел да гледа светлини или виденија, да има “опити” или да прави чуда. Ако некогаш и некаде се појави случајно некоја “желба за виденија” или “желба за чуда”, ќе треба да знаеме дека тоа се скршнувања од Православниот менталитет и етос. Православниот човек ги одрекува “опитите” што ѓаволот е подготвен да ги понуди “овде и сега” и без да му бидат побарани. Се разбира, многу повеќе кога ќе му бидат побарани.

Постои голем јаз помеѓу еден вистински пророк, односно еден Светител на Православието, и еден окултистички магионичар, факир, чудотворец, медиум.

Отварајќи една мала заграда ги изложувам синоптички основните точки на разликата:
1. Пророкот, односно Светителот, не е самоизбран, туку е Богоизбран.
2. Вистинскиот пророк има чувство на својата ништожност, а магионичарот - чудотворец е полн со демонска гордост.
3. Вистинскиот пророк не отвара “фирма за пружање услуги”, ниту го повикуваат луѓето; тој оди при нив.
4. Вистинскиот пророчки збор е обично непожелен од оние кон кои е упатен и ги предизвикува, а не им ласка.
5. Содржината на пораката на вистинскиот пророк не е нова, туку стара која се заборавила.


И за да се вратиме на прашањето за виденијата и “опитите” затварајќи ја заградата, можеме да додадеме дека: Божјата благодат може да ги посетува очистените и достојните, како што и кога што таа ќе оцени дека е полезно за нив самите или за надградба на Телото Христово, односно на Црквата. Меѓутоа тие опити ниту се изнудуваат ниту се цел за себе.

Светителите советуваат да бараме покајание, кое и самото е Божји дар, и кое според светиот Исаак Сирин е највозвишено од сите добродетели. Значи, покајание да бараме, а не да правиме чуда, што може, доколку немаме смирение, да ни наштети или дури да нé уништи.
Начинот на кој Светителите го одбиваат искушението на желба за “опити” е смирениот начин на мислење.

Во житието на блаженоупокоениот Старец Паисиј Светогорец се наведува следнава случка:
Една вечер додека бдеел молејќи се, му се сторило дека се отвара таваното на келијата и дека ќе се појави Христос да го благослови. “Боже мој, кој сум јас за да се удостојам да Те видам?”, била смирената помисла што веднаш ја помислил, и видението што го подготвувал ѓаволот да му го покаже молничаво исчезнало.

Критериум за автентичноста на Православната аскеза е истата да се врши со усрдност (поим што особено го нагласуваше блаженоупокоениот Старец Паисиј) и љубов, со смирение и расудување и, се разбира, без да ја следиме сопствената волја. Значи, да се врши со послушание и тоа со “радосно послушание”, за да се сетиме и на еден друг голем наш современ Свет Старец кој се упокои, а тоа е отецот Порфириј.

Можеби некој лесно може да направи петстотини метании следејќи ја својоата волја, своето мислење, својата проценка, имајќи доверба во себеси. Меѓутоа, да направи сто со послушание е потешко, бидејќи во тој случај лукавиот е тој што попречува и војува, а во првиот случај дава сила и укрепува.

Разликата помеѓу Православната аскеза од една страна и демонската “аскеза” од друга страна, се гледа во расказот од Старечникот во врска со авва Макариј Египетски:

Еднаш кога одеше Авва Макариј кон својата келија, носејќи палмови гранки, го сретна ѓаволот по патот со срп. И сакаше да го удри, но не можеше. И му рече: “Голем отпор наоѓам кај тебе, Макариј, не можејќи да ти сторам зло. Меѓутоа, сé што правиш ти, правам и јас. Ти постиш? А јас не јадам воопшто. Бдееш? А јас не спијам воопшто. Само едно нешто имаш со кое ме победуваш”. Авва Макариј го праша: “Кое е тоа нешто?”. А тој му одговори: “Твоето смирение. Тоа ме обессилува”.

Од она што беше наведено до сега, верувам стана јасно дека Православната аскеза, а особено молитвата, во суштина нема никаква сличност и сродност со јогата и со медитацијата што ги негуваат далекуисточните религии и групите на т.н. Нова Епоха. Оние кои го велат спротивното, тие или ги заблудуваат луѓето негувајќи ја новоепохиската конфузија на ересите, или паѓаат како жртви на таа конфузија.

Единствениот безбеден начин за да не падне некој како жртва на ересите е свесно и органски да ñ припаѓа на Православната Црква, која е единствениот ковчег на спасението за човекот, бидејќи го одржа нефалсификувано Евангелието и преданието што ни го предаде во наследство Светиот Дух преку Светите Апостоли и преку нивните наследници. Само тогаш бива покриван од Божјата благодат, се просветлува од Светиот Дух и безбедно бива воден кон спасението.

Превел: А.С.

Посети:{mshits}


Е-пошта

  Коментари (8)
1. Пратено од ???, на 16-04-2008 16:14
No sto dokolku yoga vezbite ni se preporacani od lekar specijalist? Za r'bet ili slicno? 
Zosto yoga vezbite koi se navistina korisni za r'betot i cirkulacija se povrzuvaat so okultizam??? 
Toa se samo vezbi kako sto sme vezbale na casovite po fizicko vo uciliste.. 
Eden den ke procitam i toa deka vezbite na casovite po fizicko se okultizam.. 
Ajde ve molam razlikuvajte crno i belo! 
Eve jas vezbam yoga a istovremeno se vezbam vo Isusovata molitva i se trudam da sum redovna na liturgiite. Se trudam i vo postot.. Bog znae kolku mnogu go ljubam.. 
Dali toa znaci deka sum okultistka, ve molam???
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 30-05-2008 02:31
Медитацијата (се извинувам не го прочитав текстот во потполност, но работите горе долу се повторуваа), не е начин на егоцентрично воздигнување на себе си во Бог. Тоа е начин на кој го смируваме нашиот памет, кој е хаотичен и склон кон негативни мисли и размислувања и го загадува нашето срце и нашата душа со нечесни мисли, а со тоа т.н прочистување од лошите мисли ние се капиме во Божјата светлина а со тоа и комуницираме со Бог. Кажуваме молитва и бараме совет. Бог е секаде околу нас. Од Бог живееме и Бог живее во нас.  
 
Бог ја дава светлината во медитацијата, тоа што сите што медитираат сакаат да го постигнат.  
 
Мислам дека се искривува сликата (од разни неупатени луѓе кои медитацијата ја поистоветуваат со религија) за тоа како комуницираме со Бог. 
 
Скратено: Молитвата е медитација, медитацијата е молитва!
3. Пратено од Vezhbach, на 30-05-2008 10:30
Da, ako se ostane samo na fizichko vezhbanje .Se ponatamu e okultizam!!!
4. Пратено од Изгорен, на 30-05-2008 20:52
Ова е клучот: 
 
Нашата цел во молитвата е да комуницираме со личноста на нашиот Господ Исус Христос и да се соединиме со Него, (но тоа соединување не ја укинува личната поинаквост), а во медитацијата целта е да се раствори индивидуалното Јас како капка во океанот на сесветската надсвест, која не е личност. 
 
Индуската медитација не е молитва, иако има сличности. Целите се тотално поинакви. Исусовата молитва грее, јогинската медитација смрзнува, сè поради суштинската разлика меѓу нив - целта на медитацијата е личноста да се изгуби во колективното несвесно, па и да се „отвори“ за „космичките влијанија“ - директно кажано, викање демон да се всели во душата, додека со Исусовата молитва правиме место Светиот Дух Божји да се всели во нас, а Тој не ја поништува нашата личност, туку ја вдахновува (вДУХовува) да биде она што е (да суштествува) - што е мнооооогу различно. 
 
Верно велат Отците, многу искушенија во последните времиња. Медитацијата за еден христијанин може да биде само плод на долготрајно вежбање молитва, затоа што наш најсоодветен превод на зборот е „созерцување“ - ѕеркање на Царството што дојде и што доаѓа, но не по свој ум, туку по Христовиот. 
 
Да не даде Бог дарот на молитвата да го трошиме (и губиме) на јога.
5. Пратено од Дрводелец, на 31-05-2008 14:52
Почетниот, најнизок степен, со кој се соочуваат љубителите на јогата - позната како хатха-јога, претставува обичен систем физички вежби со јасна цел; добра психо-физичка состојба и здравје, убаво обликувано тело и кондиција. 
 
Неупатените во суштината и смислата на јогата, оваа симпатична источна вештина ја прифаќаат као некој вид тренинг по аеробик или гимнастика. Не насетуваат дека суштинската смисла на практикувањето јога е прифаќање на многубожечките култови на Истокот, кои суптилно се подметнуваат под маската на научниот пристап на тајната на човековата природа. 
 
Иницираниот јоги вежба со години и децении, не заради здравје и убавина, туку за да го добие она за што и тргнал на тој макотрпен пат, а тоа е - просветлението. Вежбите самите по себе немаат голем предизвик во смисла на духовна пракса. Интересно е дека она што тие го нудат со упорно повторување се - сидији (моќи). Во секој прирачник ќе најдете јасни упутства: ако го правиш тоа и тоа, ќе го добиеш тоа и тоа! Се однесува воглавно на моќ и и натприродни феномени. Тоа е "комуникација со виши сили", "егзистирање на повисоко ниво на свеста", или - престојување во други светови, на некој од седумте "локи", од кои најпримамлива е Брахма-лока, или Кришна-лока, каде животот трае 12 пати по 100 години, но сепак и таму завршува.  
 
Претераното посветување внимание на совршенството на телото преку јога, вежба и исхрана, е губење на драгоценото време што е потребно за очистување на душата. Привидното совршенство води во суета, самозадоволство и гордост - која пак, е изворот на сите зла, заради која и сатаната паднал од небесните висини. Наместо љубов, се стекнува самољубие. 
Плодовите на медитацијата со времето се покажуваат као лажен мир - мир кој е во главата, а не во срцето. Таквиот „мир” медитантот го прави неприроден и отуѓен од својата суштина. Од оваа умствена прелест /измама/ човек тешко се извлекува, зашто со непрекинатото изговорање на мантра, со концентрирањето на јантра и мандала, ги повикува демоните и потврдува дека постојано е во врска со нив. 
 
А, посакуваната нирвана е празнина и ништост без Бога! Без вистината! Без љубов! Без цел и надеж! Бесмисла и пекол...
6. Пратено од Dragan, на 30-06-2008 11:15
Дали е јога кога поповит седат во удобна положба во скапи џипови(полесно ќе помине низ иглени...)и длабоко медитираат возејќи се низ градот без да ги приметат обичните бедни граѓани кои едвај врзуваат крај со крај и кои својот последен динар ќе и го остават на црквата со надеж дека понекогаш некој од поповит ќе се покрене од својата удобна полжба и без да им земе пари ќе поразговара со нив и ќе го подели својот обилен ручек со нив.
7. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 08-07-2008 23:40
ne mozam da se slozam so lugeto sto ja podrzuvaat jogata,ne deka veruvam poveke vo Boga od niv,tuku za vezbi na r'betot ima mnogu podobra medicina ili masaza,plivanje,7 poznati vezbi koi vo vojska gi imame pominato,za devijkite neka gi prasat momcinjata,nego da se zeme poveke da porabotime na sebe a jogata ili habardoviot centar e samo odalecuvanje od Boga.mozeme da postime,da se molime na Boga,da odime na liturgii da se pricestuvame no sosema sme vo zabluda ako novite dojdenici na veri i zdrastveni lekari ja iskoristuvaat slabosta kaj lugeto vo ovie teski vreminja.Neka dade Gospod sila i mudros kaj site nas AMIN
8. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 09-07-2008 14:49
Tragajki po odgovorite za smislata na zivotot naidov na "prekrasnite odgovori" na istocnite religii . 
I se voodusevuvav od moite novi prijateli kolku naprednale vo vestinite na meditacijata .  
Kako toa meditiraa na cvekina ,go isfrlaa zloto od sebe a go vnesuvaa "dobroto" .  
Bea prepolni so umstvena mudrosti i smirenost .  
A vsusnost bea mnogu otsutni i otseceni od realnosta. 
Na tie sto naprednale vo meditacijata uste togas mi bese cudno sto ne mozev da im poglednam vo oci. 
I jas posle nekolku procitani knigi dobiv zelba da napreduvam vo znaenjata .  
Site predupreduvanja deka toa ne e vo red i deka moze da e opasno,deka ima mnogu slucai lugeto ednostavno da pobudalat gi smetav za smislena neosnovana antipropaganda. 
Se dodeka eden od novite prijateli sosema ne go izgubi razumot i toa go osetiv direkno na svoja koza .  
Vo svojata izbezumenost imase i strasni zakani po mene .Odese od krajna euforija i optimizam do krajna depresija. Toa bese dolgo vreme kosmar za mene . 
Spolaj mu na Gospoda zakanite ne se ostvarija a covekot go vidov posle godina dena i bea jasni posledicite od lekarskite terapii. 
Slava mu na Gospoda sto me otrezni od moite zabludi i na cudesen nacin mi go pokaza patot kon svetosta .Gospod da mu pomogne i na zabludeniot prijatel da gi trgne temite oblaci okolu nego. 
Osven Hristoviot pat nema drug ispraven pat . Moja preporaka e i tie sto odat na joga i od zdravstveni pricini  
da pobaraat drug nacin da go resat svojot zdravstven problem .  
Slava ti Gospode kako na neboto taka i na zemjata ,sega i vo vecni vekovi Amin !

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 3
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели