Полезно и Потребно
БРОЈАНИЦИ
| БРОЈАНИЦИ |
|
|
|
Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно го негуваат православните монаси. Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат иа сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Тие се прават од чиста овча волна, што не потсетува дека сме словесни (разумни) овци на Добриот Пастир, Господ Исус Хритос, Кој, и самиот како Јагне Господово пострада заради нас и не избави од вечната смрт. Бројаниците се прават со рзличен број на јазли. Така, најмалата е составена од 33 јазли, додека поголемите: од 50, 100 или 300 јазли. Според едно старо предане, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е ден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете. КАКО ДА СЕ МОЛИМЕ СО ПОМОШ НА БРОЈАНИИЦА
Освен молитвите што се наоѓат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, Црквата Христова благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат. Највообичаена молитва, која се кажува "на бројаница" е таканаречената ИСУСОВА МОЛТВА која гласи: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ МЕ ГРEШНИОТ! или во скратена форма: ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ МЕ! ИСУСОВАТА МОЛИТТВА е најважна молитва за секој христијанин. Таа, според црковните правила може да ги замени сите други молитви кажани дома. Затоашто е осветета со самото име Христово, таа, во нашето срце внесува божествена благодат и неискажлив душевен мир, кога често ја повторуваме. Многу православни христијани толку многу навикнале на неа што постојано ја изговараат, па дури и кога спијат затоа што, кога човек навикне на неа таа посганува механизам што се одвива како на пр. процесот на дишење. Најголемата сила на оваа молитва се состои во самото име на ИСУСА ХРИСГА, кое истерува од нашето срце секаков немир. Освен ИСУСОВАТА МОЛТВА, христијаните рдовно се молат и на Пресветата Богородица светителите на следниот начин: ПРЕСВЕТА БОГОГОДИЦЕ, СПАСИ МЕ ГРЕШНИОТ СВЕТИ (името на светителот), МОЛИ ГО БОГА ЗА МЕНЕ ГРЕШИОТ. Со помош на бројницата можеме да се молиме и на нашите ближни или својот народ, и тоа на едннствен начин: На првиот јазол од бројаницата ги кажуваме следните зборови: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ ГО (чедото, народот) СВОЈ (името или повеќе имиња од списокот) а на другите останати јазли не го спомнуваме името или имињата за кои се молиме туку само велиме: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ ГИ СПОМНАТИТЕ ТВОИ ЧЕДА.
Исто така можеме да се молиме и за нашите упокоени роднини и иријатели:
Многу е корисно наутро и навечер да се одвои одредено време за молитва. Светиот апостол Павле ни препорачува "да се молиме постојано", Секако, кога сме во друштво не мохеме да се молиме на ист начин како кога сме сами. Кога сме во друштво не треба да привлекуваме внимание со нашата молтва, туку внимателно, едноставно молчејќи, да ја изговараме молитвата следејќи ја со незабележително вртење на бројаницата. Молитвата во себе можеме многу лесно да ја кажуваме движејќи го јазикот при затворена уста и со мислите да ги следиме зборовите од молитвата. Накратко кажано, можше да се молиме секогаш и на секое место, а за тоа да не знае никој освен Бог, на Кого Му се молеле. Секое привлекување внимание со нашето молење не е во духот на вистинската молигва. Молењето треба да се извршува во покајание и смирение, скромно и тнвко "во тајната одаја од срцето наше". Кога сме на молитва, Светите Отци забрануваат било какво мечтаење или замислување на слики. Нашето внимание треба да биде насочено во зборвите од молитвата. Тоа се постигнува со упорно вежбање, но и со бавно кажување на зборовите од молитвата, а не со брзање, со цел да се постигне одредениот број на молитви. Бог ја исполнува само онаа молвтва, која е кажана со внимание н смирение. Сепак, потребното вниманне тешко се постигнува, затоа се препорачува молитвата да се кажува и во моменти кога сме расеани. Ваквиот начин го навикнува умот на постојана молитва. Постојаната молитва, е слична на водните капки, шго непрекинато паѓаат на камен и прават длабнатина во истиот.
Бројаницата. во моментот кога не ја користиме, можеме да ја чуваме во џебот, а ако е мала - на раката. Не е убаво да привлекуваме внимание со бројницата. а посебно не да се игра со прстите. Таа служи исклучибо за молитва, а не за играње или украс. Затоа, браќа и сестри, да се молиме на нашиот Спасител Господ Исус Христос и неговите светии за себе и за нашите ближни, како би добиле благодат во овој краток земен живот од Светиот Дух, и би се удостиле со вечната награда на небесата, Господ секогаш е со нас, на секое место, и посгојано не учи дека царството небесно е внатре во нас - во нашите срца. А тоа значи, дека треба секогаш да бидеме со Него преку МОЛИТВАТА и другите свети добродетели. Важно е да знаеме дали нашата молитва поткрепена со подвизи, правејќи ги преку постот, милостињата и другите добри дела, му е мила на Бога. Многу е опасно да се бавиме со молитва без почесто исповедување на своите гревови пред духовникот илн парохискиот свештеник. Исто, неопходно е смирение и трпение кон своите домашни и колеги на работа. Бог не ја прима секоја молитва, посебно не на човек чија совест е обременета со злопамтење и омраза кон ближниот. Господ не учи најпапред да се измириме со братот свој, а потоа да му принесеме жртва, Ако некој не разгневил или ни направил некоја неправда, добро е пред почетокот на својата молитва да се помолиме со зборовите: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ ГО ТВОЕТО ЧЕДО (името иа оној кој ни згрешил) И МЕНЕ ГРЕШНИОТ. Навистина не е возможно да се добие ни една христијанска особина без благодат од Бога и неа ја добиваме првенствено преку молитвата. Затоа МОЛИТВАТА Е ЦАРИЦА НА СЕ ШТО Е ДОБРО И КОРИСНО ЗА НАШАТА ДУША таа воедно не вознесува и соединува со БОГА.
Со благослов на игуменот на Светата Бигорска обител Посети: 1526 Е-пошта
|
||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Божествена Литургија во Дортмиунд (08.11. 2008) |
| OTEC PIMEN,SE RADUVAME SH... |
| 20/11/08 12:50 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| OTEC GAVRIL,SE RADUVAME S... |
| 20/11/08 12:22 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Мислам дека п... |
| 20/11/08 12:14 Повеќе... |
| Од m. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| Отец, те позна... |
| 20/11/08 09:21 Повеќе... |
| Од Орце |
| Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против або... |
| SITE,AMA SITE DA JA STAVI... |
| 20/11/08 09:12 Повеќе... |
| Од DUCI |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 20/11/2008 - четврток |
Светиот маченик Јерон со дружината; |
Преподобен Лазар Галасиски; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |