Светиот Јован Шангајски е Христов апостол, угодник, пастир, литург, светител, просветител, ревносен мисионер, автетичен сведок и примо – предавач на апостолското предание помеѓу емигрираните Руси и сиот Божји народ.
Роден е на 04 јуни 1896 година во малата населба Адамовка (Харковска губернија), во православното благочестиво семејство на Борис и Глафира Максимович, со крстено име Михаил. Бил воспитан во вистински христијански дух, а особено се интересирал за историјата на својот народ.
Своето прво образование го здобил во Полтавскиот Кадетски Корпус, а истото го продолжил на Правниот факултет во Харков, каде се преселил со своето семејство и се запознал со о. Антониј Храповицки (Харковски архиепископ и нивни голем семеен пријател и духовник). Средбата била клучна и од големо значење.
Целосно, прочитајте го житието на свети Јован Шангајски тука. Во продолжение, ви го предложуваме новиот филм на студиото „НЕОФИТ“ од едицијата Старци. Јован Шангајски:
[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=3skoNrxh_84[/youtube]
ИзворЧ Преспанско- пелагониска епархија
Светогорскиот монах, Ефрем (Мораитис) за првпат дошол во Америка во 1972 година, по покана на своите духовни чеда. Тој разговарал со луѓето, ги поучувал, утешувал, проповедал... Чувствувајќи ја потребата на американците од живото слово на Евангелието и нивната потрага по вистински духовен живот, старец Ефрем почнал да отвора, еден по еден, машки и женски манастири во разни региони на САД и Канада. Неговиот прв манастир, на свети Антониј, е основан во 1995 година во безводната и сушна пустина во Аризона. Живеалиште на старец Ефрем и неговите ученици биле четири приколки. Денес - тоа е цветна оаза, која по бројот на посетителите, манастирот на св. Антониј се наоѓа на 2 место во државата, во малку отстапувајќи пред Великиот Кањон.
[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=bB8pEqjypJQ[/youtube]