Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Полезно и Потребно arrow Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (III дел)
Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (III дел) Испечати Е-пошта
sv.efrem.sirin1a.jpg

за секој час во текот на денот и ноќта


11 час

bogorodica.sv.andrej.jpgТи знаеш, Владетелке, дека во мене нема надеж за спасение, бидејќи добороволно ги уништив своите душа и тело, од рана младост станав некорисен сосад; во сé јас бедниот му следував на Велијар; и во помислите, и во постапките свои; и тој се досега ми ја притиска вољата, секојдневно ми плете замки....
Стекнав навика на грев, и само од време на време ми доаѓа на мисла да се оттргнам....Од се срце давам страшна заклетва на Синот Твој и Бог, извикувајќи: Прости ми ги Господи, гревовите мои! Отсега ќе престанам да грешам пред Тебе!
Голема е долотрпеливоста Твоја, Христе Животодавецу!
 О, Владетелке, како ли само трпи Синот Твој, гледајќи ги моите постојани клетворушења и лага, на кои им нема мера во мене беднинот! Колку во мене има неплашење, каква немарност! Само што ќе го дадам ветувањето, веќе веднаш се одрекувам од него; кон поголем и поголем грев тежнеам, и никако да дојдам на себе.... Поради тоа, помогни ми, Пречиста Владетелке, не допуштај да станам посед на лукавиот. Направи ме слуга на Синот Твој и достоен сосад на Сесветиот Дух! Спаси ме, Севоспеана, како што Ти самата сакаш и знаеш. Дај ми само да Те прославам Тебе, и со сета душа и од сето срце да Ти воскликнам: Радувај се, миру и радост на луѓето! Радувај се рају на насладата! Радувај се, дрво на животот! Радувај се, тврдино на верните, пристан на злопатниците! Радувај се, повторно повикување на Адама! Радувај се, искупување на Ева! Радувај се извору на благодатта и бесмртието! Радувај се , запечатен сосаду на Светитот Дух! Радувај се, најбожествен храму! Радувај се, престолу Господов! Радувај се, Беспрекорна, Ти си ја смачкала главата на змијата! Радувај се, прибежиште на измачените од работа! Радувај се, откупу од клетвата! Радувај се, затаоа што во Родениот од Тебе си јавила радост на светот!
Радувај се, Мајко на Христа, Синот на Живиот Бог, Кому Му доликува слава, чест и поклонување, сега , секогаш и во сите векови! Амин.

12 час

Родот човечки Богородице, кој во Тебе стекна Застапничка пред од Тебе родениот Бог, зависи од Твоето посредување и има заштита во Тебе, бидејќи Ти имаш слобода кон Синот. Затоа и јас со пламено срце прибегнувам кон Тебе, и не осмелувајќи да Му пристапам на Синот Твој, јас од Тебе молам за спасение: спаси ме со Твоето посредување!... Слушни го Твојот слуга, кој сета надеж своја по Бога ја полага на Тебе, и помилувај го Твојот служител, Мајко на човекољубивот и милосрдниот Бог! Избави ме од осудена совест, згасни ја жарта на сластољубието и разгори ја во мене љубовта кон Синот Твој и Бог; огради ги моите чувства од непристојни желби. Те преколнувам: нека ми биде дадено време за покајние, смртта нека не ме порази мене неродниот, и да не бидам на огнот предаден како оној кој не принесува род. Запали го угасениот светилник на мојата душа, растерај го мракот на моите невољи, развеј ја маглата на страстите со молитвите Твои. Дај  ми ја светлината на покајнието; упати ме кон скрушеност; удостој ме во сите денови од животот свој да Му угодувам на човекољубецот Бог!
Додека се наоѓам во овој живот, Владетелке, Ти закрилувај ме и штити ме: кога пловам – плови со мене, кога странствувам – прати ме во скитањата, кога спијам – закрилувај ме, и сите мои патишта чини ги леки. А кога мојата душа ќе излегува од телото, Ти дојди кај мене, Владетелке, стишај ги моите патења, олесни ги моите страдања, а на мојата бедна душа покажи í го патот кон вечните населби.....Нека не ме сретнат мрачните сили и не ме одвелачат на дното од пеколот! Да го здогледам Судијата милостив! Преку Тебе, Богоневесто, да се избавам од вечниот пламен, да се насладувам со рајската утеха во Троица и да го добијам Небсното Царство!
Заштитен од Тебе, ќе Те возвеличам и ќе Те прославам, затоа што Ти стана заштита на родот човечки. Сите народи Те нарекуваат блажена, Дево Владетелке Богородице, надеж на сите христијани.
Од мене Твојот смирен слуга избркај го мрзоволието, заборавноста, незнаењето, неработата, суетата, прељубата, блудот, стомакоугодувањето, сите зли помисли на моето сирото срце и од мојот помрачен ум. Ослободи ме од сите луди тежнеења, зошто јас сум немоќен, а Ти си пославна од сите смртни, како Мајка на Христа Бога нашиот, кому Му доликува секоја чест и поклонување низ сите векови. Амин.

13 час

Пресвета Владетелке Богородице, Ти си радост на поробените, застапничка на оние на кои неправда им е сторена, помош на беспомошните, сила на слабите, стап на слепите, спасоносен водач на заблудените, свет  ковчег со кој сме спасени од гревовниот потоп, несогорлива капина која ја виде Боговидецот Мојсеј; златна кадилница од која Бог Словото, откако го запали телото, ја исполни вселената со благомирис; Богонапишана табла; седумсвеќен свеќник, чие што светлење го надминува сјаењето на сонцето; света скинија која ја изгради духовниот Веселил; сад кој во себе ја смести манната; запечатен извор, чии чисти води ја напојуваат вселената; процветан жезол Аронов; росоносно руно на Гедеон; Богонапишана книга, поради која обврзницата Адамова е скината;  гора Божја, на која Господ благоизволел да пребива; свет Есеев корен; град Божји за кој славни работи се кажуваат; прекрасна по природа; недостапна за прекори; сместилиште на сецелата суштина на Божеството; дар поскапоцен од секаква драгоценост; украс побесценет од сите убавини; вратата на Езекил која гледа на исток (Езек. 40 , 6); усвитените клешти кои ги виде Исаија (Ис. 6,6), неотсекливата гора на Данаил, гора прекриена од доблести (Авак. 3,3); преукрасено обиталиште на Божјото снисходење; измирување на светот, пресвет рај, насаден во Едем; живописно дрво, благомирисна роза, невенлив цвет, пребел крин; слика на девството; Богоистакен порфир; најјасно исполнување на секое прроштово; незамолкна уста на апостолите, увереност на непобедливите победоносци, оснажување на властите*, пофалба на свештениците, простување на согрешенијата, смилостивување на праведниот Судија, обновување на мојата душа и тело, спасение мое, утеха моја, живот мој, виделина моја, увереност моја, опоравуавање мое, прибежиште мое; заклон, снага, веселба, сласт, тврдина, ограда, оружје, заштита, слава, тишина, мир, славопој, радост, благослов, сидро, изобилство, роса, светиња; избавување од тагата; преосветување и осветување на мојата душа, откуп од моите гревови, мое одморање во Бога; воздржание, беспрекорност, јунаштво, здравоумие, слобода, пристаниште, ризница, висина, крепост, убавина, расудување; вечна добивка, зацвстување во покајанието, мое незаспивливо застапништво пред Бога!... Ти ја гледаш мојата вера и мојата восхитена љубов, и бидејќи си сострадална и моќна, како Мајка на милосрдниот Бог, прими ја мојата сејадна душа. Со завземањето Свое, удостој ме да бидам од десна страна на Синот Твој и Бог и да пребивам со избраните и светите Негови. Не лишувај ме од Твоето застапништво, бидејќи за должник свој го имаш Оној кој рекол: Почитувај си ги татко ти и мајка ти (Мт. 19,19). Јас се потслонувам на Тебе, бидејќи навистина по тело си го родила вистинитиот Бог, Кому Му доликува секоја чест и поклонување, со беспочетниот Отец Негов, пресветитот и благиот и животоврниот Дух, сега секогаш и низ сите векови. Амин.

*царевите во оригиналот

14 час

Макјо Божја, Ти си над секое разбирање! О, Дево, Ти си го надминала секое девство, затоа што до раѓањето на Овоплотениот Ти беше девојка повеќе од сите девојки, а таква остана и во самото раѓање и по раѓањето!
О, Дево, природата човечка, која некогаш беше отстапила од Бога, преку Тебе по законот на неискажливото чоекољубие се соедини со природата на Божеството така што Ипостасот не претрпе ни слевање ниту промена!
О, Дево, ние кои после помирувањето, поради зависта на лукавиот, не ја исполнуваме својата должност, преку Тебе  го смилостивуваме кон нас Синот Твој и Бог. Тебе, Владетелке, те молам, Тебе те преколнувам, милосрдна и човекољубива Мајко на милсрдниот и човекољубивиот Бог: Заштити ме во овој час, бидејќи потребна ми е Твојата заштита. Јас сум обиталиште на сите по душата убиствени страсти. Мене ме мачи стравот од неизбројното мноштво мои гревови. Кое од сетилата свои не ги осквернив јас бедниот? Со какви се не помисли не си ја упропастував јас душата своја? Со што се не умот мој не беше пленет? Мојот страстен, слаб, недобар ум, кој постапувајќи заедно со виновникот на злото, го облекува во слики и му придава извесна стварност на она што никогаш всушност не го видел или чул.
Не отфрлај ја Владетелке, моајта понизна молба; и биди ми избавителка, за можам спасен со Твојата благодат, да Те прославувам и да ја славословам Троица во сите векови. Амин.

Издание на Манастирот на Светите Ќелии кај Ваљево


Подготви: М.Б

 

Bogorodica.soHristos.jpg Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (II дел)

 

bogorodica.ikonostas.jpgСвети Ефрем Сирин - Молитви кон Пресвета Богородица

 

 

 

721


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

20/11/2008 - четврток

Светиот маченик Јерон со дружината;
Преподобен Лазар Галасиски;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно