Полезно и Потребно
Свети Ефрем Сирин - Молитви кон Пресвета Богородица
| Свети Ефрем Сирин - Молитви кон Пресвета Богородица |
|
|
за секој час во денот и ноќта Час први
Те преколнувам, Родителке на Незалезната Светлина, слушни што ќе Ти кажам: јас бедникот во глиб тонам; со мноштвото гревови ја осквернив земјата, и ми се чини: земјата стенка и со воздишки покажува на мене кон неподмитливиот Судија, повикувајќи ги за сведоци и сонцето и небеснот свод со ѕвездите....бурата на моите мисли веќе ме потпоува во очајание; мојата душа со трепет пристапува очекувајќи ја пресудата. Сета моја надеж е во Тебе, Богородице! Час трети
Дево Владетелке, Богородице, Ти во утробата си го носела Христа Бога Спасителот наш, - на Тебе сета надеж ја полагам, во Тебе се надевам, бидејќи Ти си над сите Бестелесни Сили. Чувај ме, Пречиста, со својата божествена благодат; раководи со мојот живот, согласно со светата воља на Синот Твој и Бог наш. Дарувај ми отпуштање на гревовите, и биди ми прибежиште, закрила, заштита и патеводителка во живот вечен. Во страшниот час на смртта не оставај ме, Владетелке; туку поитај ми на помош и истргни ме од рацете на демоните мачители. Час четврти Дево Владетелке Богородице, знам дека сум недостоен да ја гледам Твојата икона, затоа што Твојата душа и тело се чисти, и Ти со право треба да се возгнасуваш од мене. Но, бидејќи од Тебе Родениот Бог поради тоа и стана Човек да ги повика грешниците на покајание, затоа прими ја мојава исповест за мноштвото тешки согрешенија, и моли Го Синот Твој и Бог, да и покаже милост на мојата бедна душа. Големото мноштво беззаконија ми смета кон Него погледот да го подигнам и сам од Него да молам за простување. Откако се насладив со мноштвото дарови од Бога Создателот мој, нас неблагодарникот сé заборавив. Сиромашен сум во доблестите, а богат во страстите; исполнет сум од срам и осуден од Бога. Мене ме оплакуваат Ангелите, ѓаволите ми се потсмеваат, совеста ме изобличува, моите сопствени постапки ме срамотат; пред смртта сум мртовец, пред судот сум од себе самиот осуден, пред бесконечното мачење јас се измачувам од очајание. Затоа и прибегнувам кон Твојата брза помош, Владетелке Богородице! Снизи се кон смирението мое, Пречиста; сожали се на немоќта моја Беспрекорна! Пред Родениот од Тебе, Ти имаш голема слобода, каква што никој друг нема. Ти можеш се како Мајка Божја, и ништо не е невозможно за Тебе, само ако Ти го посакаш тоа. Не презирај ги моите солзи и ридањата мои! Не отфрлај ја тагата на моето срце! Не оставај ја празна мојата надеж на Тебе! Со Твоите молитви повикај го милосрдието на Синот и Бог Твој и удостој ме мене, несреќниот и недостојниот слуга Твој, да ја добијам првобитната убавина душевна, да ја отфрлам од себе грдоста на страстите, од гревот да се избавам, да се преклонам пред правдата, од корен да го искорнам сластољубието и да се облечам во светињата на бестрастието, да умрам за светот и да оживеам за доблеста. Биди ми сопатничка кога патувам, и прати ме кога пловам; укрепи ме кога бдеам, чувај ме кога спијам, утеши ме кога плачам; охрабри ме кога сум потиштен, избави ме кога сум навреден, ослободи ме кога сум наклеветан, подигни ме кога сум немоќен; победи ги бесовите кои војуваат против мене и помагај ми во смртна опасност, секојдневно покажувајќи ме страшен за видливите и невидливите непријатели, за сите тие да знаат дека јас сум слуга Твој, Богомајко, која Бога и Царот на сите си го родила, Кому Му доликува чест поклонување низ сите векови. Амин.
Од изданието преведено од руски на Архимандритот Јустин Поповиќ Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Божествена Литургија во Дортмиунд (08.11. 2008) |
| OTEC PIMEN,SE RADUVAME SH... |
| 20/11/08 12:50 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| OTEC GAVRIL,SE RADUVAME S... |
| 20/11/08 12:22 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Мислам дека п... |
| 20/11/08 12:14 Повеќе... |
| Од m. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| Отец, те позна... |
| 20/11/08 09:21 Повеќе... |
| Од Орце |
| Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против або... |
| SITE,AMA SITE DA JA STAVI... |
| 20/11/08 09:12 Повеќе... |
| Од DUCI |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 20/11/2008 - четврток |
Светиот маченик Јерон со дружината; |
Преподобен Лазар Галасиски; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |