логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Рождество на Пресвета Богородица

 

Во разгорената печка халдејска, со помош Божја од Духот поросена, младите момчиња пееја: Благословен си; Боже; на нашите татковци.
Го празнуваме; Чиста; и на твоето свето раѓање верно му се поклонуваме; пеејќи Му на твојот Син; преку Кого сега се избавивме од древната осуда Адамова.

Повеќе...


Патување кон вистината


Елена Ончевска

 

Средба со режисерот Златко Славенски



Разговор за неговите понови проекти, но и најава на следното од него, постановката на култната Соларис.



Во Папокот на светот, како и во Војаџер, станува збор за патување по скалите кон небесата, односно во вселената, како своевидно патување кон самите себе. Славенски се согласува: „Да, во Папокот... главниот лик патуваше кон себе, наоѓајќи ја љубовта. Кога ќе ја најде љубовта, ќе се најде себеси, ќе ја најде смислата на нештата, ќе влезе во баланс со сé што го опкружува. Во Војаџер патувањето само по себе е смисла. Фокусот е на тоа да се најде сила во себе да се отиде во пространства што дотогаш не биле освоени, а тоа значи да се биде жив. Патувањето е еднакво на живеење.“   


Тој го гледа патувањето како „смисла на ниво на личност.“ Зборува за теоријата за патот на светлината: „Сите светлосни одрази, наши и на минатите цивилизации, некаде патуваат, само нема физички инструменти тоа да го видиме. Тоа патување на светлината е метафора за патувањето на човекот: ако патува, ќе биде како светлината, ќе ја осознае вистината.“


Продолжува: „Нашиот живот е патување, прашање е колку сме свесни за тоа. Патуваме и после смртта. Патуваме кон дома. Краткорочни сме, ама во нашиот дух сме долгорочни. Даден ни е тој благослов.“
Во време кога толку многу се инсистира на комотност, која луѓето сакаат да ја толкуваат како небрежност или мрзеливост во секој поглед, за жал и во духовен, патувањето сфатено во најширока смисла (значи, првенствено кон самите себе) сé повеќе добива димензии на отпадништво. Славенски додава: „Таквите патници се во исто време највеличествени, пример за луѓето. Се обидуваат да ги најдат патоказите во име на другите. Таа карактеристика ја имаат светците. (...) Битката со самите себе е најважната битка. Проблемот е што немаме патокази, или не ги забележуваме.“

Го потсетувам на ставот на познатиот Хундертвасер дека движењето на сé живо е базирано на принципот на спирала: постојано се движиме во спирали и се враќаме во истата точка но секогаш на различно ниво. „Да,“ вели, „движење во спирала, но нагоре. Секогаш е вертикала во прашање... Во прашање е избор.“

Пред изборот дали и како ќе го употребиме нашиот потенцијал за трагање по вистината, која секогаш е во нас но доволно длабоко за да мораме да ја жртвуваме комотноста на секојдневието, Славенски не се двоуми за својот избор. Решен да трага и понатаму (проектно, но пред сé лично), за десетина дена во рамките на Охридско лето го поставува капиталното дело на полскиот автор Станислав Лем, Соларис. Човекот кој не престана да работи со истиот творечки интензитет кога театарот минуваше низ турбулентен период, исто толку интензивно живее и во време кога се разнишани елементарните човечки квалитети. Не престанува да верува во потенцијалот на луѓето да се издигнат над својата падната природа: „Човечкиот дух мора да преживее. Прашање не е дали тоа ќе се случи, туку само кога.“ А ако негов критериум за добра претстава е искреност и непресметливост во обраќањето кон публиката, нема причини да мислиме дека и Соларис нема да биде барем исто толку моќна претстава, која во исто време поместува и сериозно замислува.
  



 Хундертвасер, Големиот пат




Хундертвасер, Сребрена спирала 
 


Хундертвасер, Спирално дрво






Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1219
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1765
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1174
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (23.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.09.2019)

 Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во хрситијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат...

Од Верскиот календар на МПЦ (22.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.09.2019)

Тропар на светите, глас2. Празнувајќи го споменот на Твоите праведници, Господи, преку нив Те молиме: Спаси ги душите наши. Светите Јоаким и Ана Свети Јоаким беше син на Варпафир, од...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.09.2019)

   Рождество на Пресвета Богородица   Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов....

Од Верскиот календар на МПЦ (20.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.09.2019)

  Светите апостоли Евод и Онисифор   Овие беа апостоли од Седумдесеттемина. Евод го спомнува Свети Игнатиј во своето Послание до Антиохијците со голема пофалба. Евод му беше ученик на Светиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.09.2019)

  Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил     19/09/2010 Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.09.2019)

Светиот пророк Захарија     Таткото на Свети Јован Предвесник. Син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.09.2019)

Светиот свештеномаченик Вавила   Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува Свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.09.2019)

Светиот свештеномаченик Антим     Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана,... имаше љубов кон сите,...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.09.2019)

Светиот маченик Мамант     Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка...

« »

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 380
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 277
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 377
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Беседи

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

« »