логоFacebookTwitterYouTubeeMail

На 19.04.2019 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски, посветен на Лазаревото воскресение.

Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Некои мислат дека Господ страдаше заради Својата љубов спрема човекот, но бидејќи тие самите таа љубов не ја наоѓаат во својата душа, мислат дека тоа било некогаш одамна. Но, кога душата ќе ја познае љубовта Божја преку Светиот Дух, тогаш таа јасно чувствува дека Господ ни е Татко, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и дека нема поголема среќа од тоа да се љуби Бог со сиот ум и со сето срце,

 

Да, Господи, Ти Кој нè собра по Твоето  благоволение од краиштата на земјата, направи да бидеме навистина едно семејство што живее со едно срце, со една волја, со една љубов, како еден човек, по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам.  Вечерва ги исполнавме овие зборови на светито старец Софрониј.

На 7 април 2019 година, на празникот на Светото Благовештение, во Неделата на свети Јован Лествичник, Митрополитотот Европски г. Пимен, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, отслужи Света Златоустова Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, а во присуство на многуброен православен народ. Пригодна беседа одража викарниот епископ Јаков Стобиски.

На 07.04.2019 година, во Неделаата на св.Јован Лествичник, а на празникот Свето Благовештение, во храмот на Св Ѓеорѓиј  во охридското село Врбјани,отец  Александар Димоски во сослужение на ѓакон Павле Малинов отслужи света Василиева Литургија, на која верниот народ  се причести со  Светите Христови Тајни.

Без дух на покајание, без опит на вистинско послушание, никој не може да стане вистински богослов или свештеник, што значи, личност способна да ги поучи другите на вистинскиот христијански пат.

Како кандило светлоносно кое што на помрачените им се јави, Светата Дева ја гледаме: зашто оган невештествен палејќи, сите во мудрост Божествена ги води, со блесок умот го просветува и честена е со восклици вакви: Радувај се!
Од Акатистот на Пресвета Богородица

Во Крстопоклона недела во денот кога  промислила Светата Црква, та речиси при самиот крај на секоја седмица од ова наше патување низ светата четириесетница, да разговараме со  Пречистата Богородица и да го примаме нејзиниот благослов во манастирот на Плаошник, о. Љупчо Бакрачески и о. Александар Димоски  принесоа Венец на пофалби кон Мајката Божја.

Sample ImageРуската амбасада и Повардарската епархија денес организираа промоција на книгата за царското руско семејство Романови „Љубовта е посилна од смртта“, книга која е издадена од издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Оваа промоција се одржа во Музејот на Македонската борба, а се организираше во спомен на 100 годишнината од убиството на царското семејство Романови. На настанот говореа амбасадорот на Руската федерација, Неговата Екселенција г-дин Сергеј Баздникин  и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Како некогаш богобојазливиот старец Никодим, така и сега преподобниот Јоаникиј преку молитвата со Христа тајно беседи. Жеден за вечноста, од суетата на светот се откажа и се- која земна наслада како ништожна ја покажа. Монашки подвиг 

Од сите чудеса Христови, вели св. Јован Дамаскин, најпрекрасен и најдостоен за восхит е Неговиот чесен Крст. Оти со ништо друго, туку само преку него смртта беше победена, прародителскиот грев уништен, адот ограбен, нам ни се дарува Воскресение, ни се даде сила да ја презреме мачната сегашност па и самата смрт, ни се врати првоначалното блаженство, и отвори вратата на Рајот, нашата природа седна оддесно на Бога, а ние станавме чеда Божји и наследници. Затоа, крштевајќи се во името на Исуса Христа, како што вели Апостолот,...

Господ Исус Христос вели: „Без Мене не можете да направите ништо." (Јн. 15, 5), а светиот апостол Павле појаснува: „Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи." (Филип. 4, 13). Без Божја помош не би можеле да ги практикуваме добродетелите кои до сега сме ги правеле. Радоста на воскресението и надежта за ветеното Царство Небесно и живот вечен во незалезниот ден на Христовото блаженство, ни даваат сила уште сега, на земјава, да ги совладуваме секојдневните пречки и

На Тебе, Која неракоплетениот венец го исплете за светот, Ти песнословам воскликнувајќи: Радувај се, Дево, на сѐ сохранилиште и засолниште, укрепување и свештено прибежиште;
    Извору на секоја радост, облагодати ја помислата наша, да Ти повикуваме: Радувај се, капино несогорлива, облаку пресветол, кој верните непрестано ги осенува!

Sample ImageСо благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Велики руски старци“. Станува збор за едно капитално дело во кое се содржани житијата, чудесата и духовните поуки на сите руски светители и подвижници. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на м-р. Александар Ѓорѓиевски.
Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

http://mpcaus.org/wp-content/uploads/2019/03/IMG-7de50fe01641d07c85be3ef820b55096-V.jpgНа 24. 03. 2019 година, во Неделата од втората седмица на Великиот пост – Недела на свети Григориј Палама, кога го прославуваме споменот на светиот Софрониј Ерусалимски и светиот маченик Пиониј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени (Василиеви) Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во средата од третата седмица од Великиот Пост, 27 март 2019 г., во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Литургија на Претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

nednasvgrigpal2019 1 Во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештеникот Миле Алексоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски..

Следниот ден, 24 март 2019 година, во црквата „Св. Григориј Палама и св. вмч. Димитриј“, по архиерејската Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот епископ Стобиски г. Јаков, започна свечената литија со иконата, по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. 

На 22 март 2019 година, на денот на чествувањето на светите Четириесет Севастиски маченици, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на викарниот Епископ г. Јаков, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Четириесет Севастиски маченици“, во с. Банско, Струмичко. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

« »