Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Друго arrow Со благослов на г.г.Стефан, педесет деца од Македонија ќе го посетат Израел (22.02.2008)
Со благослов на г.г.Стефан, педесет деца од Македонија ќе го посетат Израел (22.02.2008) Испечати Е-пошта

 

 Педесет деца на загинати бранители, деца без родители, деца македонски богослови, студенти на Теолошкиот факултет во Скопје и членови на Детската амбасада за сите деца во светот во почетокот на март ќе го посетат Израел и светиот град Ерусалим.

 

Патувањето го организира Детската амбасада за сите деца во светот со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и со поддршка од Комисијата за прашања на верските заедници и религиозни групи на Македонија. Генерален спонзор е Агенцијата за млади и спорт. Претстојната посета на Ерусалим, ќе се оствари под мотото „Каде што почнува светот со граници таму завршува нашето детство“. Децата ќе ги поминат државните граници без патни исправи и ќе бидат легитимирани преку членски легитимации на Детската амбасада за сите деца во светот.

 

Теологот Далибор Китановски на прес-конференцијата истакна дека групата ќе ги посети знаменитостите во Ерусалим - Ѕидот на плачот, Патот на солзите, Крвната нива, Ерусалимската порта, Голгота, Базиликата Светиот гроб, Џамијата Ал Акса, Црквата на воскресението, како и Витлеем, Ерихон, Мртвото Море, реката Јордан и стариот град Јафа.

 

- Со тоа ќе ги видиме и доживееме сите оние места и случувања кои се опишани во Стариот и во Новиот завет. Не треба секогаш да им зборувате на децата за љубов и за верата, некогаш тоа е доволно само да го доживеат, а тоа е поголемо и од зборот. На крајот од патувањето сите учесници ќе добијат сертификат потпишан од Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети, рече Китановски.

 

Со одобрение на семејството на Тоше Проески кое го пренесе неговиот другар Петар Здравески, и по негова желба децата на Гробот на Исус Христос ќе положат маички со ликот на Тоше и осветени ќе си ги земат. По враќањето делегација предводена од Детската амбасада ќе го посети домот на Проески и вечното почивалиште на Тоше.

 

Извор: МИА
 


Е-пошта

  Коментари (2)
1. Пратено од danaila, на 04-03-2008 20:23
pomolete se za mene tamu,deca mili
2. Пратено од TVman, на 12-03-2008 06:54
Све е ок, ама откако Јанко Јади Бурек го изрекламира настанот двојно повеќе имаше прашања, посетители,... things that makes you go hmmmm :roll

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 8
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели