логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ИНФОРМАЦИЈА

 vozdvizenie.jpg

По големиот интерес на струмичани за филмските екранизации на Кнут Хамсун изминатиот викенд во Струмица, Тивериополската филмска алијанса продолжува со организирање на активности од областа на филмската култура и уметничките дисциплини.


На 21 декември (понеделник), со почеток од 19 часот во НУЦК Антон Панов - Струмица, ТФА ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на билингвалниот драматичар и нобеловец од ирско потекло Семјуел Бекет. Во рамките на овој овој своевиден омаж, ќе се одржи проекција на Бекетовиот ФИЛМ во режија на Алан Шнајдер со Бастер Китон во главната улога. Притоа, ќе има клавирска придружба во живо, во исполнување на проф. Даница Стојанова. На настанот ќе му претходи краток осврт кон најновото македонско книжно издание од Бекет, приредено од  Владимир Јанчевски.


Овој блок на активности на Тивериополската филмска алијанса на автентичен начин ќе биде заокружен на Божиќ, со претставување на првите кратки филмови за Исус на Фердинанд Зека.

Инаку, ТФА беше предлагач и е носител на концептот за одбележување на 70-годишнината од раѓањето на Ристо Шишков во 2010.

 vozdvizenie.jpg

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie