Прославено Раѓањето Господово во Соборниот храм во Скопје
ХРИСТОС СЕ РОДИ! СЛАВЕТЕ ГО!
ХРИСТОС СЕ РОДИ! СЛАВЕТЕ ГО!
На 06 јануари, денот спроти Рождеството Христово, по завршетокот на златоустовата литургија, во литија и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, во соборната црква пристигнаа неколку илјади православни дечиња. Во црквата ги пречека Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во својата кратка беседа кон дечињата, претстојателот на нашата помесна Црква им се заблагодари затоа што Го воспеваат и прославуваат Богомладенецот,
Ние луѓето сме создадени за благодатна заедница со Бога, и од искона ни е дадена можноста себеси и сето творение непрестајно да Му го принесуваме на Творецот. Но нашите прародители, поради гревот, отпаднаа од таа заедница и, заменувајќи го богољубието со самољубие, Го заборавија Бога, па човекот започна да живее само за себе. Но бидејќи без Бога нема живот, обезбожениот свет се наполни со омраза и со неизвесност и настана бесмислена борба на секој против секого. Човекот застана дури и против својот Создател!
1. За оние што се радуваат во Божикниот пост – Протопрезвитер Артемиј Владимиров
2. Подготвени ли сме за Божик? – Августин, Митрополит Лерински
3. Свети Антониј Велики како образ за подражавање – Протопрезвитер Георгиј Папаварнава
Во недела на св. Богоотци кога се празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец и Свети праведен Јован Кронштатски, отец Александар Димоски отслужи сеноќно бдеение во сослужение со отец Павел Крцоски и ѓакон Христијан Костоски, во велелепниот храм на Св. Троица.
Отец Александар не поучуваше со неговото боговдахновено слово: „Времето пред Божик е благословено време.“
Откако ги совладавте душевните страсти со силата на Словото, станавте управници на земјата на халдејските народи, бидејќи добродетелта знае да им додели почести на оние што ја имаат, мудри потомци на племето Давидово!“ (песна од канонот на Утрена во Недела на светите Праотци).
Иконата на св. вмч. Георгиј е насликана во Струга, од зографот Јован, кој потекнувал источно од Кавала. Ктитор на истата бил рефендарот на Охридската архиепископија, кој исто така се викал Јован. Овие основни податоци се наоѓаат во записот на задната страна на иконата. Овој запис е читан од двајца историчари на уметност, односно, од Фрањо Баришиќ и Гојко Суботиќ, но ѝ претстои и прочитување и од македонски специјалист, коешто прочитување, се надеваме дека, во најскоро време ќе биде и публикувано.
По Литургијата, во манастирот, во организација на Македонската православна младина на Австралија (МОYА) се одржа Македонскиот православен духовен семинар на тема: „Православната црквата во современиот свет (проблеми, решенија и предизвици)“.Предавачи на семинарот беа: игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) и презвитерот Владо Недески (старешина на храмот „Света Петка“ – Рокдејл),
Кинонија (Заедница) е списание за православна вера, култура, воспитание, образование и наука. Идејата за создавање на едно вакво дополнително списание како периодика во склоп на епархискиот гласник „Православие“ произлезе од потребата на македонските верници во дијаспората, односно во Австралиско – сиднејската епархија, кои пројавуваат интерес за православни теми и прашања, како и за важни настани од животот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).
На 19. 12. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Свети Никола, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, архимандриот Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.Свештенството заедно со верниот народ пред почетокот на Литургијата свечено ги пречекаа светите нетлени мошти од свети Игнатиј Богоносец и на свети Василиј Велики,
Деновиве, по повод празникот на Раѓањето Христово, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, во издание на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, с. Василево, Струмичка епархија, излезе од печат сликовницата „Божикна песнарка“, во која се вклучени црковни и традиционални божикни песни за децата да го најават Раѓањето на Богомладенецот во домовите на верните.
Пред три години, во месец март 2014-тата година се радувавме на првиот број од епархиското списание на новоформираната Тетовско-гостиварска епархија, а денес повторно ми претставува голема чест и задоволство, како надлежен архиереј, да Ви го претставам новиот број на списанието „Огледало“, кој по милоста Божја е посветен на големиот јубилеј „50 години возобновена автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска православна црква (1967 – 2017)“.
Денес, на празникот на Светите Тивериополски свештеномаченици – заштитници на градот Струмица, во црквата „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. На Литургијата молитвено и евхаристиско учество имаа Митрополитот Струмички г. Наум и Епископот Велички г. Сиониј од Бугарската Православна Црква.
На денот кога Македонската православна црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога - СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите Преспанско - пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско - гостиварски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент отслужи Архиерејска Литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје...
Оној кој се смета за почеток на нашата црковна историја, сега според календарот го ставаме и на крајот од присетувањето за таа црковна и духовна историја“. На свечената академија присуствуваа архиереи, свештенослужители, декани, професори, членови на дипломатскиот хор и личности од културниот и политичкиот живот, а свое обраќање имаше и Претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Зоран Заев.
На 6 декември во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во село Драчево започна овогодинешното прославување на патронот на нашата Богословија и Црква - светиот Климент, Охридскиот Чудотворец. Прославата започна со празнична вечерна богослужба во драчевската црква посветена на Вознесението на Господ Исус Христос. На вечерната, на која присуствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,
Секогаш кога доаѓаме во манастирот на св. Климент, Охридскиот Чудотворец, се допираме до нашите духовни корења, и тоа, не само до корењата на Македонскиот народ, туку, и до корењата на останатите словенски народи. Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, којашто е од епохално значење, немаше да суштествува ако истата не беше продолжена од св. Климент во Охрид.
Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нe учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него... Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо за земните.
Според природата, молитвата е сопостоење и единство на човекот со Бога. Според дејството, таа е одржување на вселената, помирување со Бога, мајка на солзите и нивна ќерка истовремено, смилостивување за гревовите, мост со којшто се преминуваат искушенијата, панцир кој штити од секоја мака, разбивање на демонските напади, служба на ангелите, храна на сите бестелесни,
„Православие“ претставува православно списание, кое сoдржи најразлични современи духовни теми, кои се поврзани со православната вера, култура и образование, кои се најнеопходни во црковната мисија за просветлување на православниот човек во Австралија. Исто така списанието содржи најнови вести од епархискиот живот. Тоа е плод на веќе низата проекти на Епархискиот црковно – просветен совет при епархијата.