Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Житија arrow Не врзувај го своето срце за ништо друго, освен за Бога (св.Теофан Затворник).
Не врзувај го своето срце за ништо друго, освен за Бога (св.Теофан Затворник). Испечати Е-пошта

За изладувањето на срцето       

  crkva.zime.jpg

Живеењето со Бога не е зависно од нас. Бог сам наоѓа душа и í дарува бодрост и внатрешна слобода. Ако Бог се оддалечи од неа, таа останува празна и осиромашена: но да Го поврати Него назад не е во нејзина моќ. Бог се оддалечува за да ја испита душата, или пак за да ја казни за нејзини извесни внатрешни грешки. Ако ја испитува, тогаш Он на нејзиниот повик бргу се враќа. Но, ако се оддалечува заради казна, тогаш Он остава ја долго да чека, сè додека душата да ги согледа своите грешки, да ги исповеда и да се покае.

Некогаш настанува изладување, кога душата во молитвата, во читањето и Богоосознавањето многу се напрегнува, па ќе почувствува потреба за мир и за прекинување на својата напорна дејност. Таквата состојба треба да се прифати зашто таа е минлива. Изладување на подолго настапува само ако постојано се живее во страстите и упорно се останува во грев.

Заладувањето е горчлива состојба и е полна со опасности. Неговиот извор очигледно го прават гревовите или невистинските мисли, лошите чувства и склоности. Пред сè се изладува срцето, молитвата пресушува преку празнословие, презафатеност и многугрижливост, расеаност, саможивост и страсни движења: преку неумерено јадење и пиење, преку сетилноста, преку осудувањето на другите, а пред сè – преку гордоста и самоувереноста. Кога некој не ги забележува своите грешки, тоа е знак дека се наоѓа во сатанска состојба: ѓаволот никогаш не ги гледа и не се кае за своите гревови. Но човекот се кае во смирение и затоа Бог го сака (монах Анатолиј Оптински).

Испитувај се себеси при секое изладување, да не е твоето срце врзано за нешто страсно, или да не си подлегнал на самоуверението и мислиш дека си нешто повеќе од другите. Или, можеби да не бараш - во суетна самодоверба – сам, преку сопствени средства да достигнеш совршенство? – Тоа се најчестите причини за изладувањето. Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш. На изладувањето обично му претходи некаква врзаност на срцето. Штом срцето или умот за нешто страсно се врзат, враќањето во себе е оневозможено. Тогаш потребно е срцето по секоја цена да се оддели од соодветниот објект. Зашто секое страсно врзување за луѓе и за предмети одделува од Бога.

Затоа ревнувај за своето спасение и чувај се најстрого од изладување; тоа започнува со заборавеноста. Ги забораваме Божјите добрини и Него Самиот, ја забораваме сопствената состојба, ја забораваме опасноста од живеење без Бога, ја забораваме и смртта; целата духовна област во нашиот живот се затвора, исчезнува. А кога сè ќе заборавиме, тогаш срцето се изладува и чувството за духовност пресушува. Покрај тоа, прво се запоставуваат духовните активности, а потоа сосема се отфрлаат. Запаѓаме во нечувствителност, невнимание и површност; Го забораваме Бога, смртта и Страшниот суд и му служиме само на своето сладострастие. Тоа е празен живот (свети Теофан Затвореник).

Извор: Повардарска епархија

3085

 


Е-пошта

  Коментари (4)
1. Пратено од Дарко, на 10-05-2008 01:08
Ова е вистина. Господи Исусе Христе, Сине Божји, направи да бидам достоен за Тебе Боже.
2. Пратено од Билјана, на 13-08-2008 10:53
Многу поучен текст. Ви благодарам ми помогна да разјаснам некои дилеми во себеси.
3. Пратено од aneta, на 17-08-2008 22:51
Gospodi Isuse Hriste,Sine Bozji,pomiluj me mene gresnata,napravi da bidam dostojna za Tebe
4. Пратено од Da, на 18-08-2008 08:33
"На изладувањето обично му претходи некаква врзаност на срцето. Штом срцето или умот за нешто страсно се врзат, враќањето во себе е оневозможено. Тогаш потребно е срцето по секоја цена да се оддели од соодветниот објект. Зашто секое страсно врзување за луѓе и за предмети одделува од Бога. 
"

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 19
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно