логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Семеен православен молитвеник

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат „Семеен православен молитвеник“, кој го подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.

За дистрибуција на книгите (Житијата и Семеен православен молитвеник) можете да се информирате на:

e-mail- pravoslavniknigi@gmail.com
или: о. Боро Милчев, тел. 071 213 000

Повеќе...

Житија на Светиите

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во  Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец август во тврд повез.

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
e-mail: pravoslavniknigi@gmail.com 
или: о. Боро Милчев, тел. 071-213-000

Повеќе...


Светски ден на културното наследство

 



Скопје, 18 април (МИА)
- Светскиот ден на културното наследство денеска се одбележува на тема „Културните предели и спомениците на природата“, на иницијатива на Меѓународниот комитет на споменици и локалитети (ИКОМОС), а Македонскиот комитет се вклучува во одбележувањето на 18 Април со свечена седница и форум-предавања во Центарот за култура во Битола.

Културен предел или пејзаж е нов термин во светската категоризација на материјално културно наследство, но поради ревалоризацијата на законите во Република Македонија, кај нас се уште нема дефинирано културни предели. Тоа може да бидат и археолошки локалитети, а меѓу критериумите по кои тие ќе се избираат се нивната исклучителна важност и природниот амбиент.

Македонија има респективна традиција, со наталожени повеќе цивилизациски слоеви, културни, етнички и конфесионални влијанија, многубројни и со векови стари артефакти и музејски експонати. Но, од земјата каде што секоја педа е археолошко наоѓалиште и секој камен - историја, на листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО Охрид е единствен македонски примерок, прогласен во 1980 година. Од пред четири години на тентативната листа на УНЕСКО се Слатински Извор и Маркови Кули, кои за да бидат заштитени од УНЕСКО треба да имаат досие со обемна фактографија и хеликоптерско снимање. Министерството за животна средина и просторно планирање го почна досието за Марковите Кули. Според Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО, организацијата на ОН сега има построги стандарди и критериуми отколку пред 27 години кога на листата беше регистриран Охрид.

Но, УНЕСКО помага преку соработка и донации за истражување, заштита и афирмација на македонското културно наследство. Во моментов тече проектот за објавување на четиритомна публикација „Културното наследство на Македонија“, која треба да биде отпечатена до крајот на годинава. УНЕСКО донираше 50.000 евра за овој проект, чиј носител е Управата за заштита на културното наследство. Првиот дел од публикацијата е посветен на македонските цркви, вториот на спомениците од отоманскиот период, третиот дел се однесува на археолошките локалитети во земјава, а четвртиот раскажува за Охрид како град на УНЕСКО. На Венециската конференција во 2005 година е основан фонд за заштита и промоција на културното наследство, во кој главен донатор е Италија. Со средства на италијанската Влада се истражуваат локалитетите Хераклеа, Скупи и Стоби.

На Скопско кале минатиот месец почна систематското археолошко истражување од кое се очекуваат наоди што ќе сведочат за постоењето на различни културни периоди на овој локалитет во главниот град. Тоа е крупен проект од областа на културата што го финансира Владата, која намени 2.250.000 евра за 2007 и за 2008 година. Археолошкиот материјал е наслоен во десет метри длабочина и содржи остатоци од праисторија, од првата населба во четвртиот милениум п.н.е., времето на античките Македонци, Илирите, железното време, од периодот на Јустинијан (5 и 6 век), од среден век и турскиот период (14 век).

Раководителот на проектот проф. д-р Драги Митревски смета дека за македонската наука е значајно ако се успее просторот на Калето од излетничко место да биде преобразен во она што заслужува. - Зашто овој простор е концентрација на се што значи живот, историја и културна вредност во Скопје и тој мора да биде археолошки простор. Ресторанот да биде во служба на Калето, а не обратно, вели Митревски.

Актуелизацијата на националното богатство ги развива културните индустрии - од културното добро прави економски профит, а од културниот локалитет - туристичка атракција. Вложувањето во културното наследство има повратен ефект на општиот развој, земјите со најголем број споменици на културата се и често посетувани дестинации и се економски развиени. хс/дма/9:26

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Чествување на спомениците на природата
 
Националниот комитет на ИКОМОС треба да изгради партнерски однос со локалната самоуправа за да се зачуваат спомениците на културата во општините, вели Лазар Шуманов, секретар на Националниот комитет на ИКОМОС

 

„Културни предели и споменици на природата“ е темата со која светот денеска ќе го одбележи 18 Април - Меѓународниот ден на културното наследство. Кај нас свеченоста ќе ја организира Македонскиот национален комитет на ИКОМОС, Меѓународен совет на споменици и места, организација при УНЕСКО. 
Свечената седница ќе се одржи денеска во Центарот за култура во Битола. Ќе се одржи и форум на кој експертите ќе дебатираат на тема „Опстанокот на недвижното културно наследство во услови на современите предизвици од 21 век“.

Светскиот ден на културното наследство во земји од светот различно се прославува. Најчесто, секоја институција со своја програма го чествува културното наследство. Се организираат посети на споменици и локалитети, на јавните места се поставуваат билборди со повици за заштита на културното наследство, експерти за културното наследство одржуваат прес-конференции, се организираат дискусии, изложби, се одржуваат промоции на книги, списанија, научни трудови за културното наследство, се пуштаат во употреба реставрирани објекти.

Според Лазар Шуманов, секретар на Националниот комитет на ИКОМОС, овој специјален ден дава можност да се подигне јавната свест и грижата за културниот диверзите, напорите да се заштити и конзервира наследството и да се нагласи неговата ранливост. Шуманов на вчерашната прес-конференција објасни дека културен предел или пејзаж е категорија на материјално културно наследство која пред три години е воведена во светската наука, но не е вградена во нашиот Закон за заштитата на културното наследство.

- Тоа значи дека Република Македонија нема дефинирано културни предели. Од ревалоризација на законите зависи и донесувањето на предлог-листата на културни предели. Нивната исклучителна важност и природниот амбиент се критериумите според кои тие треба да се избираат - рече Шуманов.

Тој потенцира дека е значајно Националниот комитет на ИКОМОС да изгради партнерски однос со локалната самоуправа за да се зачуваат спомениците на културата во општините.

Меѓународниот комитет на ИКОМОС годинава по 25 пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на културното наследство. На 18 април 1982 година, на одржувањето на симпозиумот на ИКОМОС во Тунис, било нагласено дека Денот на културното наследство треба да се прославува секоја година во целиот свет. Извршниот комитет на ИКОМОС го усвоил предлогот, а УНЕСКО го одобрил на генерална конференција.

Годинава ќе биде одбележан уште еден јубилеј - 35 години од донесувањето на Конвенцијата на УНЕСКО за светското наследство.

Шуманов нагласи дека е значајно Меѓународниот ден на културното наследство да се одбележи како меѓународна солидарност за да се зајакне и спаси наследството на целиот свет.
 
Весна Ивановска



Comments   

0 #1 дасдаса 2015-04-02 15:58
Нема ништо за тоа што е светски ден на културата :-|
Quote

Add comment

Security code
Refresh


Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (20.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.05.2017)

 Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.05.2017)

   Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ѝ Ликиниј беше малечок цар. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.05.2017)

Светата маченичка Пелагија Тарсиска     17/05/2009 Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но богати и прочуени. Кога слушна од христијаните за Христа, таа се разгоре со љубов кон Спасителот...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.05.2017)

Светите маченици Тимотеј и Мавра Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиавидскиот намесник...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.05.2017)

Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул Во времето на царот Адријан (117 г. – 138 г.) незнабожецот Катал ги купи како робови овој Еспер, жена му Зоја и нивните...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.05.2017)

Светиот пророк Еремија Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.05.2017)

   Светиот апостол Јаков Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.05.2017)

   Свети Василиј Острошки Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.05.2017)

      Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира Тие двајцата беа од Седумдесеттемина апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.05.2017)

 Светиот апостол Симеон   Еден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.05.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.05.2017)

 Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да...

« »

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Беседи

Митрополит Методиј Златанов -  Во водата на Силоам

Митрополит Методиј Златанов - Во водата на Силоам

Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и...

Митрополит Европски Пимен - За стилот и јазикот на проповедта

Митрополит Европски Пимен - За стилот и јазикот на проповедта

Моето размислување за тоа каков треба да биде стилот на проповедта започнува со една теологумена за тоа како би се развивала мисијата на Божјата Црква ако Христос избереше поинаков стил...

Беседа за прoклeтствoтo на чoвeк кoј сe надeва на чoвeк (22.05.2017)

Беседа за прoклeтствoтo на чoвeк кoј сe надeва на чoвeк (22.05.2017)

Кoга чoвeк сo срцeтo ќe oтстапи oд Гoспoда, тoгаш тoј, oбичнo, сe надeва на луѓeтo и вo сeбe, бидeјќи на кoгo тoгаш би сe надeвал кoга вeќe гo oдврзал свoјoт...

Јустин Ќелијски - Евангелието на жената Самарјанка

Јустин Ќелијски - Евангелието на жената Самарјанка

 Под вода жива Господ мислел на Духот Свет. И кога со неа го напоил светот, кога Светиот Дух слегол врз Апостолите, тогаш луѓето навистина започнале да пијат жива вода, вода...

Митрополит Струмички Наум - ЖЕНАТА САМАРЈАНКА (13.05.2017)

Митрополит Струмички Наум - ЖЕНАТА САМАРЈАНКА (13.05.2017)

Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето...

Слово на Архиепископот изречено на промоцијата на СОВЕТИ И РАСКАЗИ ОД КЕКАВМЕН

Слово на Архиепископот изречено на промоцијата на СОВЕТИ И РАСКАЗИ ОД КЕКАВМЕН

Своите погледи Кекавмен ги презентира врз база на сопственото искуство, „без да ги систематизира во согласност со некое определено учење.“ Евангелските завети и личното искуство се двата основни ориентири во...

Митрополит Струмички Наум - Цветници (09.04.2017)

Митрополит Струмички Наум - Цветници (09.04.2017)

Предавниците се секогаш фарисејското свештенство, распнувачите и убијците се секогаш световната држава, а Богочовекот Христос се Неговите верни (Црквата) кои правилно растат по степените на духовниот развој. Нема ништо ново...

 Цветници - Митрополит Тетовско-гостиварски Јосиф (09.04.2017)

Цветници - Митрополит Тетовско-гостиварски Јосиф (09.04.2017)

Овој празник, како што вели еден современ епископ на Црквата, е полнота од образи и парадокси. Во него се мешаат, радоста и тагата, свеченоста и едноставноста, небесното и земното, вечното...

Среда од првата недела од Великиот Велигденски пост (01.03.2017)

Среда од првата недела од Великиот Велигденски пост (01.03.2017)

Зарем можеме да ги споредиме Светата причест со Богојавленската вода. Суштината и врвот на нашето духовно живеење е причестувањето со Светата Причест односно примањето на Самото Тело и Крвта на...

„Да го поминеме Постот со богоугодни дела“

„Да го поминеме Постот со богоугодни дела“

Човекот е повикан да собира наследство што ќе има вредност не овде земјата, ами во Царството небесно, кое Самиот Христос, со Својата крстна жртва и Воскресението, повторно го отвори за...

о. Горан Стојчевски - ФОРМАЛИЗМОТ ВО ПОКАЈАНИЕТО

о. Горан Стојчевски - ФОРМАЛИЗМОТ ВО ПОКАЈАНИЕТО

Немањето соработка меѓу теоријата и праксата, е резултат на несоработката меѓу душата и телото, и во тој случај благодатта која и го чини и самото простување, и самото покајние, та...

о. Горан Стојчевски ПОКАЈАНИЕТО КАКО ПРЕВЕНЦИЈА

о. Горан Стојчевски ПОКАЈАНИЕТО КАКО ПРЕВЕНЦИЈА

Но, милоста Божја е неизмерна. Љубовта распната на Крстот за секој од Адам до последниот роден од жена (без разлика на нашиот избор кон Крстот – прифаќање или отфрлање) е...

« »

Потешкотии во молитвата

Унинието е духовна зачмаеност, а мрзливоста е нешто што се однесува и на душата и на телото. Но најдобро е кога го нема ни едното ни другото. Унинието и мрзливоста понекогаш се лепат и за души кои имаат многу предиспозиции за духовен живот, кои се чувствителни, ревносни.

Ѓаволот не му прави толку зло на рамнодушниот човек, додека, пак, чувствителниот човек, ако поради нешто се нажали, потоа веднаш го обзема униние.

Повеќе...

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Премин (119/120)

Православен календар

23/05/2017 - вторник
Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Добредојде Православие.мк

Св. Тајна Евхаристија, храм св. Георгиј

Последни коментари

Времето на овој гнил свет

Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и од најблиските; ќе станат странци еден на друг. Братот ќе го предаде барата си, пријателот ќе го предаде својот пријател, власта – својот народ, народот – своите пратеници, секој секого, бидејќи љубовта ќе ја нема… Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа. . Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Личноста на Исус Христос

А тука, на Земјата, Тој станува Некој Кој не само што може да се именува, туку може да се именува со човечко име, да се нарекува Оној Кој со нас ги носи тежините на животот... Во тој центар е поставена оската на христијанството. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная





Cevitana