логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Свечен собир по повод 125-годишнината од раѓањето на Арсениј Јовков, публицист и револуционер, учесник во Илинденското востание, ќе се случи денеска во Друштвото на писателите на Македонија.
Настанот е дел од Програмата на Собранието на Република Македонија за одбележување значајни настани и истакнати личности во 2009 година.
Пригодна реч за животот и делото на Јовков ќе одржат академик Гане Тодоровски и проф. д-р Валентина Миронска-Христовска.
Арсениј Јовков (1884-1924) бил посветен на повеќе области во културата, а најмногу на журналистиката. Тој е и првиот македонски филмски сценарист и според негово сценарио е снимен документарниот филм Македонијаа во 1923 година. Автор е и на сценариото за игран филм Илинденн.
Настанот е во организација на ДПМ и на Институтот за македонска литература.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie